Ок ги прочитав предходните твои постои и малце да пообјасниме што како со компјутерите и вештачката инетлигенција. Можеби не си го прочитал воведниот текст (ти се видел долг, па си викаш ке си го прашам цел ке го читам, право одговор ке дадам, а може и грешка сум
), па затоа ке ти копирам една реченица: Од научно гледиште, интелигенцијата е пресметливиот или калкулациониот дел од можноста да се остварат одредени цели во светот. Значи гледам сите оние кои што се посомневаат во таа вештачка интелигенција за прва споредба го ставаат човекот. Како што пишав на почетокот, не е ПРИМАРНА цел на научниците и на програмерите да ВИ ја достигне човековата интелигенција иако и таа опција како што ви прикажа
Spore e доста присутна а активна. Целта е да се помогне да се остварат одредени цели во животот како што пишува горе однсоно да му се помогне на човекот. Не знам што те чуди да вештачката интелигенција е склоп на програми и на сензори во кракта смисла. Одма ти го давам примерот што го кажа со шахот. Што мислиш модерните шаховски игри како успеваат да дознаат дали си ти пасивен или активен играч. Јас играв една игра повеќе пати и после долго процесирање и прооучување на мојата игра (иако тоа проучување е фактички склопување на одредени комбинации во играта) и ми кажа дека највеќе ја чувам кралицата дури повеќе од кралот. И сега ти ке речеш па и јас да сум играл шах со тебе и јас ке сум дознаел. Да ама ете и компјутерот ме дознал. Нели е тоа еден вид на интелигенција. Но пак ке повторам не е примарна цел на ВИ да го копира и имитира човечкиот ум иако повторно ке кажам не се исклучува таа опција, како на пример во фимлот од стивен спилберг A.I. да имаш вештачки проституки кои што можат да те задволат. :smir:
Извини што уште еднаш те цитирам ама се занесов во предходниот цитат и заборавив да ти одговорам на прашањето.
Ако се напише толку многу јака пограма( не верувам во иднина), ако има би се отркил. Прост пример: Ке пратат една сонда кон некоја црна дупка или слично, ке слика фотографии, ке истражува, ке ги процесира тие слики, ке земе што може да се земе и на крај ке калкулира, како и ние луѓето што би направиле. Да не те чуди повторно ке кажам, да не те чуди фактот дека за сите овие процеси се потребни многу многу големи програми и мнгоу сложени алгоритми. Ако си запознаен со програмирање сигурно знаеш. Пример еве за сликањето на сондата и нејзиниот алгоритам и сложеност. Кога сондата ке слика некоа слика таа ке ја претстави себеси како пиксели со најразлична боја, кои склопени испагаат во слика нели. Таа слика и ние ја гледаме и компјутерот ја гледа, само што ние знаеме што има на сликата, но и компјутерот знае. Е како, епа така. Со голем број на тестирања, пишување на програми, сложени алгоритми, кубење коса и нервози. Треба да имаш мало познавање од темата на програмирање и се ке ти стане јасно. Што мислиш во постот на
Spore, како знае робото кога да направи гримаса или слично. :smir:
Еве уште еден пример. Во лабораторијата на машински факултет во отсекот Мехатроника, на кој сум и јас запишан, програмиравме ако едно ако може да се рече интелигентно роботче. Ако има некој од тој смер сигурно го знае. Роботчето е просто и се состои од две електро моторчиња, сензор за светвлина и сензор со инфра црвена светлина кој се употребува за измерување на кратки должини, мал процесор и некоја лед диода колку за украс
. слично нешто на ова.
Е сега. Во програма во C програмски јазик ја внесовме програмата и ја лоадиравме во роботчето. Во што се состои програмата. Направивме да кога ке се уклучи роботочето да заврти круг од 360 степени се додека не најде извор на светлина. Кога ке детектира сигнал за светлина роботчето ке почне да се движи кон неа. Но за да не се удри во ниеден предмет, во пограмата додадовме да во случај на сигнал од инфра црвениот сензор, сигналот биде поголем од дозволеното роботот ке застане за кратко и ке се заврти онолку колку што е потребно тој сигнал да се намали и да продолжи со патеката кон изворот на светлина. Така да ова интелегетно роботче никогаш не се удри ниту во еден предмет ниту запра да се движи, се додека професорот не ги спушти предињата на џамовите, односно се изгуби изворот на светлина(сонцето) и тоа запра.Потоа донесоа и камера каде што детектира и фаци на луѓе. Камерата се движеше по лицето што го мрдаше бил кој од студентите кој што беше пред неа.
Ете ви прост пример.......