Успешно ми бегаш од суштината.
Не ти бегам од суштината ти го кажав точно тоа што го мислам за Фрчковски, дека неговите ставови се сепак неспоредливо полоши од било кој друг кандидат во врска со името. Поточно, неговиот единствен став е да се заврши работата што се може побрзо. На човек кој ги менува ставовите почесто од чорапите не би му дал доверба.
Друго што да ти кажам, Иванов не ме убеди сеуште околу некои работи, а и немаме сеуште конкретни ставови освен оние професорските. Ете ќе почекам да дојде кампањата па нека каже што има. Ама од она што го изгледав до сега, се работи за човек кој има јасно изразени патриотски чувства, кој си ја сака државата и си го почитува сопствениот народ. Наспроти него имам човек кој не само што нема никакви патриотски чувства, туку сопствениот народ го гледа како проста маса, и уште еднаш, работи за туѓи интереси.
Меѓу овие двајца нема споредба, а јас од Иванов очекувам уште потврди ставови ако му треба мојот глас.
Засега, знам за кого нема да гласам.