Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Road Trip




Во филмов се зборува за еден тип кој има женска, но се на различни факултети. Не се гледаат, само се допишуваат, праќаат видеа, постојано се јавуваат, односно љубов преку жица. :pos2: Како и да е, тој ќе се сними како има секс со друга женска, и на грешка ќе и го прати видеото на својата женска, Тифани. Кога ќе му текне што направил, со своите другари се упатува кај женска му, да стигне таму пред да стигне видеото, за да не го види таа. Но, по патот се случуваат многу проблеми и интересни работи...

Според мене: 10/10 :wink:

Btw, дознав дека од филмов има и втор дел Road Trip 2: Beer Pong, моментално го спуштам, па утре би требало да го гледам и ќе ви пишам импресии.
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Boy|nLove; [IMG напиша:
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/thumb/6/60/Blind_side_poster.jpg/225px-Blind_side_poster.jpg[/IMG]

Интересно е тоа што годинава Сандра Булок ја гледаме во три различни улоги, во комедиите The Proposal/All About Steve, и во оваа прекрасна спортска драма „Слепата страна“. Генерално моите очекувања се исполнети, според содржината не очекував нешто нај-нај филм, но оценките и воедно добрите критики на критичарите, а и можна и номинација за Оскар. Но според мене Сандра Булок има шанси да добие номинација за најдобра главна глумица, затоа што дефинитивно го покажа своето. Big Mike е момче кое доаѓа од фамилија во која и двајцата родители немаат чувства и не се чувствува домашната атмосфера, па талкајќи низ улица, Леј Ени (Сандра) се сожалува и го прима во својот дом. Солидно дело, одлична глума!

7.5/10 :wink:
Конечно го видов. Не очекувајте 80% од филмот да биде рагби, повеќе драма елементи има.
За мене, бледа копија на Форест Гамп. И Бенџамин Батон (Бред Пит) беше исто. Следат пример за успешен филм. Веќе видено. Јасна е насоката во која ќе се одвива филмот уште по 15-20 минути. Сандра Булок, :drk: , ми потврди дека уште е на врвот, перфектна за секаква улога. Растура, има посебен стил.
Се на се, лесен филм за гледање, и не зажалив за потрошените 2 саата.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10
A Perfect Getaway



A Perfect Getaway (2009)
http://www.imdb.com/title/tt0971209/

Чуден филм кој во исто време сака биде и авантура и трилер со хорор елементи. Од таа салата излегува некоја чудна и досадна психоделија. Во сценариото нема ништо опипливо што би можел да го ставам како плот.
3/10 само заради добрата фотографија и неодоливата Мила :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085


Во Hannibal Rising се разкажува за младите години на Ханибал Лектор ,како тој од младо момче кое живее во семејната куќа,но по војната(втората светска војна) се ќе биде изменато (целата фамилија е мртва а неговата помлада сестра е „изедена“ од ссовците). 8 години после настанот тој тргнува по одмазда на неговата сестра...

Според мене 6/10 затоа што со нов режисер и нови глумци Ханибал Лектор не е најдобро претставен...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
A Perfect Getaway



A Perfect Getaway (2009)
http://www.imdb.com/title/tt0971209/

Чуден филм кој во исто време сака биде и авантура и трилер со хорор елементи. Од таа салата излегува некоја чудна и досадна психоделија. Во сценариото нема ништо опипливо што би можел да го ставам како плот.
3/10 само заради добрата фотографија и неодоливата Мила :)
Филмов заслужува многу повеќе него бедни 3/10 според мене.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
A Perfect Getaway



A Perfect Getaway (2009)
http://www.imdb.com/title/tt0971209/

Чуден филм кој во исто време сака биде и авантура и трилер со хорор елементи. Од таа салата излегува некоја чудна и досадна психоделија. Во сценариото нема ништо опипливо што би можел да го ставам како плот.
3/10 само заради добрата фотографија и неодоливата Мила :)
Ти го читам постов и не можам да поверувам, па за филмов може да се каже најмалку дека е солиден. Не знам дали воопшто го догледа, ја не видов никаква психоделија дур го гледав, ниту па филмот сака да биде авантура, он си е чист трилер. Ако тоа што една брачна двојка оди на свадбено патување на Хаваи го прави авантура тогаш тоа нека си остане твое индивидуално толкување. Во филмот има лудило пресврт во сценариото, иако може да се претпостави дека тоа е една од опциите кои би можеле да се случат, сепак мора да се каже дека е интересен и тензичен. Е сега крајот малце не ми е по ќеиф, кога ја би го пишувал сценариото филмов сосема поинаку ќе завршеше, и затоа му давам 7/10.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307


Ghost Machine (2009)
http://www.imdb.com/title/tt1286147/

Интересен филм, хорор помешан со Sci-Fi. Дејството е во виртуелен свет, се појавува дух кој што бара одмазда. Не беше нешто посебно страшен али ипак солидно.
Кога мислев дека завршува филмот бев разочаран, али не било тоа крајот.
Духот ме потсеќаше на девојчето од Fear :) Филмов не е со некој голем буџет, али е добро направен, и ако си гејмер ќе ти се допадне...

7/10
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.894
Поени од реакции
6.966

Еве да напишам впечатоци од “1408“ пошто вчера ми се спиеше после филмот и не можев да напишам.
Значи филмот е хорор/мистерија со Џон Кјузак и Семјуел Л. Џексон во главните улоги. Станува збор за една хотелска соба (1408) во хотелот чиј менаџер е Џексон. Кјузак %u
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


YOU'RE THE KING OF THE POP, KING OF THE WORLD! THIS IS IT, MICHAEL!


http://www.youtube.com/watch?v=THQDBQpZ9AM

:vozbud::vozbud::vozbud:

Најдоброто музичко ремек дело некогаш што сум го изгледал....

Мајкл Џексон во светло какво што никогаш не сме го виделе... перфекционист до најголема мера.... на сите му велеше I LOVE YOU, GOD BLESS YOU :pipi::pipi: не требаше Мајкл, требаше сите твои фанови да го видеа тој спектакл што го спремаше за во О2 Арената во Лондон

Да не стане некои недоразбирања ова е филм направен од пробите за концертот (неговиот последен кој требаше да биде) и да се оддржи во Лондон. Такво нешто никогаш не сум видел, Кени Ортега секоја чест :smir:

Прејако искуство особено кога ги одбираа танчерите, 1000 танчери од цел свет од кои 11 само влегоа за концертот... прејаки ефекти од страна на Кени, неверојатна изведба на Трилер ИГРАЊЕ КАКВО ШТО НИКОГАШ НЕ СУМ ВИДЕЛ :vozbud:
10/10 СИТЕ ИЗГЛЕДАЈТЕ ГО, БЕЗ РАЗЛИКА НА ФАН/АНТИ ФАН НА МАЈКЛ!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Law Abiding Citizen (2009)

Филм со многу добар почеток и за жал многу лош крај. Клајд Шелтон е човек на кој му го убиваат семејството, и кога правниот систем (по навика) ќе потфрли, тој ја зема правдата во свои раце. Ова не вклучува само пресметка со убијците туку и со луѓето инволвирани во случајот на кои им се заканува истребување од човек кој е во затвор!

И до тука линијата е одлична, филмот има содржина, има актерска екипа, има порака, идеја... Има се. И во огромен дел можете да ги разберете и да ги оправдате постапките на главниот „негативец“, и по таа линија филмот требаше да продолжи и да заврши.

Поради спојлери, крајот нема да го анализирам, ако воопшто вреди. Не ми го упропасти тотално филмот, како на некои, но многу ми го расипа впечатокот, и си мислам дека ова можеше да биде филмиште, голем акционен филм, ако правилно ги решеа проблемите и дупките во сценариото.

Како и да е, вреди да се изгледа, и вака е еден од подобрите акциони филмови оваа година (ако можам да набројам 5 во моментов... :tapp: )

7/10
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
It happened one night


Е вакви филмови не се прават веќе. Филмов е урнк како треба да изгледа една романтична комедија. Прекрасен филм, исто времено и смешен и романтичен, и неизвесен и лесен. Но не е само лесен филм туку нуди и многу повеќе, задолжителен за сите што сакаат вакви филмчиња, вреди да се погледне.
8.5/10 според мене.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047


Year One

На почетокот беше интересен, потоа почнува да станува досаден.Не знам дали стварно е така или на мене ми се промени расположението.Го изгледав со една пауза од 15 мин.Ликот лево на постерот ме насмеа , само заради него го изгледав цел филм. Овој другиот не само што беше досаден туку страшно ме иритираше кога зборуваше. Да го сменеа со некој друг филмот ќе беше многу подобар.

Оценка 6/10
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069


Year One

На почетокот беше интересен, потоа почнува да станува досаден.Не знам дали стварно е така или на мене ми се промени расположението.Го изгледав со една пауза од 15 мин.Ликот лево на постерот ме насмеа , само заради него го изгледав цел филм. Овој другиот не само што беше досаден туку страшно ме иритираше кога зборуваше. Да го сменеа со некој друг филмот ќе беше многу подобар.

Оценка 6/10
Е, сите го ругаат овој филм, јас стварно не знам кој фраер го препорача во "Најфилмови за 2009"; па ене го во анкетата стои сега.

Јас мислев да го гледам, али по 3-4 вакви рецензии, си реков "заеби, не губам време со Michael Cera". Дечкото може во СПЕЦИФИЧНИ филмови знае да е смешен, но во full-on комедија како оваа?
Нема шанси. :)
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10

Еве да напишам впечатоци од “1408“ пошто вчера ми се спиеше после филмот и не можев да напишам.
Значи филмот е хорор/мистерија со Џон Кјузак и Семјуел Л. Џексон во главните улоги. Станува збор за една хотелска соба (1408) во хотелот чиј менаџер е Џексон. Кјузак %u
Изгледа дека си бил толку мн уморен што си заспал во сред реченица :ludilo2:

Неисе, би сакал да се надоврзам за филмов. 1408 е еден од подобрите хорори последниве години. Бравурозна глума на двајцата горепосочени актери и феноменална хорор атмосфера има во овој филм. Препорачувам да се гледа во длабока тишина и во рани утрински часови. 8/10.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The Box (2009/I)

Значи ако веќе гледам лош филм подобро да биде лош од почеток до крај. А ужасно се нервирам кога филм ќе започне одлично, има приказна што ветува многу, актерска екипа... и ќе продолжи од лошо полошо.

Филмов е типичен пример за неискористена идеја, започнале одлично и од филмот направиле каша - попара.

Непознат мистериозен човек остава необична кутија на вратата од едно семејство. Кутијата има копче на врвот а семејството добива необичен предлог: се што треба е да го притиснат копчето во следните 24 часа, по што некој некаде ќе умре, а тие ќе добијат 1 милион долари.

Одличен вовед во хорор/мистерија... Понатаму не вреди ни да се трошат зборови.

2/10. За почетокот...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom