СП Хрватска 2009 Македонија : Србија (28:32)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако тој излезе, кога ги немаме Алушевски и Мојсоски, тешко нас ќе биде.
А за тоа болдираното, кога си играл некој меч си дошол пример пред гол и онака ти паѓа концентрација, преморен си зашто си трчал ко коњ цело време а другите си го ладеле, ти доаѓаш да шутираш ама не погаѓаш.Се случува, не може да издржи повеќе човекот.Освен таа контра, Кире немаше други шанси.Пробуваше на другите да им овозможи, а не сам да шутира.Едвај 3-4 пати дали шутна.И еднаш сам беше крив кога го промаши пеналот.
Кире го утна пеналот да, а исто така имаше и кључна контра која ја утна!
Значи не плукам по одредени играчи не кажувам кој што како!

Едноставно денеска кога требаше да излезат најголеми мажи и да изгинат на терен тие играа како мали дечиња!
Психата ги уби!!

За тоа со примерот што го даваш било кој спортист кога е во напад и кога е пред гол/кош НИКОГАШ не размислува што да направи (не си вика во себе чекај сеа да шутнам или не) туку реагира инстинктивно односно како ке му дојде!
Тоа е разликата од блокираните во мозокот како нашиве, и сите останати репрезентации!

Нека ти текне само на потегот на Темелков со Норвешка кога сам пред гол му подаде на Алушевски а имаше чиста шанса! Е тоа ти е ментална блокада!
 
Обвини во ЕНF дека Србите несмеат да играат на Св. Сава зашто тогаш се непобедливи...
Не го познаваат. :toe: Ќе ми се изнасмеат у фаца кога ќе им спомнам за таква личност.
 
Единствен пост со кој се согласувам.Па погледнете само од кај доаѓа пола репрезентација кај нас и се ќе ви биде јасно.Па Лазаров го обвинувате.Прочитајте малку статистика,игра по речиси 50 минути по натпревар,кој може да издржи такво темпо,односно толкава минутажа во осум натпревари за десет дена.Темелков исто,54 минути по натпревар.Машина да е ќе се истроши.Гледајте малку натпревари од бундес лига од каде доаѓаат пола играчи на европсково,а потоа видете дуел од нашата лига и физичките дуели во него,па се ќе ви биде јасно.Можностите се тие,единствено на сите ни пораснаа апетитите после победите над Полска и Русија,но реално немаме сили и квалитет за полуфинале.Тука се надоврзуваат и повредите на клучни играчи,па нема простор за плукање и навредување на репрезентативците.
да, да, крив е лазаров зашто е прв стрелец на сп, криви се пола репрезентативци зашто играа со температура, скршен прст, скинат мускул, криви се зашто беа најблиску до полуфинале од било која друга наша репрезентација на едно сп . . . . . криви се
 
Разочарана:tapp:.

Аман заман,од каде толкава деконцетрација,па зарем не забележуваат каде е голот или треба да им го поместат малку полево/подесно?
Многу се опуштија во второ полувреме,имавме 6 разлика водство и иако на пауза имавме саом еден гол разлика,требаше да ја зголемиме,а не да ја намалиме разликата!
Многу празни шутеви,дури некои и неконтролирани,само колку да се мавне накај гол.Добро бе,зарем незнаат фластери и блокади да лепат како што лепеа со Полска и Русија?Зарем не научија дека треба да играат повеќе грубо а не толку лежерно?
Сами сме си криви за поразов,никој друг не треба да обвинуваме.
Повеќе успех нареден пат.
 
Браво, браво за сите вас
вие не сте навивачи:smir: Македонска репрезентација да не се бодри
се срамам од вас:tapp:

Не ви беше доволно тоа шо влеговме во 12 најдобри, кога победувавме тогаш знаевте се најдобро да кажете за нив а сега не...
Вие да играте на нивно место па да видите каков напор е после голема пауза од вакви натпревари да играте со толку добри противници
Освен Кире никој не игра во добар тим па за д аима одлична кондиција како останатите ракометари


Јас ке ги чекам гордо во Скопје и горда ќе сум на нив и ако се 12 место
они се моите херои:pipi:


i daj mu na site da ti go piknat po ednas :pusk::pusk::pusk:
vaka se igra nevikam ne vlegovme vo 12 najdobri i so trebase da izgubime od site?ajde od danska ocekuvano bese,so norveska nemavme sreka ama gledase ti deneska so pravevme nemozevme gol da dademe drva nevideni i borko go izgubi motivot 2to poluvreme
 
Не го познаваат. :toe: Ќе ми се изнасмеат у фаца кога ќе им спомнам за таква личност.

Го знаат они. Поранешен десен бек во Југопластика беше...
 
За тоа со примерот што го даваш било кој спортист кога е во напад и кога е пред гол/кош НИКОГАШ не размислува што да направи (не си вика во себе чекај сеа да шутнам или не) туку реагира инстинктивно односно како ке му дојде!
Тоа е разликата од блокираните во мозокот како нашиве, и сите останати репрезентации!

Нека ти текне само на потегот на Темелков со Норвешка кога сам пред гол му подаде на Алушевски а имаше чиста шанса! Е тоа ти е ментална блокада!

Тоа беше безрбетен потег.Не сакаше да промаши за да не го пцујат после.А тој негов потег не беше инстинктивен, туку размислувал што да прави:)
Значи и пред да шутира има еден момент да размисли, да го залаже голманот да тргне на грешна страна.За жал Кире се усра тогаш.
 
Обвини во ЕНF дека Србите несмеат да играат на Св. Сава зашто тогаш се непобедливи...

Да го мочам јас тој ваш Св. Сава...ми го отековте и ти и Зевсус со него...иначе непобедливи се против нас кога играат само поради тоа шо ние сме продадени души кога играме против нив а не дека се подобри од нас
 
За сите оние го*нојадци што се!!
-само знаат да критикуваат
-кога води Македонија им се шири дупето а кога губи зобрат само'тапаци,види го сам пред гол промашува,за џабе дошле тука и така натака

сватете дека ние го немаме квалитетот на Германиј,Данска,Норвешка итн..
ние сме 2 милионска земја,а Геранија и другите јаки европски државе се 50+ милиони и имаат повеќе таленти од нас така да и ова што се помеѓу 12 најдобри во свет е голем успех за оваа генерација прво светско за поголемиот дел од репрезентацијата(ако не и цел)така да...
:oeoeoe:НИЕДЕН ПОРАЗ НЕ ВИ СЕ БРОИ ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ:oeoeoe:
 
Највеќе мрзам ваков некој пост кога ке ми се појави експерт за ракомет!

Србија дали игра без 3ца кључни играчи од коишто нема ниедно лево крило? ИГРА!
На Србија пикерот го напушти првенството дека беше незадоволен!

На Србија тренерот си даде оставка уште пред 5 дена, само рече ке го доигра првенството!
Имаат друго лево крило,ако не забележа тоа е Чурувија,кој е помалку квалитетен од Никчевиќ,но сепак е одличен интернационалец и замена за него.Драгичевиќ си замина од првенството,но тој немаше никаква минутажа,ако се знае дака Николиќ е едно од најсилните оружја на србите.Средниот бек Анѓелковиќ се повреди,но тие го имаат Вукчевиќ на таа позиција,кој имаше одличен учинок.Клупата на Србија е далеку посилна од нашата и тоа е факт.
 
[zEUs];2151300 напиша:
Aко во прошлите натпревари судиите делумно беја криви, во овој натпревар не можеме нив да им га префрлиме вината за овја поразот... изигравмо реално многу слабо, правевмо невидено многу грешке а и невидено добри шансе не ги искористивмо... но цел натревар ми изгледаше некако премногу сумнителен, немаше ич жар во играта од двете стране а и судиете некако премногу добро судеја за разлика од прошлите натпревари и како секој да знаеше што треба да прави и што да одигра... се беше како на филм ама не знам од кого изрежирано...:jaj:

Точно! Судиите се виде дека судат коректно и мислам дека тоа се должи на фактот што беа од Словенија и на некој начин ја познаваа играта. Исто така мора да се признае дека немаше некои оштри стартови освен тој на Миркуловски.
Мислам дека на крај Србија покажа заби и одлучи токму бековската линија и нашите чисти промашени контри.
Како и да е ова беше големо искуство за сите треба да им се честита и најбитно да продолжи да се работи понатаму со репрезентацијата и да се градат нови играчи. Сега следат квалификации за ЕП 2010 и не смееме да се опуштиме во ниту еден момент, бидејќи доколку испуштиме едно големо натпреварување падот ќе биде неизбежен.
 
Да го мочам јас тој ваш Св. Сава...ми го отековте и ти и Зевсус со него...иначе непобедливи се против нас кога играат само поради тоа шо ние сме продадени души кога играме против нив а не дека се подобри од нас

Сарказам си чул?
 
За ова кај и да е ќе намине некој модератор.

Се разбирам малку повеќе од ракомет и многу повече од тебе. Сум тренирал ракомет и сум висел на натпревари цел живот. Србите денес беа свежи како јупи. Тренерот цел турнир ги ротира играчите затоа што има квалитетни замени. Без разлика кој ќе утрчаше на бековски позиции сите не полнеа.

Ние немаме бековска линија бе луѓе. После повредата на Мојсо немаме среден бек, со неиграњето на Раде изгубивме и лев бек. Имаме еден десен бек на кој му идат по тројца. Го изгубивме крилото Алушевски, Пикерот ни игра со температура и повреди, го изгубивме Велко Марковски во одбраната. Десеткувана ни е екипата. Немам намера повеќе да ти цртам.
За ова банално е да ти коментирам затоа што не ме ни знаеш ни ништо нема потреба да ти објаснувам.

Ако толку многу се разбираш во ракомет ке знаеш дека иако го загубивме Мојсо втор плеј во репрезентацијата ни е Миркуловски и тоа му е природна позиција и одигра многу добро против Кил и Барселона на таа позиција.

Пикерот убаво што игра со температура дечкото секоја чест само тој обели образ денеска имаше 5/5 ако не се лажам!

Ако веќе се вадиш ниеден спортист несмее да игра на таа карта дека имало повредени и слично, НЕСМЕЕ!

Кога водевме 6 гола Кире не беше уморен? Алушевски не беше повреден?
Факт е дека денеска изиграа како пички без грам срце!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom