Класична Музика

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Да ве прашам :) Сите се делите на рапери, металци, трансери и шо ти знам... е сеа дали има некој шо слуша класика??? Мене оваа музика искрено многу ми праи мерак... башка е ептен на ВРВ на уметноста и музиката! Преферирам метал, но има и метал музика што има класични елементи! Но во никој случај не би стаил НИШТО од метал музиката над класиката! Барем на уметнички план! Па ја лично им се дивам на класичарине! Тоа е нешто невероватно! Секоја чест!
Може да се каже дека и таму и таму сум. Прва музика која ја преферирам е трансот, а после неа е класичната музика. Класична музика слушам секој втор ден по 1-2 часа. Композитори чија музика доста ми се допаѓа... Samuel Barber и Howard Shore.
 

antitalent

idiotizam i renesansa....
Член од
22 јануари 2009
Мислења
182
Поени од реакции
6
uf me pogodi:D jas obicaaaaaaaaaaaaaaaaam klasika :D:D
a pokram so sviram metal sviram mn i klasiki najbolje se jes da ne se lesni za svirenje ama se se uci:D:D
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Ептен .. ЕПТЕН утнат поим е Класика ..
Сите ја мешаат Класиката со ренесансната и барокната музика , а всушност само Моцарт , Бетовен и Хајдн се класичари. Останатите си се само уметници во зависност од периодот.
Знаев дека ќе ги смешаат класичарите со општо музиката во минатото .
Поимот Класика се однесува на периодот Класицизам (18 век) , кога се творело според одредени правила .
 

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Дефинитивно најдобра музика за опуштање, барем според мене. Преферирам Бетовен и Чаиковски, но слушам и други, најмногу од барокот. Јас како што многу тешко заспивам, штом си пуштам класика заспивам како јагне :).
Од Бетовен, Moonlight Sonata(стварно незнам како е на македонски) ми е омилена. Едноставно...прекрасно
 

antitalent

idiotizam i renesansa....
Член од
22 јануари 2009
Мислења
182
Поени од реакции
6
Да ве прашам :) Сите се делите на рапери, металци, трансери и шо ти знам... е сеа дали има некој шо слуша класика??? Мене оваа музика искрено многу ми праи мерак... башка е ептен на ВРВ на уметноста и музиката! Преферирам метал, но има и метал музика што има класични елементи! Но во никој случај не би стаил НИШТО од метал музиката над класиката! Барем на уметнички план! Па ја лично им се дивам на класичарине! Тоа е нешто невероватно! Секоја чест!
e za ova sakam samo da ti kazam neso ima edno cudo se vika neo classical metal e toa e klasika u ekstremni slucai zemi slusni ke vidis premnogu e virtuozno!!!
jas edno vreme barav lugje za ova ama ne najdov:(
 

BoogieMan

#%$!
Член од
24 август 2006
Мислења
364
Поени од реакции
19
Malmsteen FTW бичиз!!! хахах се зезам. Ја врло многу Бах, Вивалди, Моцарт, Вагнер, Бетовен и Паганини си ги слушам.... језда има и многу многу други шо ги слушам овие најмногу, сите песни горе што ги ставија плус уште каприците на Паганини 24ката 5ката 13ката и 16ката и многу други.

BTW Blind, класика кај нас се знае за што се користи, од средновековна до денешна постмодерна све е класично се дур не е на MTV/VH1 или нешо такво. :salut:
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Преслушајте ја фугата од Бах, најголемата мистерија во музиката досега. За некои тоа е музика, за други фугата претставува математички проблем, затоа што исто како во математиката, во фугите постојат варијации и пермутации, па и најразлични прогресии претставени со ноти наместо бројки.
Moeто воопшто најомилено класично дело. Toccata & Fugue in Dm, па тоа не е ремек дело, тоа е божествено веќе!

Енергија, бес, жалост, трагедија... само слушајте, и буквално тонете во делата на Бах. Прекрасни се, мрачни, ама на некое вонземно ниво, да ти е мерак да слушаш.
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Класична музика е термин кој се употребува за музичката традиција која е непроменета и речиси дијаметрално спротивна на популарната музика на современата култура. Ова музика ги евоцира класичните традиции, се фокусира на формални стилови, се занимава со детална деконструкција и критика, и бара особено конценрирано вимание од слушателот. Ова музика е во сродство со, и често споредувана со, фините уметности и високата култура. Фактот што многи класични дела ја задржуваат својата популарност низ времето и се популарни и ден денес сведочи за неодминливиот квалитет на оваа музика. И порај тоа, неоспорно дека јавниот вкус за посветеноста и ценењето на ваквата музика има избледнето низ годините. Затоа класичната музика со себе носи и носталгичен квалитет.

Во задно време се повеќе и повеќе го слушам овој вид на музика.Убава пријатна музика која во секое време може да те релаксира и наврати на некои убави спомени од минатото.Мислам дека воопшто нема ни потреба да коментирам и да објаснувам дека класичната музика според многумина(па и според мене) е врв на уметноста.Просто се восхитувам на одредени композитори.
Не знам( а и не ме интересира) како е прифатена класичната музика низ Европа и Светот мегутоа кај нас се обрнува премалку внимание.За најголем дел од моите врсници класичната музика е слиување на ушите и служи за потсмев.Што е навистина трагично.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Malmsteen FTW бичиз!!! хахах се зезам. Ја врло многу Бах, Вивалди, Моцарт, Вагнер, Бетовен и Паганини си ги слушам.... језда има и многу многу други шо ги слушам овие најмногу, сите песни горе што ги ставија плус уште каприците на Паганини 24ката 5ката 13ката и 16ката и многу други.

BTW Blind, класика кај нас се знае за што се користи, од средновековна до денешна постмодерна све е класично се дур не е на MTV/VH1 или нешо такво. :salut:
Тоа е неправилна употреба на зборот .
Таква ни е културата, незнаеме да се информираме како поединци па што каже еден , сите викаат така.
 

BoogieMan

#%$!
Член од
24 август 2006
Мислења
364
Поени од реакции
19
Тоа е неправилна употреба на зборот .
Таква ни е културата, незнаеме да се информираме како поединци па што каже еден , сите викаат така.
Тачно, ама барем еден двајца си знаат. :)
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Тоа е неправилна употреба на зборот .
Таква ни е културата, незнаеме да се информираме како поединци па што каже еден , сите викаат така.
Не е само кај нас така, низ цел свет се користи терминот класична музика, иако не е правилно. Како и да е, мене повеќе ми се допаѓа барокната музика од класичната.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Хмммм класичната музика како што рече Блајнд би требало да се именува само оној период на класицизмот но... како што има име за дигитрон, пенкало и ред ред други изрази јас го оправдувам и овој.
Инаку за класичната музика... Започнав со слушање уште од мали нозе со попознатите композитори и поедноставните дела: (Моцарт, Хајдн, Бетовен) преоѓајќи во раната адолесценија (13 години) почнав со Шопен, Хендл, Дворжак, Чајковски (неговите симфонии поготово) па за да денес најомилени ми се Руската школа (Чајковски, Рахмањинов, Сметана, Римски Корсаков) и понекој од западните (Шуман, Лист, Холст, Бетовен (неговите сонати и нормално 9 симфонија), пак Шопен (ептен е за опуштање типот), Гершвин (иако повеќе мава накај џез)... има уште многу да набројувам. Намалку што сакам од класичната музика се оперите - премногу се долги и монотони според мене. Читам тука металци слушаат класична музика. Па една препорака: Бах и Вивалди ви е нешто као Металика во својот најголем подем. Брандребуршките концерти од Бах и „Музика на вода“ во комплет со „Кралскиот огномет“ од Хендл земете ги. Истотака и четирите годишни времиња од Вивалди.
За оние љубители на пиано сигурно чуле за Франц Лист, Фредерик Шопен, Сергеј Рахмањинов... Романтичарски настроени како и секогаш. Би ви ги препорачал валцовите и ноктурната за пиано од Шопен, апсолутно се` од Лист (малиов ептеен мава у живец), од Рахмањинов...2риот концерт за пиано и оркестар. Нешто што нема да утнете сигурно.
За оние што сега влегуваат или сакаат да влезат во класичната музика (ако има и такви) нека почнат со Моцарт и Бетовен... И двајцата се одлични за слушање, лесни, без многу трте-мрте. Моцарт со неговите вариации а Бетовен со неговата драматичност.
 
Член од
28 ноември 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Од Бетовен, Moonlight Sonata(стварно незнам како е на македонски) ми е омилена.
ednostavno prevedi meseceva sonata navistina prekrasno delo :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom