СП Хрватска 2009 - Данска : Македонија (20:15)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Од нашиве барам да го остват срцето на терен и да изиграат најдобро што можат!! Можевме да ги победиме Полска,Русија можеме да ги победиме сите со добра игра!
 
Србија губи од Полска 11 разлика уште 25 мин ,се плашам дан не најде истото!!!
 
Србија губи од Полска 11 разлика уште 25 мин ,се плашам дан не најде истото!!!

ooo :tapp: србија си е србија Македонија си е Македонија
е што сакам Македонија вечерва победи, па да видам што ќе кажеш

ајде Македонци оптимисти бидете, до каде ќе стигнеме вака што предвреме се откажувате од Македонија

Напред наши:oeoeoe:
 
Ако победи денес Македонија ме нема повеќе од форумов за 1 месец.чесен збор..
Таа само да победи јас ќе се откажам од се,само да победи!!

Ќе ја оставам девојката,ќе скокнам од 2 спрат ќе скршам чаша од глава само да победи денес!!:uvo:
 
Ако победи денес Македонија ме нема повеќе од форумов за 1 месец.чесен збор..
Таа само да победи јас ќе се откажам од се,само да победи!!

Ќе ја оставам девојката,ќе скокнам од 2 спрат ќе скршам чаша од глава само да победи денес!!:uvo:

А наместо да го правиш тоа можеш да навиваш и да се гордееш со нив па макар и да изгубат 30 разлика,али една работа е јасна дека ке ги пречекаме во Македонија како херои.:oeoeoe:
 
Па нормално дека се гордеам со нашите ама мислам дека некој претерано очекува од нив!!
 
Вечер мораме да се покажеме во најдобро светло ! Како и секогаш, мора да ги бодриме нашите и да навиваме без разлика на резултатот. Се надевам дека ке судат нормални судии за разлика од претходниве гомнари кој сопкаа колку што можат...
 
Ја пошо никад не фаќам у кладилница,ќе идам да стаам 100че на Данците:)
 
Значи да расчистиме Наумче нема да настапи денес.
Се надевам дека ќе се смени тактика, бар да се испроба да се игра со три бека, значи без брз центар, па да се чува Миркуловски за второ полувреме.

значи да расчистиме дефинитивно, ни ти, ни јас, ни никој не знае дали ќе игра вечерва. се додека нема официјално нешто ние само можеме да си нагаѓаме, а официјално нешто сигурно дека нема да има. Така да дали ќе игра Мојсо или не ќе видиме вечерва.

да се надеваме дека и вечерва после утакмицата атмосферата ќе биде ваква со Кире и со Мојсо во главна улога

 
100 денари на данците за да фатиш 120 ден,ако сакаш пари стај 100 на нашите..ахахах!!
 
100 денари на данците за да фатиш 120 ден,ако сакаш пари стај 100 на нашите..ахахах!!
Па несакам да фатам.Затоа на данците ставам. Да ги урочам малце пошо никад не фаќам у кладилница.
 
Чув од навивачиве во Задар дека екипава наша била раскарана пред натпреваров со Данска, не се знае зошто и дали е точно, меѓутоа доколку постои таква атмосфера веројатно се отпишуваме пред време, и се надевам дека нема да гледам копија од натпреварот Србија-Полска.
 
Со среќа нека им е на момците вечер.Се надевам дека ќе дадат се од себе и повторно ќе не направат среќни и задоволни.Меѓутоа и да не биде така сепак тие се за мене најдобри!

Со среќа момци:oeoeoe:
 
Прво, многу среќа на нашите вечерва, пошто борбеност се разбира дека нема да им недостасува.

Од кај да почнам:

Реално, Данска се фаворити, најмногу поради заморот и повредите кои ги притиснаа нашите, а и по квалитетот што го имаат Европските прваци. Но далеку од тоа дека се непобедливи.

Прво, во споредба со Норвешка, нивните скандинавски соседи имаат послаба одбрана. Норвежаните одиграа фантастично 6-0 против нас, но Данците не можат ни приближно да одиграат на тоа ниво во одбраната. Нивно најсилно оружје се контрите од кои казнуваат скоро беспрекорно, па не смее многу да продаваме топки во нападот.

Потребна ни е поголема решителност на нашите кои со Норвешка тешко се решаваа на влез или на удар кон голот. Кире и денеска ќе навлекува по 2 играчи на себе во текот на целиот натпревар, но останатите ќе мора тоа да го користат. Ако не игра Мојсоски, ќе биде далеку потешко, затоа што тој ни е еден од клучните играчи и на таа позиција објективно немаме достојна замена.

Понатаму, мора што повеќе топки да добива Темелков кој има одличен процент на реализација. Премногу се обидуваме преку пикерот, скоро сите напади ни одат по средината каде што е најгусто, а имаме одлични крила кои не се доволн искористени.

Се надевам дека стручниот штаб ќе им укаже на играчите после изгубена топка да се враќаат назад наместо да се гледаат кој погрешил и да чекаат голманот да направи чудо. Норвешка ни даде еден куп голови поради ова.

Судењето и денес ќе биде благо наклонето кон Данците и никој да не сомнева во тоа. Но како препорака, ако сте во можност не гледајте на Сител, затоа што коментаторите создаваат нервозна атмосфера во која судиите се криви за се. По завршувањето на натпреварите невозможно е да се пишува на темава зошто сите постови за играта се губат во “судија педер“ коментарите.

По можност, на RTL Хрватска имате одлични коментатори кои навиваат за нас а згора на тоа и многу разбираат ракомет, или интернет стрим со атмосфера во салата без коментар. Верувајте, подобро е за срцето и за нервите.

Се надевам дека нашите ќе стиснат заби и дека ќе се радуваме на уште една сензација вечерва.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom