Оправдување на црн бизнис?!

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Читам на една тема за оние неколку велешани кои ги уапсија за продавање дрога. Некои од ставовите велат дека сепак тоа не го правеле за луксузен живот туку бидејќи биле приморани од општеството.

Моето прашање иако тука конкретно се работи за дрога, ќе го поставам општо за нелегалните трговии. Значи, дали можете да го оправдате по било која основа или целосно и секако, зошто?
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Како да се оправда бе нечесност? Ко пропаднаа под стечај фирмите кај шо работеа моите,требаше да почнат да се занимаваат со дилање за да ми обезбедат парче леб и школување? :uvo:
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Хех, лесно е да осудува оној кој што има, нели?
И јас би рекол сега дека тоа е подло, злобно, неморално и сите слични епитети.
Ама, искрено... да не можам да си го нахранам семејството, последно нешто на памет ќе ми биде чесноста. Моето дете ми е побитно од мојата чест.
 
Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Не, не можам да го оправдам постоењето на црни бизниси, но во исто време морам да констатирам дека ретко кој во Македонија е успешен од чесна работа.
Како дојде до ваква состојба? Па, додека бандитите кои беа на власт реализираа срамна и криминална приватизација, дозволија криминалот да процвета. Нивната намера беше да извалкаат што поголем број луѓе, за да нема критична маса којашто ќе го има моралното право да ги прозива, а луѓе како луѓе, како што вели Внуче погоре, ако не можат да го прехранат семејството, последно што им паѓа на памет е чесноста.
 
leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Не можам да ја оправдам трговијата со луѓе, дрога....А и татко ми во теков на животов ми напомнува дека не треба да се биде нечесен...И ние сме имале, па сме немале, ама шо ќе ми беше поубаво ако татко ми нечесно заработуваше за да не издржува, кога сега ќе беше в затвор и ќе го изгубевме сите здравјето...Не знам, не дај Боже дотаму да стигнеме, ама никогаш не велам никогаш.
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Да не заборавиме дека за таква работа треба и да те бива.Не е секој роден за да биде мафијаш.И јас можам да речам ај од утре ќе растурам дроги ама се ми се чини дека уште во првата секунда ќе наебам.И мислите дека баткиве ако се бранат со ".....Живот ме је натерао....." ќе се смилува некој? Не не,побргу со метла врака ЈП Комуналец оделце на мене одколку со qrot вгаз во Идриз. За секоја чесна работа нема срамота!!! :smir:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Хех, лесно е да осудува оној кој што има, нели?
И јас би рекол сега дека тоа е подло, злобно, неморално и сите слични епитети.
Ама, искрено... да не можам да си го нахранам семејството, последно нешто на памет ќе ми биде чесноста. Моето дете ми е побитно од мојата чест.
Прво, кај нас одамна никој не умрел од глад.

Второ, ако ти е детето гладно, разбирливо е да украдеш еден леб, едно млеко или нешто така, а не да иструеш илјадници туѓи деца.

Приказната на „социјаните случаи„ како тие велешани што се уапсени за трговија со дрога едноставно е „наивна„.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Второ, ако ти е детето гладно, разбирливо е да украдеш еден леб, едно млеко или нешто така, а не да иструеш илјадници туѓи деца.
Значи.. прочитај го убаво првиот пост. Дискусијата не е за продажба на дрога, него воопшто за нелегална трговија. Тоа подразбира и трговија со жито без да плаќаш данок, ти текнува? :)
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Значи.. прочитај го убаво првиот пост. Дискусијата не е за продажба на дрога, него воопшто за нелегална трговија. Тоа подразбира и трговија со жито без да плаќаш данок, ти текнува? :)
Го прочитав одлично првиот пост, но дали и ти ?

Збориш за дете кое гладува, а од друга страна за трговија со жито без данок ?! Демек за трговија има пари, а за леб не ???? Не ме заебавај !
Тогаш нели е пологично да купиш поевтино, а да продадеш малку поскапо, а сепак со плаќање данок ? Како 90 % пазарџии...

А што се однесува до трговија со дрога, во контекс на велешаните (поради чија изјава и е започната темава), моето мислење се уште стои.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Значи.. прочитај го убаво првиот пост. Дискусијата не е за продажба на дрога, него воопшто за нелегална трговија. Тоа подразбира и трговија со жито без да плаќаш данок, ти текнува? :)
Всушност, и темата ја почнав со дрогата нели. Покрај дрогата како црн бизнис го гледам шверцањето оружје, белото робје и слично. Не плаќање данок исто така спаѓа во категорија на нелегално, ама да бидеме реални, не сме сите на форумот Agora да се фаќаме за глупости.

Мојот став е обратен од твојот, Vnuce. :helou: Јас сметам дека никој нема право да се бави со нелегални активности кои можат да носат толку големи последици како расфрлање дрога. Верувам знаеш, дилерите имаат добра разработена тактика и таргет група за да ја потрошат стоката. Тоа е манипулација и е глупаво, ниско, и секој оној кој го работи заслужува да гние во затвор додека децата дома на кои патем се вади да патат заради неговата луда мисла и уништување на децата на комшиите.

Јас не оправдувам црн бизнис, оправдувам за своите деца човек да гребе, тепа и мафта со раце и нозе секој пат кога тие ќе бидат загрозени од некого, но не оправдувам некој во нивно име да заработува тројна плата од просечната.

Иако, искрено, смешно ми е тврдењето дека некој продава дрога за да им обезбеди подобар живот на своите деца, иако и тоа самото по себе е контрадикторно, што живот им обезбедува. Дрога се продава (а и данок се затскрива) за да се има поголемо богатство, пари кои реално не ни се потребни за луксуз.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Го прочитав одлично првиот пост, но дали и ти ?
Моето прашање иако тука конкретно се работи за дрога, ќе го поставам општо за нелегалните трговии. Значи, дали можете да го оправдате по било која основа или целосно и секако, зошто?
Што не ти е јасно???

Демек за трговија има пари, а за леб не ???? Не ме заебавај !
ОК, нешто не ти е јасно дефинитивно. :uvo:
Еве ти глуп пример (да можеш да го разбереш)
Имаш 30 денари. Имаш две варијанти:
1. Да купиш леб, да јадеш денес, да немаш за утре.
2. Да купиш кифла од 10 денари да јадеш денес, со 20 денари да купиш шајки што ќе ги продадеш за 40, па утре да продолжиш со истата логика.
Јасно ти е како може да се нема пари за леб, а да се има за трговија?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Што не ти е јасно???

ОК, нешто не ти е јасно дефинитивно. :uvo:
Еве ти глуп пример (да можеш да го разбереш)
Имаш 30 денари. Имаш две варијанти:
1. Да купиш леб, да јадеш денес, да немаш за утре.
2. Да купиш кифла од 10 денари да јадеш денес, со 20 денари да купиш шајки што ќе ги продадеш за 40, па утре да продолжиш со истата логика.
Јасно ти е како може да се нема пари за леб, а да се има за трговија?
Тоа за глупиот пример, ќе се правам дека не сум го прочитал....ама само сега.

Јасно ми е се' !

Темава се вика: Оправдување за ЦРН бизнис .

Одговор: Нема оправдување !:nenene:
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Всушност, и темата ја почнав со дрогата нели. Покрај дрогата како црн бизнис го гледам шверцањето оружје, белото робје и слично. Не плаќање данок исто така спаѓа во категорија на нелегално, ама да бидеме реални, не сме сите на форумот Agora да се фаќаме за глупости.

Мојот став е обратен од твојот, Vnuce. :helou: Јас сметам дека никој нема право да се бави со нелегални активности кои можат да носат толку големи последици како расфрлање дрога. Верувам знаеш, дилерите имаат добра разработена тактика и таргет група за да ја потрошат стоката. Тоа е манипулација и е глупаво, ниско, и секој оној кој го работи заслужува да гние во затвор додека децата дома на кои патем се вади да патат заради неговата луда мисла и уништување на децата на комшиите.

Јас не оправдувам црн бизнис, оправдувам за своите деца човек да гребе, тепа и мафта со раце и нозе секој пат кога тие ќе бидат загрозени од некого, но не оправдувам некој во нивно име да заработува тројна плата од просечната.

Иако, искрено, смешно ми е тврдењето дека некој продава дрога за да им обезбеди подобар живот на своите деца, иако и тоа самото по себе е контрадикторно, што живот им обезбедува. Дрога се продава (а и данок се затскрива) за да се има поголемо богатство, пари кои реално не ни се потребни за луксуз.
Значи... прашањето беше поставено општо за нелегална трговија, што во никој случај не подразбира само дрога, оружје и слично ствари. Веќе дадов бош пример со житото, нели?
Друга ствар.. веројатно не пишав доволно јасно... Не, нема право никој да се бави со било што нелегално (па и трговија на жито или дрога). Не го гледав од аспект кој има право, едноставно... на ликот во мојот пример веќе не му е битно кој има право, кој не, што е правилно и што не... едноставно, битно му е да го прехрани семејството. Ме разбираш од кој аспект пристапувам? Desperate times call for desperate measures :toe:
 
Апсолутно те разбирам, до некаде дури и поддржувам. Она што никако не можам да го прифатам, е подмолниот начин на уништување туѓ живот или потпомагање во процесот на уништување друг живот на сметка на изговорот, детето ми е гладно. Затоа и примерот со дрогата е екстремен, и најлош, а примерот со житото е... “полесно преминлив“. (јбг, немав друг термин:))

Последиците од видот на трговија е она по кое ги разграничувам дилањето дрога и неплаќањето данок.

Моралниот аспект и разумот со кој пристапува евентуалниот дилер, не ги оправдувам и се грозам од нив.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Апсолутно те разбирам, до некаде дури и поддржувам. Она што никако не можам да го прифатам, е подмолниот начин на уништување туѓ живот или потпомагање во процесот на уништување друг живот на сметка на изговорот, детето ми е гладно. Затоа и примерот со дрогата е екстремен, и најлош, а примерот со житото е... “полесно преминлив“. (јбг, немав друг термин: )

Последиците од видот на трговија е она по кое ги разграничувам дилањето дрога и неплаќањето данок.

Моралниот аспект и разумот со кој пристапува евентуалниот дилер, не ги оправдувам и се грозам од нив.
Мислам дека на крај ќе испадне дека се согласуваме. :helou:
Значи, (потврда на твојот муабет) тотално друга категорија е нелегална продажба на дрога наспроти нелегална продажба на жито/шајки/што год.
Реално, на тој со житото ќе му поверувам дека целта му е да го прехрани детето, на тој другиот не!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom