Прво, многу среќа на нашите вечерва, пошто борбеност се разбира дека нема да им недостасува.
Од кај да почнам:
Реално, Данска се фаворити, најмногу поради заморот и повредите кои ги притиснаа нашите, а и по квалитетот што го имаат Европските прваци. Но далеку од тоа дека се непобедливи.
Прво, во споредба со Норвешка, нивните скандинавски соседи имаат послаба одбрана. Норвежаните одиграа фантастично 6-0 против нас, но Данците не можат ни приближно да одиграат на тоа ниво во одбраната. Нивно најсилно оружје се контрите од кои казнуваат скоро беспрекорно, па не смее многу да продаваме топки во нападот.
Потребна ни е поголема решителност на нашите кои со Норвешка тешко се решаваа на влез или на удар кон голот. Кире и денеска ќе навлекува по 2 играчи на себе во текот на целиот натпревар, но останатите ќе мора тоа да го користат. Ако не игра Мојсоски, ќе биде далеку потешко, затоа што тој ни е еден од клучните играчи и на таа позиција објективно немаме достојна замена.
Понатаму, мора што повеќе топки да добива Темелков кој има одличен процент на реализација. Премногу се обидуваме преку пикерот, скоро сите напади ни одат по средината каде што е најгусто, а имаме одлични крила кои не се доволн искористени.
Се надевам дека стручниот штаб ќе им укаже на играчите после изгубена топка да се враќаат назад наместо да се гледаат кој погрешил и да чекаат голманот да направи чудо. Норвешка ни даде еден куп голови поради ова.
Судењето и денес ќе биде благо наклонето кон Данците и никој да не сомнева во тоа. Но како препорака, ако сте во можност не гледајте на Сител, затоа што коментаторите создаваат нервозна атмосфера во која судиите се криви за се. По завршувањето на натпреварите невозможно е да се пишува на темава зошто сите постови за играта се губат во “судија педер“ коментарите.
По можност, на RTL Хрватска имате одлични коментатори кои навиваат за нас а згора на тоа и многу разбираат ракомет, или интернет стрим со атмосфера во салата без коментар. Верувајте, подобро е за срцето и за нервите.
Се надевам дека нашите ќе стиснат заби и дека ќе се радуваме на уште една сензација вечерва.