Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
“Чарлстон за Огњенка“ (анг. "Tears for sale" или "Charleston vs. Vendetta", срб. Чарлстон за Огњенку).
Српски филм, чинам снимен во 2008 година. По Првата светска војна, машкото население во Србија е сведено на минимум. Дејството се случува во селото Покрп (измислено е), каде Огњенка и сестра и Мала Богиња се професионални “плачки“ за на погреби (викаат, корнат коси, гребат лице). Во Покрп има останато уште еден маж, дедо Бисо, кој по вина на Огњенка умира.
Преостанува на сестрите да донесат друг маж во селото, затоа што во спротивно ќе бидат живи изгорени.
Филмот е малку чуден, има доста пагански елементи, врачарење, легенди, привиденија. Има и доста експлицитни сцени со водење љубов во мртовечка кола и сл.
 
Buried
Пред да го гледам иосоно ми имаше кажано дека или ќе ми биде крајно лош или крајно ќе ми се допадне,затоа кога го пуштив ме фати страв дека ќе се згрчам од клаустрофобичните сцени....Среќа не испадна така :) .
Дополнителен коментар не е потребен после десетици рецензии од други форумџии кои го препорачаа.

9/10
 
Shanghai (2010)

shanghai-movie.jpg

Оваа драма со John Cusack и Ken Watanabe во главните улоги се случува во Шангај за време на втората светска војна, кога Шангај е единствениот поголем кинески град кој не е целосно под контрола на јапонците. Пол Соамс (Cusack) е новинар кој се наоѓа во градот обидувајќи се да го најде убиецот на својот најдобар другар, и неговите мотиви. Во неговата потрага, влегува во средина на пресметката помеѓу кинескиот отпор за кој работи убавата Ана Лан-Тинг и јапонската полиција на чие чело во градот е инспекторот Танака (Watanabe).

Трејлер, со напомена дека открива малку повеќе отколку што треба:


Филмов потсетува на црно белите филмови од 40-60тите во кои се решава некакво убиство. Направен е во тој стил со нарација во позадината, но со добри ефекти и убава кореографија. Ликовите се добро одработени а актерите одглумија на врво ниво. Се чини дека фали некаква покрупна приказна за филмот да биде топ остварување, можеби главниот фокус требаше повеќе да биде на она што ќе го открие Соамс а кое беше очигледно уште од самиот старт. Можеби приказната во еден момент требаше да тргне во друга насока.

Во секој случај, допадлива драма. 7/10.
 
Stone

Neka ne ve lazat slikite, kako sto me izlazaa mene.

Jas cekav nekoj onaka epten klishe film, covek nepravdano e osuden (Fellon kinda type), piknat vo nekoj evil zatvor, i tamu ima nekoj bad ass warden, koj iako nema fajde sepak my go pravi zivotot pekol na naseto nevino drugarce, ima nigeri-siluvaci, ima white trash-pedofili, i wanna be meksikanci. Cekav onaka, go gledas covekot kako na pocetok vleguva kako uplasena macka pred 10 kucinja, i kako "evoulira" so tek na vreme i stanuva ruthless killer.

Deka zgresiv, zgresiv.

Ne e film za sekoj, za mene ne bese ama maka mi bese srede film da prestanam da gledam. Znaci ako go downloadirate za da vidite nesto od pogore napisanovo, ne go downloadirajte.

Ocenka od 1 do 10, 5 ili 8, zavisi dali gi sakate vakvite filmovi.
 
images

Решив новата сезона да ја почнам со овој филм....и ................средно жалосно......Филмот немаше некоја којзнае каква поента или цел (барем мене така ми делуваше) всушност станува збор за еден љубовен триаголник или да кажам шестоаголник.Почнува филмот се запознаваш со глумицте и додека се свестиш дошол расплетот и крајот а мегу време не се случува ништо освен неколку глупи и непотребни сцени.Можеби имам одбивност према овие филмови поради сивилото кое е присутно и кај нас...(нели дека српски па тука сме) .Како и да е од мене добива 3/10 поради неколкуте добри реченици кој кажани на Српски звучат уникатно.
 
The Medusa Touch 1978

MV5BMTQ2NDg3MTc3MF5BMl5BanBnXkFtZTcwOTkwNTEyMQ@@._V1._SY314_CR1,0,214,314_.jpg


Во филмот се работи за новелист, телекинетичар Џон Морлар (Ричард Бартон) кој може да предизвика смрт или катастрофа со тоа што само ќе помисли на тоа...Започнува со убиство кое детективот Брунел(Лино Вентура) треба да го разреши...Доволно е ова како рецензија :).

Комбинирањето на одличната глума, неизвесноста, визуелните ефекти и навистина напнатата музика е она што го прави филмот едно големо ремек дело, кој го гледал верувам дека ќе се сложи со мене. После долго време, добар филм.

Филмот е потценет и заборавен, навистина не знам од каде таа смешна оцена на ИМДб од мене има чиста 10ка и топло го препорачивам за оние кои сакаат постари и вистински филмови :)
 
BURIED 2010
Не знам како да ви кажам ама мислам дека ова на форумот прераснува во традиција. Кога некој ќе каже дека нешто е така, на пример еве му се допаднал филмот , и право сите после него се согласуваат "да така e".
Јас сум изгледа првиот со понегативна рецензија :)

Прв филм во новата година. После толку рецензии шо ги прочитав тука мораше да го гледам. Кратко само за приказната.Човек се буди закопан под земја, во ковчег но барем има запалка колку да знаеме што се случува таму. Стварно не знам како да го изрецензирам филмот. IOsono http://forum.kajgana.com/member.php?11099-IOsonoINTERISTA кажа или го мразиш или го сакаш, но јас не го мразам не го ни сакам :). Дејството се одвиваше во една линија, немаше тензија, немаше заплет. Сега ќе каже некој "Како немало тензија" па, и јас посигурно би се чувствувал
со мобилен таму долу, со можност за комуникација отколку да им ги видам лицата на тие ѕверови
. На крајот некако го спасија филмот, нема да кажам бидејќи ќе е спојлер нормално.
И, го предвидов крајот. И сега немојте да скокнете и да ме прашувате како сум го предвидел, како на еден член шо го нападнавте за Se7en, не ми текнува кој беше.
Не го предвидов на почетокот, туку кога имаше услови за тоа, т.е.
кога агентот му се јави
.

Има прелазна оцена од мене.
6.5/10
 
Dark City

После толку добри филмови изгледани со ред, морав да налетам на нешто лошо. За почеток да си признаам, СФ филмовите ми се најнеомилени, но сепак гледам по некој зашто знаат и да погодат нешто по мој вкус. Е овој филм не спаѓа во таа бранша.

Еден човек се буди и не се сеќава на ништо. Загубата на неговата меморија е поврзана со еден план на вонземјани кои вршат експеримент врз луѓето. На патот кон откривањето што му се случува на човекот и кој е планот на вонземјаните, јас целосно се изгубив во приказната., едно од досада и друго од на моменти комплетна нелогичност. Има милион недостатоци. Прво, нема никаква напнатост во филмов, втора работа приказната и самото дејство не ти дава да се поврзеш со јунакот. Он и вонземјаните си се бркаат ти си гледаш и не заземаш страна. Баш до толку ме отапе. Башка, една од главните улоги ја толкува Џенифер Конели, актерка која ама баш и не ја сакам, зашто го има истиот вкочанет израз во сите нејзини улоги, како да ја мрзи да глуми.

Филмов е побаајѓи стар, ама до сега немав чуено за него. Го зедов по препорака, а и читајќи ја приказната накратко на ИМДБ си помислив дека ќе гледам нешто возбудливо. Грешка. Она што е поинтересно е што мојот вкус очигледно не се совпаѓа со мнозинството, гледам дека вообичаено критиките на гледачите за филмов се феноменални. Особено во делот на технологијата. За неа воопшто и не спорам. Но технологијата сама по себе не може да направи добар филм, тоа е само финеса. Dark City има безброј дупки во приказната, кои верувам дека секој што не и придал примарно значење на технологијата употребена во филмот ќе ги забележи.

Можеби оние што сакаат СФ филмови веднаш ќе ме побијат, но мене филмов не ми се допадна воопшто и уште еднаш си потврдив зошто овој тип на филмови не ги сакам.
 
perfume-story-of-a-murderer-dvd-cover-1.jpg

Не знам зошто чекав толку време за филмов. Можеби затоа што никогаш не сум сакал да прочитам книга па да гледам филм, затоа што обично филмовите скоро никогаш не ја доловуваат книгата онака како што треба - во целост.
Ова е првиот филм кој што не само што ја долови книгата, туку и ја прикажа на еден пофасцинантен начин.

Главното дејство се одвива во Париз околу Жан Баптист Гренуи кој се раѓа со неверојатна дарба да чувствува мириси на огромни далечини и да ги распознава.
Тој ќе сака да научи како може да зачува нечиј мирис. Оди да работи како помошник на италијанецот Џузепе Балдини кој е познат по правењето на одлични парфеми. Од Париз, заминува за Грас каде ќе ја научи тајната на „заробување“ на мирисот и со тоа ќе почне да работи на создавање на совршениот парфем.
Она што всушност ја прави приказната интересна е темната страна која се јавува во неговата личност и последиците од неговата цел.

Филмов, како преработка од мене би добил 9 од 10, затоа што во една сцена на крајот каде што има премногу статисти, некако слабо се искоординирани и синхронизирани меѓу себе.
Како и да е, вреди да се прочита книгата - ама за оние кои не сакаат да читаат, филмов (за разлика од сите други based on a book movies, како што кажав) може комотно да ја замени.
 
Orphan

MV5BMTU0NjQzNjg2Nl5BMl5BanBnXkFtZTcwNzc3NzA0Mg@@._V1._SX214_CR0,0,214,314_.jpg


Во еден ден 2 хорори, без сон ќе останам...:)

ВО филмот се работи за маж и жена кои од неодамна ке го изгубат нивното трето дете уште пред да се роди и за да ја надополнат таа празнина што ја чувствуваат ке посвојат 9 годишно девојче кое и не е толку невино како што изгледа на прв поглед.
Филмот има интересна приказна, непредвидлива, барем за мене не беше. Одлично сценарио, одлична скрипта. Добро оформен карактер посебно на Истер, а она што ме фасцинираше најмногу е глумата на малото девојче, ни секунда на трепнав навистина има потенцијал во неа.

8/10 И го препорачувам +...Наздравје
 
The Stoning of Soraya M.

Тежок емотивен филм инспириран од книга со вистинска приказна кој најверојатно ќе ви ја упропасти вечерта за романтичната вечер ако го гледате со госпожата заедно. Филмот е оригинално со арабски тајтл барем поголемиот дел од него но во холивудска продукција па затоа нема да изостанат добрите костими, ефекти и сите неопходни елементи во еден холивудец.

Дејството се одвива во мало иранско село некаде во средината од 90-тите и се занимава со една човечка приказна, како религиозните и општествените норми можат да бидат само инструмент за исполнување на ниските човечки аспирации. Од друг аспект може да се види колку чини животот на една жена во таквите рурални краишта но сепак мислам дека слично нешто може да се случи и кај нас но секако со друг епилог.

Глумата во филмот е на високо ниво како и фотографијата
 
Buried (2010)

Пред да бидам нападнат со постови од стилот ,,Како можи толку ниска оценка на вакво дело да му дадеш ‘‘ и сл. ќе кажам дека филмов не ми се бендиса поради неповрзаноста во филмов т.е некои видни грешки и пропусти. Плус низ целиот филм имав напади на клаустрофобија :vozbud: (знев дека ќе ги имам и затоа ме привлекуваше да го гледам). Глумата е одлична, единствената добра страна СПОРЕД МЕНЕ во филмов.

Оцена - 6/10 :smir:
 
Green zone
жанр-политички трилер-акција.
Само накратко-
Филмот го гледав поради еден факт -што во екипата се Пол Гринграс(режисер) и Мет Дејмон во главна улога(екипата од Борновата трилогија).
Главната тема е оружјето за масовно уништување кое се бараше во Ирак пред 5-6 години и заради кое започна војната.
Голем плус во филмов е што не е класичен холивудски воен филм во кој се слави херојството на Американската армија и нивната надмоќ над другите.
Мал минус е глумата,и некои од актерите на кои едноставно не им одговараат вакви улоги.(а и Greg Kinnear ми е едноставно антипатичен како актер).

7/10
 
2 месеци ми седеше у колекција негледани филмови и денес некако се наканив да го гледам...

Revolutionary road

Познатото дуо Ди Каприо и Винслет не` водат во 50тите во некое мало место во Конектикат САД. Тој работи во агенција и води доста успешен живот во поглед на работата. Таа на почетокот глумица во театар подоцна останува дома како домаќинка. НАвидум идеално, тука се покажува колку всушност парите и успехот не се се` во животот. Приказна за индиферентноста, за американскиот начин на живот во 50тите (кога нели тие имаат највисок стандард во светот), за скриените незадоволства.
Многу слично со American beauty
Според мене една солидна 9ка.

Истотака Синоќа гледан The prestige... Ќе го гледам пак!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom