Класична Музика

Слушам се, ама преферирам од класицизам наваму...ај од романтизам уствари.
А инаку бирам опера пред симфонија.
 
Огромен обожавател сум на овој “жанр’’ на музика. Почнувајќи од Пачебел (мислам дека вака се чита) до Карл Орф и Хачатурјан. Најмногу од се го обожавам целиот романтизам и импресионизамот. Тука би ги одвоил
Лист, (све од него)
Шопен (мазурките негови)
Чајковски (1812 увертира, 6 симфонија - патетична, 1 конц. за пиано и орк.)
Мусоргски (слики од изложбата)
Рахмањинов (1 концерт за клавир и оркестар)
Моцарт (класицизам) (Реквием, другото му е малку досадно)
Бетовен (5 и 9 сомфонија)
Гершвин (Американец во Париз, Рапсодија во плаво - ова дело го обожавам)
Равел (с`е само болеро не)
Шуберт (незаршена симфонија)
Антонин Дворжак (9 симфонија - од новиот свет - и ова го обожавам)
Густав Холст (Планетите)
Хендл (музика на вода, Кралскиот огномет)

Сигурно сум заборавил некого.... Ај ке наведам поспецифична листа сега се вратив од журка па сум малку замајан
 
ја сакам класичната музика!...музиката е перфекција...ах мрачниот Бетовен колку ќејф ми прави :odlicno:...исто и Бах ми е мил за слушање...ја имам дома таа колекцијата од 16цедиња и знам да си пуштам и да медитирам....прекрасен е тој спој со себе и класиката...така можеш да се тешиш дека има нешто совршено за кое можеш да се фатиш....!
 
Денес бев на концерт на филхармонија. Човече не сум бил на сериозна музика преку 10 години кога веројатно сум ме носел некој. А секогаш сум имал афинитети кон класика.

Се свиреше Брамс и Хачатурјан(Ерменски композитор, за мене не многу познат, и веројатно избор на диригентот кој е исто така Ерменец, и се вика Едуард Амбарцумјан), но вистински аплаузи дојдоа после бисот кога се префрлија на далеку попознати дела па и атмоферата беше “предновогодишна“ па фалеше уште Радетски марш и да се фатиме сите за раце.
Општ впечаток, прекрасно... се потсетив на убави нешта... сакам пак :)
 
16 Forever Classic besplatno vo originalen audio format samo tuka:

[Едитирано од Скулгрл: не е дозволено објавување на линкови!]
 
ем слушам ем свирам класика.омилен ми е БЕТОВЕН
 
Поштувам мракови, а со нив и Бах, а може и понекад Шопен, малце трипи е со сета таа природа што ја доловува, али можам да слушам како и да е :wink:
 
Да ве прашам :) Сите се делите на рапери, металци, трансери и шо ти знам... е сеа дали има некој шо слуша класика??? Мене оваа музика искрено многу ми праи мерак... башка е ептен на ВРВ на уметноста и музиката! Преферирам метал, но има и метал музика што има класични елементи! Но во никој случај не би стаил НИШТО од метал музиката над класиката! Барем на уметнички план! Па ја лично им се дивам на класичарине! Тоа е нешто невероватно! Секоја чест!
 
И кога веќе отвараш тема напиши ги сите работи од кај тоа дошло и што е.Почетоци,историјат,развиток,стилови...бла бла бла.....Вака како што си поврзал нешто со метал јас ќе си помислам дека Ајрон Мејден свират некоја си класика. :toe:
 
И кога веќе отвараш тема напиши ги сите работи од кај тоа дошло и што е.Почетоци,историјат,развиток,стилови...бла бла бла.....Вака како што си поврзал нешто со метал јас ќе си помислам дека Ајрон Мејден свират некоја си класика. :toe:
Се мисли на калсиката од Бетовен, Чајковски, Моцарт... а да пишам историјат за класика не ми стига цел учебник по музичко... :smir:

И за класиката како уметност :)
 
Се мисли на калсиката од Бетовен, Чајковски, Моцарт... а да пишам историјат за класика не ми стига цел учебник по музичко... :smir:

И за класиката како уметност :)
Па дај препорачај нешто некое дело,да чуеме,едуцирај не малце :wink:
 
Многу ја сакам класиката, врвот на секоја музика. Омилен правец ми е барокот и најмногу уживам во песните на Бах и Вивалди. Еве некои мои фаворити:

Песнава е пометал од сите метал песни заедно. :vozbud:


 
Ете, Шедоу ми ја земал работата :) Ќе постирам и ја, бев да се бањам, ама за некое време коа нема да ме мрзи ќе стаам нешо :)
 
Преслушајте ја фугата од Бах, најголемата мистерија во музиката досега. За некои тоа е музика, за други фугата претставува математички проблем, затоа што исто како во математиката, во фугите постојат варијации и пермутации, па и најразлични прогресии претставени со ноти наместо бројки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom