Не сум пишала на темава одамна. Многу филмови ми поминале низ рака, но еве што би издвоила.
Seven Pounds.
Не знам зошто, но мислам дека Вил Смит не сум го видела подобро да глуми во ниту еден друг филм. Секогаш бил некоја извештачена фаца, ми делувал аматерски и дури ми бил одбивен за гледање. Затоа и толку го одолговлекував овој филм. Мило ми е што пријатно се изненадив од него, а и од прикажаната приказна која е несекојдневна и трагична. Приказна за тоа на што се` може да биде спремен човек, доколку има грижа на совест за некоја негова голема грешка. Интересен филм кој го препорачувам и кој би го оценала со 8/10.
Edge of Darkness.
Мел Гибсон е Мел Гибсон! Нема филм со овој човек кој не ми оставил впечаток, а тоа мислам дека е само поради него. Посебно кога има некоја улога како голем наивко или крајно посветен татко кој би сторил се` за своите деца. Тука е токму тоа ... татко, во чии раце паѓа застреланото тело на неговата ќерка. Понатамошните негови реакции и дела, за да ја дознае причината за тоа убиство и да се освети, едноставно воодушевуваат. Го сакам, мамата негова. Пристрасно, една 9,5/10. Мх, мх, мх!
Bangkok Dangerous.
Уште еден одличен филм, во одличен глумец во главната улога - Николас Кејџ. Филмов е нешто постар, но тоа не го прави ништо помалку вреден за гледање од било кој друг, напротив. Осамен тип како што е тој во филмов, може да има многу малку професии, а една од нив е атентатор. Сме гледале многу такви филмови, но овој дефинитивно би го сместила некаде на врвот, меѓу најдобрите. Навидум едноставна приказна, но се гледа во еден здив и после тоа, барем мене, ништо друго не ми беше интересно.
Одлична, одлична 10-ка!
На кратко по збор два имам за следниве филмови:
Avatar: не знам како го гледаат другите, но мене навистина ми е просечен филм. Не би трошела време да го гледам пак. Можеби за 10 години, ако го заборавам скроз.
2012: Ништо ново и посебно, дури и предосаден филм кој би бил поинтересен можеби кога би му се одземал 1 час гњаважа.
Agora: Прочитав тука за овој филм и веројатно имав преголеми очекувања, па затоа малку и се разочарав. Добар е, но не е вреден баш за целата врева што ја крена. Посебно се изиритирав што крајот испадна како што цело време претпоставував. А што би било друго ...
И така