Последен гледан филм со кратка рецензија

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Knowing



Филм со Николас Кејџ кој спаѓа во жанрот на научна фантастика,мистерија,трилер.
Режисерот нѐ враќа 50 години наназад, во 1958 година кога се случува еден чуден настан на свечената училишна церемонија. Учениците добиваат задача да нацртаат слики кои подоцна ќе бидат сместени во временска капсула. Но една мистериозна девојка наместо да црта, пишува бројки. По педесет години група ученици ја истражуваат содржината на капсулата, а листот со бројки завршува во рацете на младиот Калеб Костлер. Неговиот татко, професорот Џон Костлер само што ќе го погледне листот ќе сфати дека тоа е енкриптирана порака со датуми и координати на сите поголеми катастрофи кои се имаат случено во изминатите 50 години, како и предвидување за голема катастрофа која допрва ќе дојде. Џон тогаш ќе се обиде да ги предупреди властите, но тие не му веруваат. Така, тој решава самиот да преземе нешто бидејќи сосема е сигурен во вистинитоста на кодираната порака.

Оценка:7.5/10
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
The Happening



Случајно вчера го начекав на ХБО, кога ќе видиш актерска екипа наместо имдб, често пати ќе се зезнеш. Mark Wahlberg и Zooey Deschanel, посебно се разбира понежнава страна, Zoooey, ептен ми праи мерак, така интересна фаца ми има :)

Околу филмот, дејствието е во ЊуЈорк, токсични супстанци испуштаат дрвјата што човечкиот мозок го наведуваат на самоубиство. Другото понатака го знаете, двајцава погоре се обидуваат да преживеат бегајќи од отровите кои ги испуштаат лутите и разочарани дрвја :)
Тоа е во главно целиот филм, некои сцени содржат доста нелогичности, неинтересни и глупи дијалози, по ова мислам дека и следува така лошата оценка од имдб.

Моја оцена: 5/10

 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
The orphan


Трилер хорорче со језиво неочекувани сцени на клише поглед од навидум мило девојченце. Коа го глеате филмот си помислувате веќе видена приказна.. значи семејство посвојува 9годишно девојче кое на почетокот добро се уклапа со нивната хармонија. Но потоа се појавуваат сомнежи кај мајката дека девојчето не е толку мило и финичко како што си изгледа, но нели никој не и верува. А секако дека она е во право. Има неочекуван расплет што мене ме остаи подзината, немав апосолутно никаква идеја дека тоа би можело да се случува. Ми се допаѓаа језивите моменти кои ме тераа да пискам, на празно. Буквално, по страшното музиче не се појавуваше некоја ретардирана фаца што ќе го дигне адреналинот, само нема ништо и останува да си се тешиме дека итс ол ин јор хед бејби. Одличен филм, некои сцени ги гледав дури и повеќе пати. Оцена 8.5/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
За тој што почна црвен картон за тие што направија калакурница жолт.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Vicky Cristina Barcelona



Скарлет, таа е фактор број еден што го изгледав филмов. Имаше нешто посебно што ме привлекуваше во овој филм (покрај Скарлет), на почетокот се беше така непосебно во приказната, но сепак супер драма каде што дејствието се одвива во нормална брзина, наместо да има некое тупење какво што сум навикнат да гледам во ваквиот вид на драми. Актерска екипа врв, се разбира увек имам такво мислење кога е Скарлет меѓу актерите (не ради актерски перформанс, се разбира :)), но покрај ова, Пенелопе Круз, ко и увек одглуми одлично, јесда немаше голема минутажа али сепак, совршено се вклопи нејзиниот акцент, како и нејзиниот шпањолски јазик. Околу филмот да додадам дека музиката беше ѕверска, онаа традиционална неповторлива шпанска музика, одлично вклопена во овој филм на Вуди Ален.

Накратко две другарки, летото го поминуваат во Барселона каде што ќе сретнат еден тип, понатака се е поврзано со типот, стварно незнам што повеќе да објаснам околу приказната а да не закачам некој спојлер :)

Оцена: 8/10

Тhe Thin Red Line



Поима немам како сум го испуштил филмов, исто како што немам поима зошто откако го даунлоадирав, толку време филмов го чекаше плејот. Еве премиерата ја доживеа, еден од моите омилени жанрови, драма/војна (WWII).
Браво за актерите и тука, не баш омилениот Шон Пен, ѕверот Адриен Броди, и од некаде ќе се појавеше Џон Кјузак, и Вуди Харелсон (кој патем доживеа незгода :)).
Да не речам анонимус, но режисеров и те како не ми е познат, нема везе, филмов добива висока оценка кај мене, иако гледам дека испаднал тежок губитник (не потежок од Аватар :baeh:), но 7 ебани номинации ... :/

Како и да е, не ми се допадна тоа што за време на акцијата или потоа, се мешаа некои сцени на жената, ми расипуваше некако филинг сето тоа. Инаку се работи за борбата на Американците против жутите, островска битка се разбира, друго ништо посебно.

Оцена: 8/10
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
CHAOS


Рецензија немам одамна пишувано, ама немав ни филм убаво изгледано одамна. Само шо го изгледав филмови и морам да признаам ме воодушеви. Одамна немам гледано еден волку добро акција\трилер филмче. Одлични глумци, уште подобра приказна иако на почетокот ти изгледа како веќе видена:vozbud::vozbud:
Ако напишам нешто повеќе ќе почнат спојлери да фрчат на сите страни, а нејќам да пишувам со спојлери, така да изглдајте го филмчево стварно вреди
Оценка 9/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Imaginarium of Doctor Parnassus


Последниот филм на Хит Леџер кој поради неговата смрт беше досниман подоцна со учество на Џони Деп,Колин Фарел и Џад Лоу.
Ако си играте со ѓаволот кој ја има вечноста на располагање и обожава да се обложува со вас се со цел да си го пополни времето подгответе се за сплеткарење.Приказна за маѓионичар кој се нагодува со него за да ја освои бесмртноста за подоцна да го бара спротивното.Но се си има последици по маѓионичарот,секој нов облог...
Интересен филм за гледање.Сепак за мој вкус малку претерале со имагинацијата и компјутерската технологија.
7/10
 
H

HITCH

Гостин

A day in the life of an American family who come together to put a beloved husband and father to rest. As mourners gather at the family home, shocking revelations, festering resentments, ugly threats, blackmail and a misdirected corpse unleash lethal mayhem.

8/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020

A day in the life of an American family who come together to put a beloved husband and father to rest. As mourners gather at the family home, shocking revelations, festering resentments, ugly threats, blackmail and a misdirected corpse unleash lethal mayhem.

8/10
Aмериканците со нивниот нигерски плагијаторски хумор.



Овој во споредба е поѕверски што со горчливо-смешниот акцент доловуваат една горчливо-смешна реалност.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.558
Поени од реакции
2.521


Antichrist (2009)

(Дуо) драма од Lars von Trier со Willem Dafoe и Charlotte Gainsbourg.

На еден брачен пар ќе им умре детето, жената паѓа во длабока депресија и маж и кој е терапевт, се обидува самиот да и помогне.

Бајги спор, целиот филм се врти околу психоанализа, не е за секого пошто има некои гадни сцени и доста :sekss:.

Глуп филм, не би го препорачувал, заедно со Idioterne (1998), од истиот режисер. Некој друг што го гледал да ми каже дали филмов имаше некоја поента, ебате филмот, да ти се смучи животот. :icon_eek: :)
 
Член од
7 март 2007
Мислења
197
Поени од реакции
12
Aмериканците со нивниот нигерски плагијаторски хумор.



Овој во споредба е поѕверски што со горчливо-смешниот акцент доловуваат една горчливо-смешна реалност.

Има ли колку толку добра снимка на новава црнечка копија? Оригиналот е една од најдобрите понови англиски комедии.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
42
Поени од реакции
1
Lucky luke (2009)​

http://www.impawards.com/intl/misc/2009/posters/lucky_luke_ver2.jpg


Ептен добра комедија.. ме потсети на времињата кога го даваја „Таличниот Том“ на МТВ1 а воедно и интересна приказна 9/10 - З’ш е на Француски :)

The Illusionist​

http://deafwords.files.wordpress.com/2009/06/2006_the_illusionist_wallpaper_0012.jpg

Најдобриот сплет на трилер,мистерија,романтика кој што сум го гледал во животов. Прекрасна приказна и најнеобичнен крај... т.е. постојат 2 кулминации едната е кон средината на филмот а другата ( реалната ) се прикажува на крајот.. шо му дават на овај филм чиста десетка 10/10

Seven Pounds​

http://4.bp.blogspot.com/_Llxf0Z81zHA/SQsKOgekJ8I/AAAAAAAAB6M/ethOqs1PjyU/s1600/sevenpounds-willsmith-poster-full.jpg

Опишан живот на еден човек кој што ке помогне и целосно ќе ги смени животите на 7 луѓе кои што воопшто не ги познава. Целиот план би бил успешен доколку не се зближи и заљуби во последната личност.. Инаку кажано Не Смејт Да Се Пропуштит!!! :) позз толку од мене ..
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.008
Поени од реакции
18.814


Добро значи човек деновиве не може да налета на асален филм, таман мислев дека ќе изгледам некој пристоен филм со сценарио што може и ќе ме заинтересира, не бре брате мораше да се усере филмов и да заврши
ко типична романтична драма
. И прво се израдував на почетокот и си викам фала курцу и Вил Фарел да сними асален филм у неговата кариера (плус и Дастин Хофман видов дека глуми, што ми даваше надеж за филмов). И на почеток стварно и делуваше на нешто многу добро, инаку поконкретно се работи за човек (Вил Фарел) кој што работи како даночен службеник и кој освен својата работа и не знае ништо друго во животот. И така станувајќи насабајле обавувајќи си ги своите рутинирани должности, момаков почна да слуша наративен глас кој што ги прераскажуваше сите оние активности кои што тој ги правеше во моментот т.е почна да му го раскажува животот. И све беше ок се додека не слушна нешто што не му се свиѓаше, е тука доаѓа заплетот и тоа ви го оставам на вас да си го изгледате. Ипак ќе кажам филмов на почеток имаше голем потенцијал, а се претвори во филмски медиокритет, иако на ИМДБ мислам дека има 8 ја не му давам повеќе од 5.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
245
Поени од реакции
12
Se7en (1995)

Добар филм од почеток малку досаден ама како продолжуваше се поинтересен стануваше. Се работи за двајца детективи (Brad Pitt и Morgan Freeman) од кои едниот се спрема да заминува во пензија но
ке им доделат еден случај со сериски убиец (Kevin Spacey) кој ке биде многу тешко да го пронајдат.
Се на се одличен филм и треба да се изгледа.

9/10
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ми тргна гледањето филмови деновиве :wink: . Го гледав The House of Devil, кој беше пофален во некои постови. Интересен филм, сниман во стилот на осудесеттите, што воопшто не е лошо и е прилично оригинален пристап. Не е тајна дека најдобрите хорори се снимени во 70 - тите и 80 -тите. Она што ми се допаѓа кај овој жанр, посебно во б- категоријата, е тоа што најчесто (иако причините за тоа се главно од финансиска природа) во нив играат релативно непознати, но талентирани глумци што прави приказната да изгледа пореалистична. Режисерот е принуден, наместо на некоја ѕвезда, да се потпре на нешто друго, ако сака успешен филм.
Да се разбереме,
сценариото е мошне предвидливо
, но за чудо филмот не губи ни малку од својата силина и успева да ве држи напнат цело време. Без премногу непотребни дијалози и тупења, на моменти и без логика (тоа е длабоко сум убеден одлика на повеќе хорори која е многу успешна - зошто главниот лик не го гледа она што е очигледно за сите гледачи и си го бара со боринче :ija:???).
Единствено имам забелешка за последниот дел од филмот, кој е премногу сличен со Rosemary'Baby и со тоа губи малку од автентичноста
. Се на се` интересен филм кој заслужува да се погледне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom