Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
Откако Гоце Делчев и Даме Груев позеленеа, Св. Климент се распука. Само два месеци откако беше поставен, споменикот од Скопје 2014 кој беше поставен спроти Соборниот храм, денеска беше корегиран. Го заваруваа со оксигенски боци.
Од српската леарница велат дека на споменикот се појавило белило што е нормална појава, но на снимките се гледа дека Св. Климент е пукнат на две места, најверојатно поради недоволно длабокото леење.
„На споменикот н му се случи ништо, туку бојата, како што вие лаиците, а ние ја нарекуваме патина, едноставно делови од неа почнаа да реагираат на овие метеоролошки услови и онаму каде што има поголема концетрацијата на карбит, се појавува белило. Затоа ние дојдовме, за да интервенираме, да го исчистиме тоа и да ја изедначиме вештачката боја со која е премачкан целиот споменик“, изјави Гордан Раденковиќ.
Нејасно останува зошто белилото што наводно се појавило на споменикот денеска се корегираше со бронзени прачки и оксигенски боци, а на нивното место останаа крпеници од заварувањето.
За овој проблем уште минатиот месец во медиумите укажаа професори по ликовна уметност:
„Вистинскиот проблем е во тоа што шевот, односно спојката на деловите не е направен како што треба, поради што тие пукаат. Спомениците се леат во делови, а потоа дополнително се спојуваат. Мислам дека овие споменици не се убаво споени. Местото каде што треба да се спојат деловите од споменикот, треба да се лее подлабоко и очигледно тука е направена грешката. Пред неколку дена оваа појава ја забележав и на споменикот на Свети Климент“.
И споменикот на Мајка Тереза е леен во српската леарница, но таму не може да се забележат ниту пукнатини, ниту пак белеење.
Споменикот од Скопје 2014 кој чини 185.000 евра се крпи само два месеци по неговото поставување. Слична судбина имаа и спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев кои оксидираа по шест месеци.
Бронзата од која се излеани овие споменици ќе оди на анализа ако спомениците позеленат уште еднаш, вети градоначалникот Тодоровиќ.
Главниот проект на Владата кој веќе ја надмина сумата од 50 милиони евра, уште недовршен, почна да ги раѓа своите недостатоци.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=134277