Последен гледан филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
ОК /gone/87 ти го избришав мислењето не навлегувајте во полемики, еве јас ќе објаснам:

Околу спојлерите: кажано е безброј пати веќе, бидете внимателни. Избегнувајте да зборувате нешто за крајот на филмот. Ако веќе морате, употребете нешто како : крајот беше необичен, крајот ме изненади, крајот ме разочара, крајот беше освежување... Одберете нешто, ама не кажувајте дали е хепиенд или не е.

Mac)), за среќа, филмов е сосема нетипичен така да што год мислиш дека ти се расипало со постот, не е така (за среќа). Слободно гледај го да не откривам повеќе.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Спасен сум. :)
Абе види, нека кажува кој што сака, ама нек го стави во спојлер таг.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
ОК /gone/87 ти го избришав мислењето не навлегувајте во полемики, еве јас ќе објаснам:

Околу спојлерите: кажано е безброј пати веќе, бидете внимателни. Избегнувајте да зборувате нешто за крајот на филмот. Ако веќе морате, употребете нешто како : крајот беше необичен, крајот ме изненади, крајот ме разочара, крајот беше освежување... Одберете нешто, ама не кажувајте дали е хепиенд или не е.

Mac)), за среќа, филмов е сосема нетипичен така да што год мислиш дека ти се расипало со постот, не е така (за среќа). Слободно гледај го да не откривам повеќе.
ОК;)
но ме изненади тоа што МАЦ многу негативно ми одговори,ама како што и самиот кажуваш не открив нешто многу значајно......можеби погрешно се изразив,можеби МАЦ сфатил погрешно...:toe:
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Ке напишев за Гран Торино рецензија ама гоне дома му направил филмски фестивал...Само да надополнам дека во филмот недостасуваат звучни ефекти,како и кадрите кои ги фаќа камерата не се баш нај нај но who cares кога Иствуд одлично глуми воен ветеран во азијатско маало.

The Sixth Sense (1999)

Искрено за филмов немав намера да го гледам се додека Mac)) на еден од неговите предходни постови го стави на ниво на Se7en.

Психологот Малком(Bruce Willis) по примањето на наградата, во својот дом ненадејно е посетен од екс пациентот кој за неуспешното негово лекување го обвинува Малком и го "ранува" со пиштол а веднаш потоа се самоубива.
Една година подоцна Малком има нов случај ,9 годишниот Кол(Haley Joel Osment) кој ги има сличните "симптоми" со предходно споменатиот пациент.Kako што спомна Mac)) филмов спаѓа во оние филмови кои додека ги гледаш не те оставаат да трепнеш и ништо незнаеш што ќе се случи следно.

9/10
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Malice (1993)

Еве едно одлично класично трилерче со заплети, пресврти и тако даље.

Приказна за еден среќен брак во кој и двајцата посакуваат да имаат деца. Трејси е учителка, Енди е професор во колеџ. По кратко време во нивниот живот влегува Џед, доктор и поранешен школски другар на Енди, сопругот на Трејси, и тогаш работите почнуваат да се движат во чуден правец...

Актерската екипа одлична: Alec Baldwin, Nicole Kidman, Bill Pullman. Филмот заплеткан како старите добри трилери од тоа време. (reference: Primal Fear, Final Analysis....) Добро, можеби не толку. Сепак, добар избор кога ви се гледа трилер.

8/10

The Sixth Sense (1999)

Искрено за филмов немав намера да го гледам се додека Mac)) на еден од неговите предходни постови го стави на ниво на Se7en
А јас мислев не останал ни еден што веќе не го гледал. Sixth Sense е masterpiece за мене. Можеби најмногу затоа што кога го гледав немав апсолутно појма каков филм е и затоа ме извади од памет.

I see dead people...

Класика...
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
А јас мислев не останал ни еден што веќе не го гледал. Sixth Sense е masterpiece за мене. Можеби најмногу затоа што кога го гледав немав апсолутно појма каков филм е и затоа ме извади од памет.

I see dead people...

Класика...
Абе јас кога излезе филмот бев во минус со годините па и да го гледав тогаш што ке разберев освен хорор причата( а воопшто не е тоа ),па не сум направил грешка што го гледав сега филмчето:).Ме фасцинира.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318

Стара воена акција режирана од Клинт Иствуд, во која главен лик е самиот тој. Во негов препознатлив стил, истата глума од Гран Торино, потполно истата, само друго сценарио.
Овојпат Клинт Иствуд е воен ветеран кој последните години пред неговото пензионирање ќе ги помине како наредник на еден marine squad. Притоа ќе стане ноќна мора на маринците, ќе ја сруши нивната недисциплина и ќе воведе строг ред... подоцна ќе мора да замине со тие маринци во акција. Сето понатака што би кажал би било спојлер :)

Значи, солиден филм, кој сака да го види Клинт Иствуд во уште еден филм како воен ветеран што гази се пред себе и што чесно служи на америчката армија нека го гледа. Мене неговата глума ми остави навистина добар впечаток.

7/10
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
My Cousin Vinny

Двајца пријатели, Стен и Били одат во Алабама на одмор. Таму ќе бидат помешани со некој други двајца убијци и ќе бидат уапсени. Тогаш Били ќе дознае дека има роднина кој е адвокат. Го повикуваат Вини за да им биде нивен адвокат на судењето. Тој кој само пред 6 недели завршил правен факултет ќе го има своето прво судење, и заедно со неговата свршеница ќе се обидат да ги спасат Стен и Били од погубување.

Премногу добро трилер/комедија филмче. Му давам 8.5/10. :)
 
I

Intex

Гостин
Прво го загледав Alphabet killer, ама ептен глуп и монотон беше, па решив следниот да го гледам:

Babylon A.D. 2008

Приказната премногу нереална, и глупа. Ефектите никакви. Џабе потрпшов саат и пол на таков филм.
Оценка: 5/10 (иако и тоа е премногу)
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Прво го загледав Alphabet killer, ама ептен глуп и монотон беше, па решив следниот да го гледам:

Babylon A.D. 2008

Приказната премногу нереална, и глупа. Ефектите никакви. Џабе потрпшов саат и пол на таков филм.
Оценка: 5/10 (иако и тоа е премногу)
За филмов можам да ти кажам дека е копија на Children of Man ако не ти/ви е гледан гледајте ги двата и спроедете.
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Percy Jackson and the Olympians: The Lightning Thief

Токму така, најновото дело од Холивуд. Сепак актерската екипа составена од Пирс Броснан,Ума Турман како и Шон Бен ме натера да го зирнам... се работи за Грчката митологија, Зевс,Посејдон самиот наслов кажува, момчето Перси и Олимпијците... тоа е тоа, би требало ова да ви биде дополнителен предизвик за да седнете и да му се посветите на филмчево.

јас би го оценил како филм од кој сум имал најмногу очекувања и притоа разочарал, т.е. најпреценет филм во 2010 од моја страна :tv:

6.5/10
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Mary and Max (2009)

Последниве неколку месеци гледав доста добри анимирани филмови: Up, Ratatouille, Wall-E(од малце поодамна), воодушевен бев од сите нив да, ама од никој како овој за кој ќе пишам кратка рецензија.

Значи филмов дефинитивно е најдобриот анимиран кој сум го гледал некогаш. Да не се разбериме погрешно, анимацијата и ликовите се океј на ниво, прикажани се доста уникатно и необично, но сценариото е тоа што го прави филмов уникатен и одличен. Врв.

Црн хумор, сатира, иронија... све во едно, склопено на генијален начин. Отпрвин мислев дека ќе гледам цртан филм првично наменет за помладата публика, да речиме под 15 години. Не, филмов е како и за нив (иако нема да сфатат повеќе од 50 посто од шегите), така и за релативно постарата публика (не над 50).
Јас сум просто воодушевен, дефинитивна препорака.

Некаде прочитав дека бил правен според вистинска приказна. Причина плус да го гледате.:)

10/10.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
The Pianist

долго му се токмев да го гледам, и конечно вчера го изгледав.
Базиран врз вистинска приказна, филмот дефинитивно го сместувам меѓу ремек делата. Одлична потресна приказна ...

Да не го тупам многу, кој би гледал филм за една животна приказна во Втората светска војна, нека го гледа.

Оцена: 10/10
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
,, New York, I Love You ,,

Najdobriot za 2009...must see..ne gubete vreme..New York..deset prikazni...deset reziseri (Fatih Akin,Natali Portman debi,Brad Ratner i dr.)...pretezno za ljubovta..srekna...nesrekna...muzikata fenomenalna....se naj..ne vredi da se pisuva,aj pod hitno pred TV...9/10
 
T

Tetro

Гостин
Mary and Max (2009)

Последниве неколку месеци гледав доста добри анимирани филмови: Up, Ratatouille, Wall-E(од малце поодамна), воодушевен бев од сите нив да, ама од никој како овој за кој ќе пишам кратка рецензија.

Значи филмов дефинитивно е најдобриот анимиран кој сум го гледал некогаш. Да не се разбериме погрешно, анимацијата и ликовите се океј на ниво, прикажани се доста уникатно и необично, но сценариото е тоа што го прави филмов уникатен и одличен. Врв.

Црн хумор, сатира, иронија... све во едно, склопено на генијален начин. Отпрвин мислев дека ќе гледам цртан филм првично наменет за помладата публика, да речиме под 15 години. Не, филмов е како и за нив (иако нема да сфатат повеќе од 50 посто од шегите), така и за релативно постарата публика (не над 50).
Јас сум просто воодушевен, дефинитивна препорака.

Некаде прочитав дека бил правен според вистинска приказна. Причина плус да го гледате.:)

10/10.
дефинитивно еден од најдобрите анимирани филмови за 2009-тата :helou:

10/10 и од мене
 
Kajgana Shop

На врв Bottom