Всушност, и темата ја почнав со дрогата нели. Покрај дрогата како црн бизнис го гледам шверцањето оружје, белото робје и слично. Не плаќање данок исто така спаѓа во категорија на нелегално, ама да бидеме реални, не сме сите на форумот Agora да се фаќаме за глупости.
Мојот став е обратен од твојот, Vnuce. :helou: Јас сметам дека никој нема право да се бави со нелегални активности кои можат да носат толку големи последици како расфрлање дрога. Верувам знаеш, дилерите имаат добра разработена тактика и таргет група за да ја потрошат стоката. Тоа е манипулација и е глупаво, ниско, и секој оној кој го работи заслужува да гние во затвор додека децата дома на кои патем се вади да патат заради неговата луда мисла и уништување на децата на комшиите.
Јас не оправдувам црн бизнис, оправдувам за своите деца човек да гребе, тепа и мафта со раце и нозе секој пат кога тие ќе бидат загрозени од некого, но не оправдувам некој во нивно име да заработува тројна плата од просечната.
Иако, искрено, смешно ми е тврдењето дека некој продава дрога за да им обезбеди подобар живот на своите деца, иако и тоа самото по себе е контрадикторно, што живот им обезбедува. Дрога се продава (а и данок се затскрива) за да се има поголемо богатство, пари кои реално не ни се потребни за луксуз.