Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување
Откако Гоце Делчев и Даме Груев позеленеа, Св. Климент се распука. Само два месеци откако беше поставен, споменикот од Скопје 2014 кој беше поставен спроти Соборниот храм, денеска беше корегиран. Го заваруваа со оксигенски боци.

Од српската леарница велат дека на споменикот се појавило белило што е нормална појава, но на снимките се гледа дека Св. Климент е пукнат на две места, најверојатно поради недоволно длабокото леење.

„На споменикот н му се случи ништо, туку бојата, како што вие лаиците, а ние ја нарекуваме патина, едноставно делови од неа почнаа да реагираат на овие метеоролошки услови и онаму каде што има поголема концетрацијата на карбит, се појавува белило. Затоа ние дојдовме, за да интервенираме, да го исчистиме тоа и да ја изедначиме вештачката боја со која е премачкан целиот споменик“, изјави Гордан Раденковиќ.

Нејасно останува зошто белилото што наводно се појавило на споменикот денеска се корегираше со бронзени прачки и оксигенски боци, а на нивното место останаа крпеници од заварувањето.

За овој проблем уште минатиот месец во медиумите укажаа професори по ликовна уметност:

„Вистинскиот проблем е во тоа што шевот, односно спојката на деловите не е направен како што треба, поради што тие пукаат. Спомениците се леат во делови, а потоа дополнително се спојуваат. Мислам дека овие споменици не се убаво споени. Местото каде што треба да се спојат деловите од споменикот, треба да се лее подлабоко и очигледно тука е направена грешката. Пред неколку дена оваа појава ја забележав и на споменикот на Свети Климент“.

И споменикот на Мајка Тереза е леен во српската леарница, но таму не може да се забележат ниту пукнатини, ниту пак белеење.

Споменикот од Скопје 2014 кој чини 185.000 евра се крпи само два месеци по неговото поставување. Слична судбина имаа и спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев кои оксидираа по шест месеци.

Бронзата од која се излеани овие споменици ќе оди на анализа ако спомениците позеленат уште еднаш, вети градоначалникот Тодоровиќ.

Главниот проект на Владата кој веќе ја надмина сумата од 50 милиони евра, уште недовршен, почна да ги раѓа своите недостатоци.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=134277
 
Бранителите доаѓаат од Загреб во Скопје





Споменикот на македонските бранители наскоро ќе дојде во Скопје директно од Загреб. Спомен-обележјето се лиеше во загрепската леарница за уметнички дела „Ујевиќ“ и веќе извесен период се наоѓа во нејзиниот двор подготвено да биде транспортирано во Македонија. Неофицијално, лиењето во бронза чинело два милиона евра.Споменикот се изработува по нарачка на Општина Центар. Оттаму не соопштуваат детали. Не кажуваат ни колку ќе биде висок споменикот ниту, пак, од каков материјал е изработен. Само посочуваат дека леарницата е избрана на меѓународен тендер, како што се правело и со останатите леарници во кои се изработуваат другите споменици од проектот „Скопје 2014“. Единствено, потврдуваат дека станува збор за спомен-обележје што ќе биде потсетник на воениот конфликт што ја зафати Македонија во 2001 година.

Споменикот ќе биде поставен на влезот во паркот „Жена-борец“ спроти портата „Македонска борба“, каде што веќе извесен период се гради постаментот за спомен-обележјето. Двата објекта, всушност, ќе претставуваат целина што треба да симболизираат периоди од поновата македонска историја, осамостојувањето (портата) и конфликтот (споменикот). Засега останува мистерија кој е автор на делото „Македонски бранители“ и што претставува тешкиот товар, кој во форма на некаква голема топка, го носат луѓето врз своите плеќи.

Инаку, леарницата за уметнички дела „Ујевиќ“ е формирана во 1982 година и досега во неа се изработени повеќе од 20.000 скулптури. Во неа се изработувани дела на најпознатите хрватски скулптори, но и на странски уметници. Скулптурите излеани во оваа леарница се наоѓаат низ целиот свет, во Австрија, Монако, САД, Аргентина, Австралија. Набрзо и во Македонија. (Б.А.)

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=687C532E2EA01440A3FAEBF92867252F
 
2 милиони се бааги пари (како и за другите скулптури), сигурно се можело и со многу поефтина варијанта
Засега останува мистерија кој е автор на делото „Македонски бранители“ и што претставува тешкиот товар, кој во форма на некаква голема топка, го носат луѓето врз своите плеќи.
И мене ме интересира што означува топката/товарот. И зошто се претставени полуголи, само по панталони...такви скулптури се вајаат вообичаено како поим за работничка класа, рудари, ударници, работници. Можеби има исклучоци, можеби авторот ќе објасни што мислел со ова дело.


Btw (заради претходните дилеми околу учеството на македонски фирми) и РЖ институт учествува во овие проекти, појаснување од директорот на институтот
10.02.2011
Викендов јавноста имаше можност да го види споменикот на македонскиот ајдутски водач Карпош, скулптура во чија изведба учествуваше РЖ „Институт“ како економски оператор

 
2 милиони се бааги пари (како и за другите скулптури), сигурно се можело и со многу поефтина варијанта
Тие 2 милиони може и да излезат малку/многу повеќе со текот на времето.
Можело да биде и со ангажирање на наши работници, т.е. на наш терен да се леат скултурите, а не да се оди на таа варијанта да се прават во Италија, Хрватска и појма немама каде уште.
И мене ме интересира што означува топката/товарот. И зошто се претставени полуголи, само по панталони...такви скулптури се вајаат вообичаено како поим за работничка класа, рудари, ударници, работници. Можеби има исклучоци, можеби авторот ќе објасни што мислел со ова дело.
Топка? Мислев дека некој од новинарите има погрешено нешто, па чекаме исправка... полуголи (ноу комент)


Btw (заради претходните дилеми околу учеството на македонски фирми) и РЖ институт учествува во овие проекти, појаснување од директорот на институтот
10.02.2011
Викендов јавноста имаше можност да го види споменикот на македонскиот ајдутски водач Карпош, скулптура во чија изведба учествуваше РЖ „Институт“ како економски оператор

Пред недела дена одвоив време да поминам и да видам каков е баш тој споменик (Карпош) и многу повеќе ми се допадна изработката (иако го гледав од горе-од мостот) отколку лавовите на мостот пред владата.
 
Тие 2 милиони може и да излезат малку/многу повеќе со текот на времето.
Можело да биде и со ангажирање на наши работници, т.е. на наш терен да се леат скултурите, а не да се оди на таа варијанта да се прават во Италија, Хрватска и појма немама каде уште.Топка? Мислев дека некој од новинарите има погрешено нешто, па чекаме исправка... полуголи (ноу комент)


Пред недела дена одвоив време да поминам и да видам каков е баш тој споменик (Карпош) и многу повеќе ми се допадна изработката (иако го гледав од горе-од мостот) отколку лавовите на мостот пред владата.
Ова е сликата од утрински.

71F0E4D6DD18BC4DA13AE07BE304BFE7.jpg



Ако весникот не погрешил во илустрација на споменикот на бранителите, тоа зад нив е белег во облик на топка (а можда и не е, на прв поглед така личи) со некои вдлабнатини.
До денеска не дознав на пример што симболизира споменикот во Струмица
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=FA346EC6C597A948AC6D901033C98385
 
Со кој памет ја ставиле ГЛАВАТА на Александар? Ко да е пресечена и оставена на послужавник личи...
Сериозно, по глуп „споменик“ од овој на аеродромот неам видено. Додуша имам (едноставно - листата на глупи споменици во Скопје е преголема), али овој сигурно спаѓа во топ 10.

tlhIngan maH! :)
 
Ова е Ајфеловата Кула?
Споменик правен да го видат дури од Мароко, а не посетителите на Скопје.
 
Ова е Ајфеловата Кула?
Споменик правен да го видат дури од Мароко, а не посетителите на Скопје.
Ќе се качуваме на кале (ќе се наплаќа и карта за туристи) за да не ни се измести некоја жила на вратот гледајќи нагоре накај Ацета. :(
 
Фонтаната ќе биде прекрасна,еве и за споменик на Александар Македонски сум,ама мора ли со олкави димензии???Па ова ќе се гледа од вселената.
 
Па да, тоа е целта. Кинескиот Ѕид, Ајфеловата Кула и нашиот споменик.
 
а што е она десно од првата слика што се гради таму?
 
а што е она десно од првата слика што се гради таму?

Летниковец. Или како и да се вика тоа...знаеш, као што има у парк на брдо, она за седење. Само видиш - помодерно :icon_cool
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom