Значи дека и двајцата прилично се привлекуваат еден со друг.
Мислам дека воопшто нема некој во предност,нема некој што зема,а некој што дава.
И машкото и девојката уживаат во тоа и е комплетно доброволно.
Сепак,во секој случај,секс на почетокот на врската може и негативно да влијае,бидејќи понекогаш не треба уште на почетокот да се користат сите бенефити од заедничкото постоење.
Упростено,ако некои двајца,имаат секс уште на почетокот,сексот меѓу нив ќе стане нормална појава уште веднаш,без никаква мистерија која ќе остане да се открива во понатамошниот дел од врската.
А нормалните работи-преминуваат во монотонија.
Монотонијата...во пропаст.
Затоа,не треба да се брза за се веднаш да се открие,иако,во некои случаи кога страста е преголема и реално постои чувството дека тоа е вистинскиот момент,тогаш е оправдано.
