Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ѓорге Иванов нема никаква врска со лошата политика на груевски само ми е жал што тој ја ддоби улагата на маскота на Груевски. За претседател треба човек кој има минато и кој има визија што понатаму со нашата држава дали ќе одиме во пропаст на чело со груевски или пак ќе одиме кон подобро со некоја друга опција. Претседателот треба да има име и реноме како во државата така и надвор од неа а не да никне од земја и никој да не го познава. Сега за сега јас мислам дека Бошковски треба да биди новиот претседател на Македонија па да му се исплати лежењето во Хаг. Јас лично ќе гласам за него ама во вториот круг а во првиот не ја напуштам СДСМ и ќе гласам за Фрчковски.
 
Колку за информација веројатно си мал па не се сеќаваш дека и Бранко никна од никаде и со помош на некои мрачни сили го сруши Петар Гошев во тогашната СКМ-ПДП(СДСМ) и ни ја уништи Македонија, а Фрчко исто така не се сеќаваш не само што, никна од никаде туку така млад зелен и да не речам што, учествуваше во создавањето на Уставот на Македонија, па сети се само колку пати го меневме и се што сменивме, така што сеуште имаш време да се сториш пишман и да знаеш некои работи пред да излезеш да гласаш. Ко за тебе најдобро е овие избори да не гласаш туку да си го корегираш твоето перцепирање на некои работи, па на некои наредни избори излезеш препороден и млад човек со напредни идеи кој нема да робува на лаги, невистини и вечни конструкции како Македонија без СДСМ не ја бива.:smir:
 
Некако му набија нож во грб ВМРО на Љубе....... Сигурна победа имаше во раце да се кандидираше како нивни кандидат,и неутралните ќе гласаа за него. Ако се точни анкетите ВМРО има 300.000 верни симпатизери, што ќе ги добие секој можен кандидат, па и Иванов
ТОЧНО!!!! Тој беше 100% сигурен дека ќе го поддржат, затоа си почна кампања кога одеше по селата. Луѓето можеби го сакаа, а може и им беше чудно што во некое мало местенце иде човек кој досега бил секој ден на телевизија.Само мило ми е што ВМРО одбраа подобар кандидат, сепак доктор по политички науки, кој е одличен оратор и нема шпекулативно минато или стаклена иднина.
Инаку, 300 000 членови има или симаптизери?Поима немам.Ако е така, џабе битка, се се знае.
 
ОК во политиката нема пријатели и непријатели, има интереси... Интересот на Љубе ми е јасен, разбирливо е тоа дека ќе му годи секаква подршка. Си има човекот цел и сака да ја достигне, какви се диловите мене не ми е познато, со НП мислам дека не се ни крие.

Жива глупост е за бил кој од овие кандидати да кажеш дека е НАДпартиски, не само за Љубе. За медиумите зависи пред се кој им е газда... Некои не само што не молчеа, туку и ги пуштија овие муабети (Нова Македонија и Вечер, значи се работи за информации пуштени од весници во служба на власта), а другите имаат друга цел (т.е. задача) и пуштаат други инсинуации (на пример дека Иванов ’раскинал’ со СДСМ поради тоа што го уапсиле брат му - Утрински).

Љубе многу е идеализиран, тоа си во право, но од друга страна, малку и невкусно е да гледаш како неговите најголеми ’идеопоклоници’ сега плукаат по него, само поради тоа што не е во најдобри односи со лидерот на ДПМНЕ.
Ок, има желба, план и сака да го оствари.

Но, кој e неговиот дел што треба да го "одработи" како возврат за услугата на сдсм?
Они му собираат потписи, ќе му дадат гласови, а тој ќе им врати со...што?

Дополнително, еве и Љубчо ни се враќа, а неговата партија исто го подржува Љубе (што е логичен чекор, во секој случај)...а во целата таа комбинација го додаваат и Црвенковски(да се потсетиме дека Љубчо му беше гостин на Бранко на трибината на Платформа.)
Бал на вампири?

Инаку, медиумите сепак заќутеа за ова...Протнаа еднаш вест и толку, молк. И тоа е симптоматично.

Na temava, moram da i pojanam na Ada deka seuste nema nikakov dokaz deka LJube ima dela so SDSM. BI sakal da prezentira takov dokaz. A ne da se sluzi s niski metodi na rekla-kazala.
I ako njde dokaz, da mi donese i roze tanga! Jas go pmetam dogovorot, ama sakam i dokaz.

Inaku, deka Ljube e so cel ispraten, kako klin, poddrzan od "prijatelski" zemji i nivni sluzbi , i mene mi mirisa mnogu na toa.
Inaku, deka ako vleze so Ivanov vo vtor krug, postojat golmi sansi, a togas, SDS kontra DPMNE ke go povika clenstvoto da glasa za Lube., Prasanje e dali albanskite partii ke go podrzat ngo ili Ivanov vo takva kontelacija.
Ne za drugo, se e pazarlak.

Ova ne e dokaz dela Lube ima deal, tuku deka SDS se odamna preocajni, a ne se svesni deka poarno bi im bilo so Ivanov, malku ke gi nagazi otkolku so Ljube, koj mamata bi immja isplakl, samo da moze.
Ниска сум по раст, па такви ми се и методите :nesum:
Не се ова рекла-казала муабети. А, розе тангата ќе ја носиш, затоа што наскоро ќе пристигнат и доказите. Мало трпение.
Благодарам онднапред.
(а у меѓувреме сети се со кој прв побрза да оди на вечери Љубе...све мислам дека Бучко ми беше компањон)

Инаку, нормално дека Љубе е испратен од "горе"...поточно, би рекла, го држат од горе ко марионета. Соодветно на тоа му беа ставовите кои почна да ги фура откако излезе од Шевенинген.

И да се потсетиме на две нешта, на кои како да се заборава:

1. Предметот од Хрватска сеуште НЕ е вратен;

2. Бошковски има морална одговорност кон Тарчуловски, кој одбра да не се повика на понизок чин, кога му ја изрекоа пресудата.
 
Јас суд доволно возрасен и многу добро гледа кој што и како и прави на државава. А на следните избори ќе гласам точно како што рењков претходно. А те уверувам дека ти не ги перцепираш добро работите. Ако мислиш дека Груевски и прави добро на нашава држава се лажеш а тоа го докажа и пропаѓањето на неговата единствена инвестиција која ја донесе во државава.
Ни ја уништува историјата со потенцирањето на само еден период а тоа е антиката а притоа заборавајќи многу поважни работи и многу позаслужни личности за нашата историја како што се Гоце Делчев на пример.
Водеше една популистичка политика демек му помагал на земјоделците а тој наместо тоа го униште млекопроизводството во нашата држава е толку добро видов од Грунјо преродбеникот кој наместо 100 чекори напред направи 150 чекори назад.
 
БРЕ! Со самото тоа што е член на Вмро на чело ги носи Гоце Делчев и останатите патриоти и создавачи на ВМРО...... Ја не сум член ама не за џабе слават 110 години (или колку и да се) од настанувањето на ВМРО..... Ако си ја знаеш историјата знаеш кои си.

Не знам што толку дискусии за претседател, кога и Чак Норис да биде џабе е, нема никаква ама баш никаква фунцкија претседателот во Мкд, ние имаме парламентарен политички систем и премиерот е врвот....... Претседателот глуми врховен командант, вето може, именува амбасодри к... палци, и тоа е тоа... Кој и да биде исто си е
 
Да ама барем ќе има некаква кочница на ова тоталитарно водење на државава кое е многу загрижувачко. Отвори очи малку и ќе видиш што се случува околу тебе ќе треба да плаќаш данок и за тоа ако не си женет а може ќе му текне и да плаќаш данок за тоа што дишеш од воздухот кој и припаѓа на државата. а за тоа која е функцијата на претседателот не мора да ми кажуваш мене затоа што сум иден правник и го студирам тоа на факултет.
Сакамм да кажам дека ќе има некој кој на некој начин ќе може на народот да им укажува на грешките кои ги прави владата кои му штетат на народот.
 
Досега имаше, и што направи освен штета? Што направи освен што ослободи многу криминалци кои сега уживаат на слобода?(и тука не зборуав за Заев и неговата компанија со нарушено здравје) Што направи освен што покажа дека сме неединствени за непроменување на името, па сега цела Европа мисли дека сме на чекор да го смениме?
Ај штом си правник, објасни ми како е можно Претседател на РМ да каже, да ми заврши мандатот се враќам во старата партија? Значи никогаш не бил претседател на Македонија туку само на неговата партија.
Епа да ти каже дипломиран, а не иден правник, имаше многу неправилности во неговото владеење, затоа не го величај толку.
И тоа со плаќањето данок не е ни прелог закон, туку само иницијатива на граѓанин, која не е ни разгледана, не па да се изгласа, туку само аргумент да се плаши народот. Уште еднаш ке повторам дека како правник, непостоечки закони не признавам.
Ако ти тврдиш дека досега имало тоталитарно владеење во државава, тогаш значи дека досегашниот претседател не работел баш многу. Преиспитај се.
 
Ако Бошкоски освои повеќе гласови од Фрле, тоа ќе биде двоен пораз за СДС. Бидејќи де факто ВМРО-ДПМНЕ е во игра со двајца кандидати (да не заборавиме дека Бошкоски е сепак член на ВМРО-ДПМНЕ). Тогаш не ни мораат повеќе да предложуваат свој кандидат, можат само да си предложат некој од другите партии.
 
Грешка си.

Љубе со дпмне под владение на Груевски, од поодамна расчисти, односно не се у најдобри односи.

Сдсм типува баш на Љубе. Оттаму и го извадија Фрчковски, кој гарантирано губи у прв круг. За да у втор застанат они, заедно со останатата опозиција, позади Бошковски.
 
Подобро да сум грешка, бидејќи мене ми одговара ова, јас ќе гласам за Брат Љубе, па нека застанат и СДС ако сакаат зад него, нема врска.
 
Грешка си.

Љубе со дпмне под владение на Груевски, од поодамна расчисти, односно не се у најдобри односи.

Сдсм типува баш на Љубе. Оттаму и го извадија Фрчковски, кој гарантирано губи у прв круг. За да у втор застанат они, заедно со останатата опозиција, позади Бошковски.
СДСМ ќе поддржат кандидат член на ВМРО?!?!?! Толку ли е очајна работава? Цццц, еден квалитетен да се немало.
 
СДСМ ќе поддржат кандидат член на ВМРО?!?!?! Толку ли е очајна работава? Цццц, еден квалитетен да се немало.
Љубе декларативно е независен. (едино, колку што знам, НП ја подржа неговата кандидатура официјално).

И нека не те чуди ова...Мислам кога може Бране и ЉуБчо "пак" да се "спријателат" (спомав во еден претходен пост како Љубчо им беше гостин на трибината Палтформа на Бране и Шеќерка, а кружат и гласини дека Црвенко ќе го подржуе бившиот ни примеир и во градоначалничката трка), може и Љубе со сдсм.

Интереси не гледаат идологии :)
 
Многу добро го рече ова „интереси“, јас само би додал дека тие и двајцата се губитници па многу е лесно да најдат заеднички јазик за нивна некаква си реинкарнација во политиката за која јас лично не верувам со моменталниот однос на сили, во секој случај интереси, друго е што кандидатите во случајот Брат Љубе во желба за што повеќе гласови се фаќа во таквата игра.
 
Site ste golemi licemeri, zboruvate meshat ideologi i gledat interes. A dpmne sto sedi vo koalicija so dui, gledat li ideologija, interesi ili milo mue samo na gruevski da sedi do covekot sto vo 2001 rece se vodi vojna protiv slovensko pleme sto okupira vekovna albanska zemja.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom