Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Постои една клучна разлика кога се говори за ЕУ и НАТО. Имено:
1. Влегувањето во тие структури е апсолутна неопходност. Без нив не се може. Со сменето име се може.

2. Влегувањето во ЕУ и НАТО е важно, но не по секоја цена. Особено не по цена на идентитетот.

Се разбира, за вториот став да добие вистински на тежина, потребно е замрзнување на преговорите со Грција (а, истото, на неколку наврати, индиректно беше најавено)
vo statutot na site seriozni partii i na vladejackata partija megu prvite prioriteti im e integracijata vo EU i NATO .Sega zboram za 2 tocka sto ja navede, zosto ne se malku aktivira celiot ovoj proces .... neka Gruevski kaze javno i glasno ..Grcija e nepopustliva i nie ne mozeme da vlezeme vo NATO i EU poradi nea i zatoa vladejackata partija go promenuva statutot i veke NATO i EU ne e prioritet.Ili neka go stave na referendum i graganite neka odlucat.Toa moze i treba da go napravi Gruevski ako e odgovoren politicar a ne Makedonija da e vo status quo koja ovaa pozicija najmnogu im odgovara na Grcija.Nie treba da vodime aktivna politika a ne pasivna .Nie imame spor so mnogu Mokna zemja koja gi klekna na kolena USA i Bush ,na koja Sarkozi im e desna raka,koja drzi vo zaloznistvo i ima golemo vlijanie vrz cela Evropska unija.Morame malku da bideme realni,direktni i da si go odredime patotna ovaa nasa mala drzavicka
 
G

grande-juve

Гостин
Ова исто како 30 т.н. невладини организации на чело со Милчиновата во најновиот деенешен оглас во новините. Гледам ти си 31 невладина. Да не е мизерно би било тажно да пробувате да го лажете пак и пак народецов наш уморен од вашите континуирани обиди да му ја потценувате интелегенцијата. Па тие средства што ги спомнувате Грција и Мицотакис ги блокира веќе неколку години. Да те потсетам дека истите тие пари се актелизираа и прошлата година кога Бакојани излезе со понуда дека ќе ги одблокираат ако сме прифателе да го смениме името. Врв на иронијата е дека тоа не се пари на Грција, тоа се само пари од европски фондови кои вашиот ментор и финансиер Грција ги блокира. МИЗЕРИЈА!!!
така е, само тогаш беа 70 милиони, сега се 50 милиони што грција ги блокира, а овие 20 милиони разлика ? еве гледам дел од нив завршиле за огласов на невладиниве организации во веснициве
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.483
Поени од реакции
1.854
Добро, кога некои овде ке сфатат дека и името да го промениме Грција пак нема да признае македонска нација.Иста приказна беше и со знамето што го сменивме и што фајде видовме:jaj:
 
G

grande-juve

Гостин
Добро, кога некои овде ке сфатат дека и името да го промениме Грција пак нема да признае македонска нација.Иста приказна беше и со знамето што го сменивме и што фајде видовме:jaj:
сите добро го сфаќаат тоа, ама кога милиончињата ќе ти удрат по глава:toe:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Не зезај, не ми е воопшто претенциозно. Ако за другите имам став дека се премногу попустливи во ставот со името, дека немаат чувство за национални прашања итн... итн... за овој имам јасно изграден став дека е човек платен од Грците кој работи за нивни интереси. Тоа го докажал со своите ставови кои се менуваа од степен, а конкретно тоа го кажа и поранешниот претседател Глигоров, кој рече дека преку Фрчковски му се нудени пари за промена на името.
Успешно ми бегаш од суштината.
Реален, биди реален и кажи, самоубиство е човеков да се изгласа за претседател (иако нема шанси за тоа). Имам пријатели од СДС кои на телефон им се јавуваа и ги тераа да одат да се потпишат на кандидатурата.
Јас имам пријатели кои на клоци од работа ги тераа да одат да се потпишат за Иванов....па што ?
Дискусија има за сите други што претендираат да бидат Претседатели, ама овој е вон секаква дискусија. Надвор од здравиот разум е...
Од прилика го знам идниот претседател, па затоа и повеќе се задржувам на неговите ставови.
Не е слободна интерпретација, туку официјално изнесени ставови.

И постои сосема јасна дистинкција помеѓу:
1. Мора да се влезе во ЕУ и НАТО и да се направи компромис.

2. Пожелно е да се влезе во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена.

Првото вели дека тие структури се иманентни за опстанокот, второто вели дека тоа е идентитетот.

Но, како што реков, ако веќе постои цврста заложба за зачувување на идентитет, кој е неодделив дел од името, тогаш едниствен логичен чекор е замрзнување на преговорите, и евентуално барање на алтернативи за ЕУ и НАТО.
Ама сеа ти до утре може да ме моташ со ситници.

По втор пат ти кажувам дека не е битен вокабуларот на кој тоа ќе се каже, туку крајната цел.

НАТО ЕУ и зачувано име, не одат заедно.
Секој кој ќе го вети ова....дебело ЛАЖЕ и си игра со чувствата на Македонските граѓани.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
НАТО ЕУ и зачувано име, не одат заедно.
Секој кој ќе го вети ова....дебело ЛАЖЕ и си игра со чувствата на Македонските граѓани.
Еве, за Нова Македонија, италјанскиот европарламентарец вели нешто друго.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=305&ArticleID=16974
 
G

grande-juve

Гостин
По втор пат ти кажувам дека не е битен вокабуларот на кој тоа ќе се каже, туку крајната цел.

НАТО ЕУ и зачувано име, не одат заедно.
Секој кој ќе го вети ова....дебело ЛАЖЕ и си игра со чувствата на Македонските граѓани.
па затоа стои нато и еу но не по цена на името, значи ако толку е тешко да разбереш името и идентитетот(кои одат заедно) се над еу и нато
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Еве, за Нова Македонија, италјанскиот европарламентарец вели нешто друго.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=305&ArticleID=16974
Јас не ти зборувам за став на некој парламентарец, туку за официјален став на 95% од членките на НАТО и ЕУ кој гласи:
Наптавете компромис, па бујрум кај нас.

И Кацин (по кого Груевски плукаше за време на изборите) секојдневно во европскиот парламент ја кажува нашата вистина, ама никој не го слуша.
 
G

grande-juve

Гостин
Јас не ти зборувам за став на некој парламентарец, туку за официјален став на 95% од членките на НАТО и ЕУ кој гласи:
Наптавете компромис, па бујрум кај нас.

.
и што ако е тоа ставот на еу, кај пишува дека мора да прифатиме, ако тебе ти каже еу да се фрлиш од 5-ти спрат ти ќе се фрлиш?
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Kompromis znachi zaednichki dogovor no ne po sekoja cena chlenstvo vo EU i NATO.Ili kazhi koj politichar vo nashava drzhava ima stav za chlenstvo vo EU i NATO po sekoja cena.
Фрчковски, на пример.

Вели дека единствената иднина на Македонија е во ЕУ и НАТО.

Поинаку, без нив нема иднина и, аналогно, нивните услови мора да се прифатат.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Успешно ми бегаш од суштината.
Не ти бегам од суштината ти го кажав точно тоа што го мислам за Фрчковски, дека неговите ставови се сепак неспоредливо полоши од било кој друг кандидат во врска со името. Поточно, неговиот единствен став е да се заврши работата што се може побрзо. На човек кој ги менува ставовите почесто од чорапите не би му дал доверба.

Друго што да ти кажам, Иванов не ме убеди сеуште околу некои работи, а и немаме сеуште конкретни ставови освен оние професорските. Ете ќе почекам да дојде кампањата па нека каже што има. Ама од она што го изгледав до сега, се работи за човек кој има јасно изразени патриотски чувства, кој си ја сака државата и си го почитува сопствениот народ. Наспроти него имам човек кој не само што нема никакви патриотски чувства, туку сопствениот народ го гледа како проста маса, и уште еднаш, работи за туѓи интереси.

Меѓу овие двајца нема споредба, а јас од Иванов очекувам уште потврди ставови ако му треба мојот глас.

Засега, знам за кого нема да гласам.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
и што ако е тоа ставот на еу, кај пишува дека мора да прифатиме, ако тебе ти каже еу да се фрлиш од 5-ти спрат ти ќе се фрлиш?
А ти доколку имаш издржана реплика повели реплицирај, а доколку не....не замарај со фрлања од 5-ти спрат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom