Не, јас сум песимист во поглед на името. Колку и да сакам да го зачуваме, се плашам дека ќе не снајдат лоши работи. Затоа ако провериш во анкетата горе, нема да ми го видиш името кај тие што гласале.
За оние што ќе гласаат, ставот на Иванов во врска со името е во онаа емисијата на Миленко, што ја стави Bratot на сајтов. Ставот на Фрчкоски ни е познат на сите, тој би прифатил било што. Од Република Македониџа, Северна Македонија... дај шта даш...
Така да, барем знам за кого да не гласам.
Токму тоа и сакам да ти го доловам.
Од една страна го имаме Фрчко и СДСМ на чело со Бранко, кои отворено застануваат позади една од двете можни варијанти за иднината на Македонија, т.е. компромис со Грција кој сигурно нема да биде двојната формула на Грујо, туку најверојатно проширената двојна формула која Бранко ја промовираше. Тоа дај шта даш ти е малку поивеќе претенциозно.
Од друга страна го имаме Ѓорѓе Иванов кој вели дека името ни е дел од идентитетот...го гледаме и Никола кој поради различните од него ставови, половина Македонци ги направи предавници, а ниту кај еден од двајцата немам слушнато дека цврсто стојат позади неменливоста на името.
За да приказната биде уште повесела, и двајцата иднината на Македонија ја гледаат во НАТО и ЕУ, и' и двајцата ветуваат дека Македонија во наредните неколку години ќе стане членка на овие организации.
Знаејќи ја позицијата на грција која поради неразбирливи причини е прифатена со големо мнозинство кај членките во двете организации за кои претендираме, јас се прашувам:
Како е можно да се лаже народот дека со 100% сочувано име би станале членки на НАТО и ЕУ ?
Поради ова лажење се ствара конфузија кај народот која е изразена преку разноразните анкетирања.
Па ќе видиш дека во една иста анкета, 90% од народот гласал за зачувување на уставното име, а исто толку подршка дале и за влезот во НАТО и ЕУ.
Токму затоа и ти го поставив ова прашање.
Редно е веќе еднаш да му се каже вистината на овој Македонски народ.
А таа е:
Или ќе правиме компромис (сите добро знаеме што значи компромис) по цена на влез во евроатланските структури.
Или ги замрзнуваме апликациите, го зачувуваме името, па и по цена невлегување во НАТО и ЕУ.
Има ли друг избор ?