Сепак, машките по дифолт треба да си почекаат за секс. Не да ја молат, ама кога и таа ќе се согласи на тоа, тогаш.
Девојче, ти веројатно не си ни свесна дека ваквите заклучоци што самите (ние жените) си ги носиме контрираат на нашите залагања за еднаквост, права, модерни а не балкански сфаќања, избегнување на стереотипи, лепење етикети и ред други појави што ти сигурно ги презираш, а во суштина самата ги предизвикуваш.
Време е и ти и сите со вакви сфаќања да си го проширите малку видикот и да воочите дека сексот е
взаемен однос меѓу двајца (и повеќе) различно или исто полови партнери, по согласност на двајцата.
Што тоа треба да чека машкото? Зошто ја поставуваш жената на супериорна и одлучувачка функција по ова прашање?
Во однос на темава. Прашањево е излишно, а одговорот зависен од многу фактори, општ и некатегоричен.
Го тргам настрана губењето невиност и зборам само за сексуално активни партнери.
Кога ќе запознаам некој што ме привлекува, сексот може да се случи првиот ден, а може и по 3 месеца, и тоа нема никакво скриено значење, планови, страв да не ме заебел или не знам што, туку едноставно со факторот „кога ќе испадне-тогаш“.
Кога јас и мојот нов партнер во момент на страст и напаленост ќе се најдеме во услови погодни за секс, тогаш секс и ќе има и воопшто нема ни да размислувам за околните фактори од типот дали ќе ме сметаат за лесна или дали ќе ме откачи после ова, затоа што ги сметам за ирелевантни, чак и глупави.
Се работи за потреба која двајца луѓе меѓу кои има хемија нема потреба да ја опструираат. За секс реално (доколку не се опседнуваш со „што ќе рече светот“, „дали после ова ќе ми се јави“ или „не го сакам, може да ме искористи“) е потребна физичка привлечност и игра на случајот која ќе доведе до таков акт, а дали ќе ми се јави утредента или ќе ме смета за лесна ми е сеедно.
Ако ме смета за лесна зошто без предрасуди сум имала секс со него набрзо по нашето спојување, ондак е закоравен балканец (како повеќето за жал) кој не го ни сакам во мојот живот.
Да ме искористи, сте спомнале претходно. Како би било тоа можно се прашувам? Се работи за взаемно задоволство, взаемно исполнување на нагони, взаемно добро (или лошо, како ќе испадне) поминато време, па ако после сексот ме откачи нема да сметам дека ме искористил туку дека едноставно не сум му се допаднала. Ако веќе има корист, тоа може да е единствено ВЗАЕМНА корист, дакле фифти фифти сме.
Друга работа, квалитетот на сексот може да послужи како одлична основа за понатамошно развивање на емоции од љубовен карактер.
Од друга страна, ако чекам јас 6 месеци да иам секс, а за тоа време сум се приврзала и на крај долгоочекуваниот секс испадне тапа, значи дека залудно сум губела време и ќе бидам дополнително разочарана ако тој партнер не ме исполнува на сексуално рамниште исто како што ме исполнува на емоционално.
Подобро секс па љубов, зошто ако е лош сексот нема ни да се заљубиш, а ако се заљубиш па испадне тиње во кревет-налет, така да подобро е да провери територијата пред да се насели.
Сума сумарум, кога веќе сум сексуално активна, не гледам никаква логична причина зошто би го мачела партнерот и себеси со целибар до одреден рок, кој ќе биде определен од глупави фактори шо реално врска немаат и на тој начин никако не си во добивка.