Вештачка Интелигенција

Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
20
Знам дека оваа тема веќе е постирана од друг член, но без навреди кон администраторите , мислам дека оваа тема е поставена во погрешна категорија на дискутирање (Мистерии) и мислам дека заслужува добро објаснување и вовед во самата тема. Да, и оваа категорија не е баш најсоодветна за мојата тема, знам дека би требала да оди во Образование и Наука, но таа категорија е преплавена од дискусии за Образованието што лично не ми смета, но се додека не се најде најсоодветна категорија за оваа тема, предлагам да биде оставена тука во оваа категорија. За да нема исто теми со исти наслови, предлагам да старата тема за Вештачка Интелигенција да биде додадена на оваа тема. Па доколку се решите да го направите ова, со ваша дозвола ке го избришам овој текст пред самата тема. Се надевам дека оваа тема нема да им смета на членовите од оваа категорија а и мислам дека кога ке го прочитаат воведот во темата ке им стане доста интересен за дискусија. Благодарам :smir:

Кои се вашите погледи кон вештакчката Интелигенција?

Еве малку вовед.

Понекогаш зборот Вештачка Интелегенција ке го заменам често со кратенката "ВИ" за да го скратам воведот.

Вештачката Интелигенција е наука и инженерство за создавање интелигенти машини, особено интелегенти компјутерски програми. Тоа е поврзано со сличната работа за употреба на компјутерите за разбирање на човечката интелигенција, но вештачката интелигенција не треба да се обврзува себеси со методите кои се биолошки забележливи.
Но што е интелигенција? Од научно гледиште, интелигенцијата е пресметливиот или калкулациониот дел од можноста да се остварат одредени цели во светот. Различни видови и степени на интелигенција се јавуваат кај луѓето, многу животни и некои машини.
Дали постои цврста дефиницја за интелегенција која што не зависи од поврзување на самата со човечката интелигенција? За жал не. Тоа е проблемот кој што научниците и инженерите не можат да го карактеризираат во генерала кои видови на пресметливи процедури сакаат да ги наречат интелигентни. Тие разбираат дел од нивните механизми на интелигенција но не и другите видови на интелигенција.
Но дали е Вештачката Интелигенција е всушност симулирање на човечката интелигенција? Понекогаш да но не секогаш. Од друга страна можеме да научиме нешто за тоа како да направиме машини да решаваат проблеми со набљудување на други луѓе или само набљудивање на нашите методи. Но повеќето работа на ВИ вклучува учење на проблемите од кои што светот ги презентира на интелигенцијата одколку набљудување и учење од луѓето или животните. Истражувачите на ВИ се слобдни да ги употребуваат сите методи кои не се набљудувани од од луѓето или е потребно повеќе пресметување од колку што можат луѓето.
Дали ВИ се стреми за ставање на човечкиот мозок во компјутерот? Некои истражувачи изјавуваат дека тоа им е и целта, но можеби само ја употребуваат таа фраза метафорички. Човечкиот ум има многу карактеристики, но не сум сигурен дека некој е сериозен за имитирање на сите тие.
Колку е далеку ВЕ од достигање на нивото на човечката интелигенција ? Многу луѓе мислат дека човечката интелигенција може да биде достигната со пишување на голем број на програми од типот каков што луѓето денес го пишуваат и собираат големи бази на познавања од факти во јазиците кои се денеска употребени за изразување на знаење.

делови од текстот се превземени и од професорот John McCarthy од Computer Science Department научниот универзитет Stanford.

За крај.

Многу луѓе мислат дека вештачката интелигенција е непристојна, нечовечка и неморална. Некои пак мислат дека штом досега вештачката интелигенција не го достигнала човечкиот степен, тогаш мора да е невозможно. Многу филозофи мислат дека идеата за небиолошка машина да биде интелигентна е инкохерентно.
Јас за жал размислувам сосем обратно. Доколку ВИ биде истражувана иженерски и научно од правите луѓе, човечката раса ке го достигне најголемиот технолошки развиток во своето постоење. Сепак постои и шанса да развитокот на ВИ отиде во погрешен правец бидејки општество какво што е денес, опкружено со војни, терор, омраза,економија и религија, ја искористи ВИ за интереси кои само ке му наштетат на човекот. Let us hope that I'm wrong . :smir:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Фин вовед си дал. А, и темава е на соодветниот подфорум, така да, нека стои. Сметам дека има простор за дискусија.

Thus, go on.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Но дали е Вештачката Интелигенција е всушност симулирање на човечката интелигенција?
Вештачката интелегенција, нема шанси да ја симулира човечката.Уствари тоа вештачкото не можи ни да се наречи баш и интелегенција.Повеќе би било како некоја алатка (машина,трактор,мотика,компјутер) која што ќе ни послужи на нас човештвото за завршување на некои работни задачи полесно или за постигнување на некои одредени цели.Човекот си е човек, единствен вид на животно познат на нас до сега кој што размислува и донесува одлуки спрема своето искуство.И ниеден робот вештачки создаден како алатка нема да можи да го прави тоа. Само во мојата моментална омилена тв серија тоа се можи (Terminator The Sarah Connor Chronicles).
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Вештачка интелигенција не е кога плавуша ќе си офарба коса у црно ?
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Воведот е добро објаснет и баш дојдов до една идеа додека го читав текстот. Да претпоставиме дека сме направиле робот во кој ке имаме вградено микрофони (уши), звучници (уста). Микрофонот ке служи како уста со тоа што ке го презема тоа што се случува во надворешната средина, а звучниците ке бидат уста бидејки преку нив ке излегува звукот кој ке го „произведува„ роботот. Ке имаме нозе, раце, камери (очи) и се друго кое што го има човекот, но симулирано преку електрични сигнали. Е сега имаме се, освен мозок кој ке учи (човечки мозок). Бидејки науката не е сеуште стигната до ниво да можеме да испрограмираме програма која ке учи самата, единствено решение е да го префрлиме мозокот од некое човечко суштество во роботот. И не мора да е мозокот, туку само делот кој е одговорен за размислувањето. Со тоа човекот (неговиот мозок), ке биде во роботот и ке може да учи и да размислува. Со тоа добиваме вештачка интелигенција која ке биде иста на интелигенција со човекот, но ке има многу предности (сила, издржливост, па дури и бесмртност).
 
DDvl

Иден Психијатар
Член од
13 април 2008
Мислења
166
Поени од реакции
2
Да се надоврзам на Нео_вмастер:
Еве да речеме и да создадеме вештачки роботски мозок ... никогаш нема да можеме да го научиме на добро и зло, на убаво и грдо, нема да можеме да му вградиме душа ... Бидејќи колку и да биде паметен тој „мозок“ во споредба со вистински тој ќе биде на ментално ниво на 4~5 годишно дете ... така да може да се деси некој опасен бекфајр у софтверот и да завршиме како у Терминатор 3 ...
Така да мое мислење е да не се курчиме со технологија и да ставаме ВИ во компјутери кои чуваат Нуклеарки или било што такво слично, оти сум многу скептичен, плус не треба да се праиме ние како да сме некој бог итн инт ...
Но, сепак може да ја користиме ВИ-то за некои научни ствари као „Дип Спејс Експлорејшн“ или слично, ама не ми се допаѓа идејава вака така ...
 
Јас не кажав да му испрограмираме вештачки мозок, туку да му ставиме мозок од вистински човек (жив човек), со некое хируршки интервенции или не знам што. Душата е во мозокот, и така тој човек ке биде човек, но само во вештачко (роботско) тело.
 
Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
20
Идеите ти се добри neo_waster, но да не избегаме од темата. Значи зборуваме за вештачка интелигенција а не за хируршки интервенции за пресадување на вистински мозок во машина. За жал нема тема за роботи и киборзи на која што сигурно би сакале да можеле да дискутираме. Не мора да се замарате цело време со роботи, иако најголема примена ке има таму. Еве за еден пример ке ви ја дадам играта Counter Strike. Интересно за играта е тоа што програмерот на ботовите ( играчите од играта контролирани од компјутерот) е денес еден од најдобрите програмери за вештачка интелигенција. Играта беше една од револуционерните во врска со вештачката интелигенција. Пример: ако некој ја играл играта сигурно забележал дека после 30 одиграни партии со компјутерот (мислам со ботовите во играта), ке забележите дека после тие одиграни партии, компјутерот е НЕПОПЕДЛИВ. Тоа е факт и прашајте го било кој играч на Counter Strike ке ви го потврди тоа. Но зошто е тоа така. Еве ви пример на начинот на работа на работа на ботовите во играта. Доколку за време на играта успеете да го победите компјутерот така што ке го чекате на некое скришно место и кога ке се појави барајки ве вас, вие ке го убиете односно победите. Но, наредниот пат кога ке започне играта, ботот или компјутерот ке ве чека на истото место каде што вие сте го победиле. Во целиот тек на игра, компјутерот учи од вас како пукате, како се криете, каде се криете за да како што кажав после 30 партии тој е непобедлив. Таа игра е стара 10 години.

А како најстар пример ке ви го дадам шахот. Каспаров знаете дека неколкупати го победи компјутерот Deep Blue и Deep Blue junior, но денес за жал тоа е невозможно и не знам дали веќе играат против компјутерите. Последен пат знам дека играше Крамник во 2006 и после повеќе одиграни партии, Крамник беше "растртен" од компјутерот Фритз за рекордно време. Ако не ми верувате, купете ја шаховската игра Фритз 10 и таму ги има сите партии.
 
Го имам ова забележано во CS. Ова значи дека ако ги ставиме истите ботови во некој робот, но не да имаат цел да убиваат, туку да имаат цел да учат од лугето, тие ке станат доста интелигентни, а после одреден период и ние лугето ке треба да учиме од нив, зошто тие ке имаат поголемо искуство од нас лугето.
 
Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
20
Го имам ова забележано во CS. Ова значи дека ако ги ставиме истите ботови во некој робот, но не да имаат цел да убиваат, туку да имаат цел да учат од лугето, тие ке станат доста интелигентни, а после одреден период и ние лугето ке треба да учиме од нив, зошто тие ке имаат поголемо искуство од нас лугето.
Да се согласувам со тебе. Но како што кажав во почетокот, од научно гледиште, интелигенцијата е пресметливиот или калкулациониот дел од можноста да се остварат одредени цели во светот. Значи кога таа вештачка интелигенција би имала некоја посебна цел, во овој случај да учи од општеството за да му собира информации и да му помогне, тогаш би било добро. Значи тоа е целта. Но таа ВИ би имала свое ограничување, односно нејзините постапки да бидат во склоп со нашето живеење, затоа не треба да не плаши фактот дали таа ке биде поискусна од нас или не, се додека луѓето кои што ја програмираат самата интелигенција се приджуваат кон тие граници или ако може да ги наречам закони.

Еве ви пример како тоа би изгледало од еден руски научник Исак Асимов професор и автор на темата Научна Фантастика.

Three Laws of Robotics

  1. A robot may not injure a human being or, through inaction, allow a human being to come to harm.
  2. A robot must obey orders given to it by human beings, except where such orders would conflict with the First Law.
  3. A robot must protect its own existence as long as such protection does not conflict with the First or Second Law.
можеби ги имате забележано во филмот I robot.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.663
iRobot стил. О, си спомнал за iRobot. Мy bad.

Еден крејзи мадафака од научник ке ја премине границата, and *слика со експлозија од атомска бомба* и крај на човештвото.

Kaко и да, безразлика колку и да е напредна socalled ВИ, гарантирано ке биде употребена во погрешни цели.
Или општеството ке му наштети на човекот со ВИ, или ВИ самата на човештвото.
Незнам каква замисла имате за оваа вештачка интелигенција, но мене прво на ум ми паѓа роботи кои сами си донесуваат одлуки, што може да излезе од контрола.
Премногу scy-fi филмови гледам, сепак.

Сериозно малце, сепак јас таа вештачка интелигенција ја класифицирам под технологија во развиток. Добро би му дошла на човекот ако не премине некои одредени и замислени граници.
Сепак дали човештвото е спремно да се одлучи на таков чекор? На ризикот проследен со тоа?
Но, сепак мислам дека таа вештачка интелигенција нема ни најобична шанса да достигне човечки мозок или човечка интелигенција. Како што спомна ОП.
Од една страна ја подржувам таа вештачка интелигенција и сите бенефиции проследени со неа.
Но од друга не, предвидувајки некои проблеми.
Сепак мислам дека целта им е човечка фигура со свој механизиран мозок за размислување кој донесува сам одлуки.
Јас мислам дека се way далеку, најблиску што ке стигнат нарениве 100/200 год е компјутер голем како соба 10x10m. Но така настанал и првиот персонален сметач, не? Останува да вложиме надеж во оваа ствар, и да се надеваме дека ќе е корисна истотолку како што предвидуваат тие некои си професори и научници.

Се на се, не би му верувал јас на робот доколку неможам да го контролирам. Интелигентите машини sux, although терминатор рулз додека останува само на платно. :)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Najchesto Veshtachkata Inteligencija ili Artificial Inteligence do kade shto jas znam e eden vid na programirana intelegincija so samo odredeni opcii,na primer e programirana da pravi odredeni raboti i samo tie i nikoi drugi,za da mozhe VI da dojde do stepen na chovekovata inteligencija treba da ja programiraat ili da ja ''nauchat'' da uchi od opshtestvoto okolu nea,vo ovoj sluchaj robot so veshtachka inteligencija..preku svoeto iskustvo i zhivot vo negovata sredina i soochuvajki se so odredeni problemi da dojde do stepen na sovrshenstvo bez maanata na chovekot da zaborava odredeni raboti i da sluzhi kako golema pomosh za choveshtvoto i negov napredok.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
temava e taman znaci treba samata programa(glavna VI)da si sozdava SAMA svoi podprogrami da gi kompajlira i izvrsuva..no dodeka uslovite-mora da se ispolnat....Definitivno ostvarlivo 100% no pod robot(mislam deka e ruski zbor) ne mora da podrazbirame masina za koja imame predstava deka e robot...ovie eksperimenti e podobro da se vrsat poveke so komunikacija covek-VI za da se DOKAZE deka VI anlizira sama i si pravi soodvetni programi.....
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Да се надоврзам на Нео_вмастер:
Еве да речеме и да создадеме вештачки роботски мозок ... никогаш нема да можеме да го научиме на добро и зло, на убаво и грдо, нема да можеме да му вградиме душа ... Бидејќи колку и да биде паметен тој „мозок“ во споредба со вистински тој ќе биде на ментално ниво на 4~5 годишно дете ... така да може да се деси некој опасен бекфајр у софтверот и да завршиме како у Терминатор 3...
Ооооо ти сакаш душа да вградуваш. Комплекс на бог да не имаш? Се зезам глупо психијатриско клише.Инаку тој робот ќе биде на ниво на извршување на неколку механички работи.Нема да размислува и да донесува независна сопствена одлука, туку ќе си има одреден програм и според тој програм ќе ја извршува работната задача.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Јас не кажав да му испрограмираме вештачки мозок, туку да му ставиме мозок од вистински човек (жив човек), со некое хируршки интервенции или не знам што. Душата е во мозокот, и така тој човек ке биде човек, но само во вештачко (роботско) тело.
Ako mu stavis mozok be druze TOA e veke CYBORG a ne robot
 
Kajgana Shop

На врв Bottom