Да видиме како мене татко ми би ми помогнал доколку би бил дилер на дрога:
Да,ќе имам пари за леб,за облека,за школо итн итн.Најпрво,со тоа што секој ден ќе ми доаѓаат дрогираши на врата,иако не мора да значи дека дома ќе ја продава дрогата,со самото тоа што истите тие ќе знаат дека јас сум му ќерка ми го доведува животот во опасност најпрво мене,што сум му ќерка,што тотално се коси со првичната идеја да ми го “подобри“ животот,а после тоа и што загрозува туѓи животи со продавање на дрога.
А како би ми помогнал доколку е хигиеничар,обичен продавач на тезга...:
Ќе имам јадење и облека ништо подобра од таа која би ми ја обезбедил доколку е дилер,ама нема да се секирам дали кој ќе се враќам од школо ќе дојдам дома жива,или ќе ме киднапира некој забеган кризиран дрогираш за едно пакетче кокаин или што и да е,не се разбирам многу у дрогиве.
Така да,колку сака нека е очаен родителот,секогаш има подобро решение од некоја нелегална работа со која сакајќи да му обезбеди подобри услови за живеење на детето,само повеќе го трауматизира.
Колку сакаат нека се правдаат тие дека биле приморани од општеството,не е така,секогаш има подобро решение од тоа,само што не се трудат доволно добро за да си обезбедат пристојна работа,го одбираат “полесниот“ пат.