Високи потпетици или нешто полежерно?

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување
имам 2-3 пара штикли со високи потпетици и нив ги носам само за вечерни излегувања, инаку за преку ден нешто пониско и покомотно
 
Јас сум па обратна. Високи потпетици носам само ако можам да заработам пари од нив, односно исклучиво денски за на работа. На работа и онака претежно седам, така што не ми е тешко и преживувам. За искачање навечер си облакам патичиња за журкање и целовечерна забава.
 
преку ден и на фах во патики или балентанки, а за излегување, ако се оди во дискотека , штикли, и тоа 10-12ка али ептен ми е тешко да одам и едвај чекам да ги соблечам!!!!
 
Би сакала да носам високи штикли ама многу висока ќе излезам и вака сум превисока за моите години не со штикли
 
Штиклите изгледаат многу поелегантно и поубаво,ама баш сега на оваа возраст не планирам да почнам да носам.:)
Има време и за тоа башка доволно сум висока.:pipi:
Сега за сега се доволни патики и ниски балетанки со машна.:icon_lol:
 
Со оглед на тоа дека имам само 14 години и сум прилично вискока ... преферирам патичиња или балетанки ...
за штикли ми е се уште рано .. иако премногуууу сакам да носам :pipi:
 
Пред се зависи од типот на облека и дестинацијата :)
Ако е за вечерно излегување, тогаш дефинитивно високи потпетици.
Ако се работи за одење на шопинг или прошетка, тогаш би облекла нешто полежерно.
Таман сум висока, но ако треба да излезам со некое момче кое на пример е пониско од мене, не сакам да го омаловажувам и не носам многу високи потпетици.
Во дискотека сум секогаш со потпетици, а во кафич можам и со некои фенси патичиња ..и двете ми се прифатливи, за одредени ситуации се разбира :smir:
 
обожавам да носам високи потпетици и навикната сум немам никаков проблем
 
секојдневно носам балетанки од сабајле до вечер... два пара балетанки ми се како со мали потпетици а останатите ми се ниски..иако многу сакам да носам високи потпетици :D
 
Аххх колку ги сакам.Ама пустинскине ни еден сат неможам да ги носам.Многуууу ме болат нозеве од високи штикли.
Колку пак поубо изгледат,тесни фармерчиња,горе едноставна блуза со каиш на половина,косава позади во репче и плуш штиклите.Мх мх мх омилена комбинација ми е ова :)
Еве некои слики од штикли.
imgres

imgres

imgres
 
Уфф високите потпетици ми се слабост, едноставно ги обожавам. Се имам навикната да ги носам и не ми е проблем се чуствувам удобно во нив. Нешто полежерно најчесто носам кога излегувам на брзина, до некоја кратка релација.
 
Високи штикли и црни сјајни хулахопки моја најомилена комбинација :pipi: :pipi: Обожавам високи отпетици :vozbud:
 
Вистина е убаво кога женско ќе облече високи потпетици во комбинација со тесни фармерки, кратко фустанче или кратки шорцеви, ама секое нешто има негативна и позитивна страна,така да од носење штикли негативната страна е што после носење болат нозете, а тоа најмногу го мразам. Штикли носам само кога сакам да изгледам поелегантно т.е на свадби, забави...:pipi:
 
За на факултет патики, за излегување штикли.
Главна грешка е купување неудобни штикли. Инвестирајте во добар пар кожни штикли на пример од Биана, ем удобни ем долго време ќе ги имате. Не сфаќам што е поентата од имање пет рала различни и неудобни. Секогаш би избрала удобни :)
 
Штикли сакам. Ги носам само за вечерно излегување.
А преку ден, до кафе и сл. секако патичиња :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom