Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
А што сакаат циганите од лавот ? Сега треба и одредени животни да обожаваме само. Кравата слободна е или Индија ќе ни се лути ? :pos2:
 
Ај нека биде веќе еднаш. Едвај чекам да го смениме грбот кој го имаме сега!
 
ако е ова што го форсираат медиумиве дека само петокраката ќе се тргала, не менува многу, освен што нема да имаме социјалистичко обележје на него
грбот наш треба да биде како овој :grb:
 
Не ми е јасно за која цел да се модификува грбот на Македонија ? Зошто, што му фали сега како што е ? Мора ли да биде партиски определен ? Што не ќе му текне на Груевски, и мора ли лавчето да стои, зошто да не стојат гулаби два, барем ќе симболизираат на слобода, мир.

Со самото тоа што ќе го сменат грбот, ќе мора да се променат и пасошите бидејќи на нив е грбот, па ќе мора луѓето да ваѓаат нови, со тоа се зголемува буџетот на државата кој оди кај Груески.
 
Лавчето за тебе значи партиски определен, ај тргај учи историја и дојди пак да пишеш на темава.
 
Да беше сега Реален07 ќе речеше ,еве Груески како ќе пери наши пари.Но јас наместо гулаби и лавови предлагам една чавка да се стави на местото од петокраката.Ќе симболизира оти овде на сите чавка им го испила мозокот.Ко ќе нема џаволот работа се знае што прави.
 
Не ми е јасно за која цел да се модификува грбот на Македонија ? Зошто, што му фали сега како што е ? Мора ли да биде партиски определен ? Што не ќе му текне на Груевски, и мора ли лавчето да стои, зошто да не стојат гулаби два, барем ќе симболизираат на слобода, мир.

Со самото тоа што ќе го сменат грбот, ќе мора да се променат и пасошите бидејќи на нив е грбот, па ќе мора луѓето да ваѓаат нови, со тоа се зголемува буџетот на државата кој оди кај Груески.

Попартиски и поидеолошки грб од сегашниов нема, а ти го сметаш лавот за партиски грб, јбг не сум знаел дека ВМРО било и во среден век.
 
А што сакаат циганите од лавот ? Сега треба и одредени животни да обожаваме само. Кравата слободна е или Индија ќе ни се лути ? :pos2:
Види го знамете на Бутушанецот што го направил Пулевски тоа е поим за мултиетничко знаме :nesvest:

Попартиски и поидеолошки грб од сегашниов нема, а ти го сметаш лавот за партиски грб, јбг не сум знаел дека ВМРО било и во среден век.
Македонците користеле различни симболи сонца, лавови, крстови на едно востаничко знаме дури има и еднорок бизарно. Ама речиси секогаш се на црвена основа 99%+ од случаите.
MIJACKO%2BZNAME.jpg

Галичко-Реканско
lazaropole+flag.png

Мијачко
И со еднорогот
Makedonska_kolonija_vo_Petrograd.jpg

Знаме на Македонската колонија во Петроград, Русија од 1914 година. Во колонијата бил и македонскиот деец Димитија Чуповски.

Во горниот десен агол на знамето е прикажан црвен еднорог (коњ, а според некои Букефал коњот на Александар Македонски) исправен на задните нозе и свртен кон десно, поставен во бел квадрат.

Во долниот лев агол на знамето има златно (жолто) сонце со повеќе зраци околу кое со златни (жолти) букви е испишан текстот „ЕДИНА НЕЗАВ“ИСИМА МАКЕДОНÏА (Една независна Македонија). Основата на знамето е со цревена боја.
 
Слушнав една кул идеј да не се менува петокраката=ѕвезда од грбот тука само да се офрба во жолата нали ЕУ и булшит има симболика. Инаку сосема е ОК Лавот да се стави за грб на Македонија и да се врати Сонцето од вергина на знамето. Но откако МК ќе влезе во ЕУ за да уценуваат уште циганите од Југ и нивните жутокљунест татаро-монголски газолижачи од Исток.
Инаку новиот грб изгледа вака: Малку е ко јајце ама нема везе

Без ѕвездата не личи на ништо грбов, убаво ќе беше да ја сменат бојата на ѕвездата во жолта боја , доколку црвената ги потсетува на социјализмот,но не да се одстранува.Петокраката не е само симбол на социјализмот , туку и симбол на моќ.Вака естетски не изгледа убаво , без ѕвездата , и нема никаков симбол , кој демонстрира сила на овој грб , освен ѕвездата , впрочем една од целите на грбот е да ја покаже моќта на државата.Вака , без ѕвездата , искрено ми личи на лого за национален парк.
ЕУ и САД , да не се комунисти со ѕвездите.
 
Јас сакам овој !

xdx.jpg

За грб на Македонија да се користи стилизирана верзија на Ромејскиот двоглав орел, симболот на сите православни, со крст и меч во канџите, и лав во штит на градите. Со тоа би се задоволиле барањата и на патриотите и на Православните и на Албанците, а скоро и на сите други етнички заедници, кои повеќе или помалку користат нешто од овие симболи (Србите орел, Бугарите лав, муслиманите меч...).
 
Убави варијанти се сите варијации на лавот а и овој на Ајсшутер е одличен предлог.Навистина треба да размислат и да се ослободиме од сегашниов.Многу бе земјоделски грб да му се сневиди.Уште комбајн фали...
 
Ти не си арен дечко! Лавот е Македонски симбол со векови, тоа што ВМРО го избрал и за нив партиски симбол е друга работа, си ја ценат и почитуваат историјата и наследствата. А мултиетнички и незнам какви етнички симболи и знаци не ни требаат. На крај одлучува мозинството. Не тропајте глупости од овде до онде само за да направите муабет. Партиските фрустрации се смешни кога ги искажувате на прашања од државно ниво. Јас не сум член на ниту една партија па лавот ми е на место, го сакам и почитувам овој симбол. Ако е петокраката жолта зар нема да биде политизиран грбот ? Сдс имаат жолта петокрака. МАКЕДОНСКИ СИМБОЛ а не симболи на мирот и љубовта, сакате хипичкиот знак од 60 тите да го ставиме може?
Само ние и Белорусија си ги имаме старите комунистички грбови , чукнете се во тоа главите еј !!! :tapp: 20 години одкога ставивме крај на тој систем, преболете го веќе еднаш.
 
Јас сакам овој !

xdx.jpg

За грб на Македонија да се користи стилизирана верзија на Ромејскиот двоглав орел, симболот на сите православни, со крст и меч во канџите, и лав во штит на градите. Со тоа би се задоволиле барањата и на патриотите и на Православните и на Албанците, а скоро и на сите други етнички заедници, кои повеќе или помалку користат нешто од овие симболи (Србите орел, Бугарите лав, муслиманите меч...).

Овај е веќе српски грб.
 
Овај е веќе српски грб.

Двоглав орел со крст и меч во канџите - симбол на сите православни Македонија, Србија, Русија, Бугарија, Србија итн и Русите го користат орелот па српски ли симбол користат.
Што е српско тука јас не гледам, по можност и тоа да го остават Боже чувај ја Македонија.
 
33463F67B844E647A775406586B7362A.jpg

Земскиот грб од 1620 година е идеално решение за македонски државен грб. Би можел само малку да се корегира или стилизира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom