Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Agora (2009)

agora-poster.jpg

Еве нешто од имдб за филмов пошто што да напишев поинаку ке го расипев филингот(Рејчел Вајс одлично глуми а најверојатно слабо е гледан филмов ради христијанската црква која најверојатно не би се сложила со тематиката иако е за поштовање)
-
A historical drama set in Roman Egypt, concerning a slave who turns to the rising tide of Christianity in the hopes of pursuing freedom while also falling in love with his master, the famous female philosophy professor and atheist Hypatia of Alexandria.

на имдб има 7.3 јас давам една 9ка :) (иако сум христијанин филмов е маст си за да се сфати точно каква била и е христијанската црквата и како ја злоупотребувале библијата во свои цели)

the-notebook-poster1.jpg

Во петокот го гледав The Notebook. Филмот е од 2004 и не знам како го имам пропуштано до сега. Немам зборови, до сега дефинитивно најдобра љубовна драма што ја имам гледано. Глумата и емоциите кои се испреплетуваат се неопишиви со зборови, тоа мора да се види.

Инаку станува збор за забранета љубов за време на еден летен распуст од страна на родителите, на релација богат-сиромав. Минува време, бидува што бидува и после 7 год. тие пак се среќаваат ..
 
The Count of Monte Cristo (2002)

countmc.jpg

Ovoj film e baziran na knigata od Aleksandar Dima, koj se inspiriral od vistinska prikazna za covek predaden od site sto gi smetal za prijateli i koj bara odmazda. Jas mislam deka e eden od najdobrite filmovi na site vremeinja i ne smee da se propusti.
 
Во петокот го гледав The Notebook. Филмот е од 2004 и не знам како го имам пропуштано до сега. Немам зборови, до сега дефинитивно најдобра љубовна драма што ја имам гледано. Глумата и емоциите кои се испреплетуваат се неопишиви со зборови, тоа мора да се види.

hahahah. Филмов е правен според книга. hahahaha
 
Се враќам од "пензија" само заради филмов. Добитникот на оскар за најдобар филм од не англиско говорно подрачје, аргентинскиот, El secreto de sus ojos. Нема да замарам со долга рецензија, ќе ви кажам дека толку емоции во еден филм немам видено (ниту во Синема Парадизо), според мене филм на денценијата (во најмала рака). Филм кој секој филмофил мора да го погледне.

Cartel-nuevo-de-el-secreto-de-sus-ojos1.jpg

п.с. За ефектот да биде целосен, најдобро би било да го гледате сами или максимум со уште еден.
 
Shutter Island (2010)

shutter-island-poster.jpg

Ме изненади неоригиналноста на филмов. Не затоа што филм мора да биде оригинален за да е добар, туку затоа што се работи за трилер/мистерија, а такви филмови имаме изгледано толку многу што ако не е нешто оригинално, стануваат предвидливи, мистеријата се губи и се оди по ѓаволите. Така ми беше барем мене: на пола филм, ако беше и до пола, после сцените во кои ја замислува жена му во прегратка, па прегратката со другата жена во болницата и прикажувањето на мртвото девојче, веќе е јасно (и сериозно, не го чепкајте спојлеров ако не сте гледале)
дека тој е пациентот. Мала Sixth Sense финтица...
Многу провидно и после тоа нема што да се гледа. Згора на тоа, филмот е издолжен претерано.

Глумата е на ниво со оглед на актерската екипа и сигурно дека не е така лош филм за гледање, но мислам дека е преценет и дека е еден од најслабите филмови на Скорсезе. Да беше некој рандом режисер, веројатно немаше да очекувам ништо од филмот и повеќе ќе ми се допаднеше.

Сите сакаат да се возат на возот LOST...

6.5/10
 
Многу ме мрзи во последно да пишам рецензии, а имам многу за кажување. Многу изгледани филмови деновиве. Ќе го издвојам филмот кој најмногу крена прашина изминатиов период.
Avatar
Го гледав на кино, не во 3D. Ќе пишам накратко затоа што на подолго немам време и желба баш за овој филм да пишам.
Ефектите и анимацијата се извонредни, тука нема збор, чиста 10ка. Ама изгледа ресурсите требало да ги потрошат на некоја подобра приказна.
Мислам, приказната од кај све не е крадена. Најпрво може да се забележи сличност со филм на Дејвид Линч, Dune, па од добро познатиот Покахонтас за чија споредба имав прочитано и пред да го гледам филмот и веќе ко го изгледав навистина се уверив дека е така. :toe:
Трето, филмот украл елементи од еден мини серијал Dinotopia со вашиот омилен Вентворт Милер. Кој го гледал овој 4 часовен минисеријал сигурно би се потсетил што е украдено. Моментот кога ги припитомуваат суштествата кои летаат (во Динотопија е со Скајбексите (ако добро се сеќавам дека така се викаа) ), и сите останати сцени со тие суштества потсеќаа на тоа.
И за накрај, последната борба да ме потсети на елементи од Star Wars.
И за уште понакрај, многу се нервирам шо
Баже ко ќе го прочитат ова ќе ме карат :toe:.
 
Fourth Kind Четвартиот вид со Мила Jовович е много добар филм и кажуват дека е по реален случаj. Мислам имаше го поназад во тема , филмот е сликан во Бугариjа во Витоша и мислам е добар тип на реални психотреjлери.
 
Shutter Island (2010)

shutter-island-poster.jpg

Ме изненади неоригиналноста на филмов. Не затоа што филм мора да биде оригинален за да е добар, туку затоа што се работи за трилер/мистерија, а такви филмови имаме изгледано толку многу што ако не е нешто оригинално, стануваат предвидливи, мистеријата се губи и се оди по ѓаволите. Така ми беше барем мене: на пола филм, ако беше и до пола, после сцените во кои ја замислува жена му во прегратка, па прегратката со другата жена во болницата и прикажувањето на мртвото девојче, веќе е јасно (и сериозно, не го чепкајте спојлеров ако не сте гледале)
дека тој е пациентот. Мала Sixth Sense финтица...
Многу провидно и после тоа нема што да се гледа. Згора на тоа, филмот е издолжен претерано.

Глумата е на ниво со оглед на актерската екипа и сигурно дека не е така лош филм за гледање, но мислам дека е преценет и дека е еден од најслабите филмови на Скорсезе. Да беше некој рандом режисер, веројатно немаше да очекувам ништо од филмот и повеќе ќе ми се допаднеше.

Сите сакаат да се возат на возот LOST...

6.5/10

Потполно се согласувам со тебе. Филмов е веќе видена приказна, и мене ми е многу сличен so
A Beautiful Mind
и е премногу предвидлив. Во секој случај единствено нешто што ми се допадна во филмот беше извонредната глупа на Леонардо ДиКаприо и му давам 10/10.

Во продолжение еве што сум гледал синоќа.

Psycho1.jpg

Нема да пишувам рецензија ( знам дека е против правилата ) затоа што ќе ви го расипам филингот на тие што не сте го гледале а планирате да го гледате. Значи филмов е, како да се изразам...Нешто неверојатно! Да направиш таков филм со таква приказна и толку одлично се да биде скоцкано во 60 тите години од минатиот век е нешто неописливо. Гледајте го филмот и споделете импресии. Go Hitchcock Go! Следен на листата ми е Birds ( Птици ) пак од Алфред Хичкок.
 
Match Point
matchpoint.jpg

Интересна драма за еден сиромашен ирски тенисер кој се откажува од активно играње на тенис и се преселува во Лондон каде станува инструктор на богати клиенти во еден клуб. Се запознава со богато момче со кое почнуваат да се дружат. Од таа дружба тој ја запознава сестра му и свршеницата на богатото момче. Сестра му ја жени, а со свршеницата почнуваат афера која подоцна ќе донесе интересен сплет на настани............

Мене многу ми се допадна филмот, Скарлет Јохансон одлично глуми, оцена 9/10.
 
Голема фама се дигна околу Shuter Island, а повеќето од добрите познавачи на трилер/мистерија филмовите се сложуваат дека филмот дури е и под просечен. Филмот не е ништо оргинално, туку е веќе видено, но како што рече еден член погоре, кој слободно може да се нарече дека е одличен познавач на филмот како жанр, не е потребна оргиналност за да некој филм и допре до гледачите во вистинска смисла.

После Sixth Sense и Beautuful Mind, се друго што ќе се проба да се направи во овој стил ќе биде веќе видено и публиката нема да биде воодушевена. Островот Шатер залажа со тоа што во Америка постигна рекордна гледаност, што резултираше рајава да го побара филмов ( некои тек да се заебат и да идат у Рамстор да дадат 150 денари , како ја на пример ) и после тоа да нема импресии којзнае какви. Еве некој кој е воодушевен од филмов баш сакам да ми објасни што е добро во филмов ?!

На имдб мислам дека има оцена 8.1, ја би му дал едвај 6, и тоа благодарение на одличната глума на Ди Каприо, за што сите се сложуваме.
 
Das weisse Band

belalenta.jpg

Многу повеќе очекував од овој филм кој има освоено многу награди на меѓународни фестивали, а беше номиниран за најдобар странски филм за овогодинешните оскари.Со право не го доби оскарот, тој аргентинскиот филм е многу подобар дефинитивно.
Во филмот се опишува животот во едно германско село пред втората светска војна. Нема посебна приказна, се опишуваат животите на неколку семејства во селото. Раскажувач е селскиот учител, тој на почетокот вели дека се случуваат многу чудни работи во селото, кои почнуваат со несреќата на докторот кој паѓа од коњ.
Но за мене такви чудни работи воопшто не постојат. Се гледа дека во селото има многу нечесност, а прикажана е и големата строгост кон децата кои не се послушни.
Филм без добро сценарио, глума просечна, не би имало што да се научи. Не го препорачувам на никому, беспотребно изгубени два часа.
 
Не ми се пишуваше воопшто рецензија за филмов, само сакам да го потврдам твоето мислење. Филмот е изгубено време, воопшто не ми е јасно како се нашол во номинирани филмови. Некој обид за автентичен црно-бел филм од 30-тите, ако е тоа она што им се допаднало на луѓето. Аргентинскиот филм El secreto de sus ojos (2009) заслужено ја освои наградата за најдобар странски филм, далеку е и пред овој и пред холивудските филмови од 2009.
 
мн јако филмче мора да го гледате се работи као еден воз ќе снема сопирачки и ќе излета од шините а во него има атомска бомба старо филмче али мн јако...!
 
Remember Me 2010
moz-screenshot-7.png
remember_me_2010_movie_poster1.jpg

Кога го видов филмот дека е со овај мадафакерот и неколку коментари за филмот реков сег адојде времето за добар филм годинава иако е драма и романса се разочарав вкрај и е добар само за женските кои го сипатизираат Роберт Патинсон и мо=ат да го видат во подобро издание од вампир во тлилајт зоне Во романтичната драма Запомни ме, Роберт Pattinson игра Тајлер, бунтовен млад човек во Њу Јорк, кој има напнати односи со својот татко (Pierce Brosnan) разделени уште од трагедија на неговото семејство. Тајлер да не мислеше дека некој би можеле да се разбере она што се случуваше во текот на денот, додека тој се состана Ally (Emilie de Ravin) која истотака има трагедија во нејзиниот живот но преку запзнавањето со неа поради идмазда за нејзинот татко ќе се вљуби во неа и ќе најде мир . Љубовта е последната работа на неговиот ум, .преку нивната љубов, тој почнува да најдете среќа и значење во неговиот живот
абе што да ви кажавам од целиот филм вредат само десет минути и моја оценка 5/10
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom