Промовиран новиот спот на Милчо Манчевски Macedonia-timeless

Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Видеово на почеток е парче! Браво! Го симнувам одма.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
и сајтот..за прв пат сите работи на едно место...одличен архив
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Браво!Вакви работи ни требаат а не бистрење политики.:oeoeoe:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.443
Го ставив видеото на Јутуб, може да го погледнете тука:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ми се допаѓа :vozbud::vozbud::vozbud:
И видеото и сајтот за почеток е одличен :pipi:

Милчо Манчевски се покажа како вистински професионалец и одлично си ја заврши работата. Се надевам и следните видеа ќе се одлични.:smir:

Од утре ќе се прикажува на CNN видеово а потоа и на други познати телевизии низ светот :pipi:
 

CharlesBukowski

coito ergo sum
Член од
5 декември 2008
Мислења
107
Поени од реакции
2
Ова е тоа што требаше од секогаш да биде. Засекогаш.:wink:
 

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.915
Поени од реакции
167
ау ми се насолзиа очите и целиот сум наежен

браво за Милчо, не се ни сомневав дека ќе биде добро
прекасно

Macedonia-timeless
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
спичлес сум. преубаво склопено!
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ете пример на професионализам а не на партиски протекционизам.

Прекрасно видео, браво за целиот тим.
 

Ivka

Алхемичарка
Член од
1 февруари 2007
Мислења
300
Поени од реакции
4
Екстра баш ми се допадна многу убаво скоцкано .
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ауф... прекраснооо :vozbud:

Линков и документите и податоците кои ги има ќе ги заболат јужните педери :zlo:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
„Македонија вечна„ новиот спот на Милчо Манчевски

Спотот „Македонија - вечна“ на Си-Ен-Ен

Извор МИА
24.12.2008 11:04
За спотот се потрошени 190 илјади евра
„Македонија - вечна“ е насловот на спотот за светска туристичка промоција на Македонија во режија на Милчо Манчевски што Министерството за култура денеска го промовираше во Музејот на современа уметност.
„Најважно ни беше да направиме проект по највисоки стандарди, без извинување и без оправдување оти татковината се брани со квалитет. Спотот ќе почне да се емитува утре нa католички и протестантски Божиќ кога сите седат дома, на Си-Ен-Ен и на уште пет други канали“, рече на промоцијата режисерот Манчевски.
Приказната на спотот е за едно девојче кое преку една волшебна сликовница патува во една земја на чудата - Македонија, што според Манчевски, ќе биде привлечно за туристот или добронамерникот да се запознае со македонското културно и природно богатство.
Премиерот Никола Груевски истакна дека спотот е одличен почеток од одличен мајстор како дел од еден поширок проект кој покрај претставувањето како туристичка дестинација има за цел брендирање на Република Македонија.
Манчевски: Татковината се брани со квалитет
„Со овој спот на почеток сме на една нова ера во презентацијата на Република Македонија. Треба да бидеме горди со природните убавини и културното наследство. Навистина Македонија заслужува тоа да го види и светот. Ако не го покажуваме на ваков начин нема да има сознанија дека тоа постои. Како и многу други земји во светот Владата на РМ се одлучи за ваков чекор во кој што ќе инвестираме за да потоа да добиеме многу повеќе“, рече премиерот Груевски.
Тој информира дека веќе е започната законската процедура за изработка на уште пет спота од кои еден ќе биде од општ карактер како и денеска промовираниот, а останатите ќе бидат тематски и посветени на брендирање на македонското вино, за македонската археологија, за убавините на македонските цркви, манастири и џамии, а еден спот ќе биде посветен на Охрид, како туристи најпосетено место во државата.
За поддршка на кампањата изработена е и веб-страница www.macedonia-timeless.com , преку која ќе може да се влезе во стотици други сајтови за Македонија и градовите, вклучувајќи ја и практичната цел туристот да може директно да букира авионски билети, престој во хотели и друго.
Емитувањето на „Македонија - вечна“ ќе почне утре на Си-Ен-Ен и на Си-Ен-Ен Интернешнл, а ќе продолжи во други десетина земји на уште осум јазици.
Материјалот за едноминутниот спот почна да се снима во октомври, на локации во Преспа, Велес, Прилеп, Крушево, Охрид, манастирот Св. Јован Бигорски, Кокино, Стоби, Курбиново, Конопиште, Скопје.
Спотот е во продукција на „Сенка филм“, финансиран од Владата и Министерството за култура со буџет од 190 илјади евра.




Што мислите за спотот?
Дали мислите дека ова е вистинскиот начин за представување на Македонија како туристичка дестинација?
Поради технички причини уште не сум го видел спотот па би ве замолил малце и за квалитетот да прозборите, за содржините и за пораката која со овој свет се праќа во светот...
http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=08/macedonia-timeless-24-12.wmv&VestID=102144
 

Kajgana Shop

На врв Bottom