Последен гледан филм со кратка рецензија

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Casanova
Мене искрено ми се допадна филмот,најголемиот заводувач во градот ќе мора да се ожени и се дешаваат интересни работи.
оценка 7/10
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Reservation road



Филмов има некоја си средна оценка ете 4/10
Има убаво смислена приказна и пред се премногу тажна. Тоа и го држи филмот основната приказна.
Но во глобала освен што е емотивен е и досаден прилично филмов.
Премногу е одоговлекуван и побрза акција има само на почетокот и на крајот. Во средина ви се приспива али си викате е мора да изгледам до крај
да видите што ќе се случи со убиецот. И ќе видите дека ништо не се случува, нема конкретно да објаснат и уште повеќе ќе се изнервирате:)
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
само што гогледав Closer со натали Портман, џулија Робертс , Џад ло и Клајв Овен.


Значи го гледам филмов по незнам 4-5 пати еноставно можам да кажам гледајте го. Има преубави дијалози , иако навидум спорa приказната е многу динамична. а приказната е zа љубовта , лагата , изневерувањето и за тоа дека во љубовта СЕКОГАШ ТРКАЛОТО СЕ ВРТИ. Всушност режисерот ни ја прикаува љубовта а и животот во нивната полна контрадикторност. Колку знаат да бидат прекрасни, но и колку знаат да ти го заебат животот !
заклучок-добра актерска екипа, добра приказна(поучна приказна) , добро е снимен, има многу убава фотографија, режисерот преубаво ги доловува чувствата и ситуациите....се друго би било излишно да зборам...гледајте го.....давам оцена 9/10.
И верувам дека многумина од вас коишто го гледале или ќе го гледаат ќесе пронајдат во некој од ликовите на приказната.
 

Attachments

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Se7en



Двајца детективи (Brad Pitt и Morgan Freeman) тргнуваат во потрага по сериски убиец... И нема да откривам ништо понатаму затоа што секоја наредна реченица би била спојлер. Беспрекорна глума, интересна поука и повеќе од сигурно е дека на љубителите на добри трилери ќе им се допадне и овој. Има неколку грозни сцени, крв, гнев и возбуда.
Одлични реплики...
Ernest Hemingway once wrote, "The world is a fine place and worth fighting for." I agree with the second part.
Оценка 10/10.
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Vicky Cristina Barcelona

Режија: Woody Allen
Улоги: Rebecca Hall, Scarlett Johansson, Javier Bardem,
Penélope Cruz
Жанр: Комедија, Драма, Романтика
Стандартно филмче на Вуди Ален, со нестардантна локација (Барселона), кое откога ќе го изгледате ќе се запрашате што имаше смешно во филмов.
Интересно составено дело со интересна приказна во која се раскажува за едно поминато лето на две млади Американки, који патем сретнуваат уметник од Шпанија, кој им дава еден интересен предлог..
Доста интересно филмче кое мислам дека треба да го погледнете..
http://www.imdb.com/title/tt0497465/

7/10

vicky-cristina-barcelona-movie-poster.jpg
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
SPIRIT

Premnogu SIN CITY sostojbi, prelosa gluma na Samuel L. Jackson, interesno postavena uloga na Scarlet Johansen, preprepicena Eva Mendez.

Stripot originalno ne e na Frank MIler, verojatno zatoa i ne ja dorazbral sustinata i iddejata koja stoi zad Spirit, iako se potrudil od merata nadvor.

Malku preseriozno, preSinCitijevska prikazna, ama sepak Spirit e Spirit i edvaj cekam da go vidam najaveniot vtor del.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Прво, Donnie Darko:



Целиов филм се базира на два квоута, Destruction is a way of creation и Sometimes death brings salvation. Се надевам дека тоа што ги напишав не е спојлер. Во секој случај, тоа што сакам да го искоментирам е дека има интересни теми како темата за стравот наспроти љубовта, како и темата за патувањето низ времето која сигурно ќе ве привлече. Наспроти ова, мене најбитно ми е влијанието на филмот врз мене, а во случајов, филмот беше така мрачен, чуден и бедирачки, што мислам дека приказната можеле да ја развијат на друг начин. 6,5/10

Второ филмче - Lost Highway



Дефинитивно посложен од Mulholland Dr., другиот што го изгледав од David Lynch. А и баш заради тоа што не наидов веднаш на теории за него на imdb, како што беше за Mulholland Dr, овој ми остана подолго време во глава, подолго време пробував да најдам некое свое објаснување. Што да ви кажам, изгледајте го и пробајте да се внесете со доволно концентрација, може и ќе добиете некоја идеја. Не го оценувам од прво гледање.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
The 25th Hour
Филм за кој имав преголеми очекувања, но ете малце бев разочаран од епилогот. Едвард Нортон го одржува филмов во живот, односно тоа да не заспијате по 1 час гледање.
И да, во последните 10 минути се случува најинтересното и најнепредвидливото, но сепак не вреди сат и пол чекање и зевање за да се стигне до тоа.
Друга светла точка во филмов ми беше и ликот на Frank Slaughtery, одглумен од Barry Pepper. Седмица од мене, најповеќе поради актерската екипа. Скромна оценка за режијата. Или можеби ова не е мој тип на филм.

Slumdog Millionaire

Овој е филм кој дефинитивно мора секој да го погледне. Никогаш не би поверувал дека со такви rookiе актери(па уште и индиски:)) може да се направи ремек дело. Режијата ме воодушеви, исто така и сценариото е гром. Не грижете се, не заспивате на овој филм.:)
Чиста десетка.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ај и јас по паузата од темава :)

The Meaning of Life

Монти Пајтон... најмрачното и најдоброто од нив, кој е љубител на англиски хумор ама оној најтешкиот нека го гледа ремек делово на Пајтоновците, пријатна забава :helou: - оценка 7,5.





Maverick

Мел Гибсон, комедија... Џимеј имаше убава рецензија поназад, и морав да го изгледам, сепак Мел гибсон е хеј... мора да има забегани сцени :) оценка 6.





Léon

Приказната за убиецот комшија, неговата суровост и професоналност и неговата самоконтрадикторност кога ќе дојде во контакт со Матилда, моментот на судирање на нивните светови... оценка 8.




 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Léon
Приказната за убиецот комшија, неговата суровост и професоналност и неговата самоконтрадикторност кога ќе дојде во контакт со Матилда, моментот на судирање на нивните светови... оценка 8.




Леон Професионалецот е филм кој секој мора да го изгледа барем еднаш во животот. Филмов те носи низ многу различни емоционални состојби. Фак ит, ремек дело е.
Жан Рено е човек на место. Целата приказна е неверојатна.
Го обожавам филмов. Сега прочитав дека ќе се снимало втор дел од ова остварување. Ама несакам да има втор дел. Ќе се изгуби смислата од тоа "Don't worry. I keep my promises."
Десетка филм. Го препорачувам на тој што не го гледал. Ме потсети да го погледнам пак.:)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Леон Професионалецот е филм кој секој мора да го изгледа барем еднаш во животот. Филмов те носи низ многу различни емоционални состојби. Фак ит, ремек дело е.
Жан Рено е човек на место. Целата приказна е неверојатна.
Го обожавам филмов. Сега прочитав дека ќе се снимало втор дел од ова остварување. Ама несакам да има втор дел. Ќе се изгуби смислата од тоа "Don't worry. I keep my promises."
Десетка филм. Го препорачувам на тој што не го гледал. Ме потсети да го погледнам пак.:)
Токму поради тоа и го гледав повторно, морав да се потсетам на филмов, и како што видов во право сум бил со тоа што го гледав пак, одличен филнм и крајна тензичност :)
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Slumdog Millionaire



Филмов е уште еден доказ дека и во ново време сеуште се прават доста квалтитетни драми и филмови воопшто.Драма каква што не верував дека ќе се сними во скоро време, одлична идеја, многу многу интересна приказна.
Главните забелешки за овој филм ми се музиката, некаде се совпаѓа со сцената, а некаде музиката е вметната само колку да свири нешто во позадина.Како на пример кога децата беа на возот, и во позадина иде некоја рап песна која што вика трејн трејн и воопшто не се вклопува во целата приказна освен тоа што децата се возат во воз :).
И уште една замерка, можеле да земат некои попознати глумци иако можеби идејата да вметнат некои анонимни глумци и не е така лоша, рака на срце актерите изглумија одлично.
Режијата е супер, сценариото исто така, Дени Бојл се намачил бајги, но вреди.Филмот котира одлично на ИМДБ, дури и ме изненади 8.7 е неговиот рејтинг.Јас би дал чиста осмица.
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17

Léon

Приказната за убиецот комшија, неговата суровост и професоналност и неговата самоконтрадикторност кога ќе дојде во контакт со Матилда, моментот на судирање на нивните светови... оценка 8.




AAAAAAAAA, филмов е лудница, го обожавам и сега пак ќе го гледам, одамна не сум го. Глумецов па, немам зборови, даса.

Него, решив да го гледам тој милионерот, ептен го испофаливте, ме заинтересира.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Вчера си ја уништив цела вечер со Eight below.


Вистинска приказна за пријателството помеѓу човекот и кучињата и нивната поврзаност, која и тоа како знае да погоди. Јас сум пречувствителна на овие теми и цели два часа липав ... не плачев, липав!!!
Приказна која мислев ќе е со некоја несреќа во која кучињата ќе ги спасуваат луѓето, но згрешив. Се разботи за преживувањето на кучињата, кои се заглавени во невреме. Просто неверојатно е како добро се снаоѓаат и си помагаат. Мислам дека луѓе така да заглават, ќе се убијат и изедат меѓу себе и нема да преживеат. А што се случи со кучињата, видете само ако имате појаки и понеутрални чувства. На тие како мене, кои чуваат кучиња и кои многу се приврзуваат за нив - им препорачувам да не го гледаат филмов!!! Се надевам дека брзо ќе го заборавам, дека уште неможам да се опоравам и си потплакувам од време на време.
Оцена ... 100/10.
 
Член од
22 јануари 2008
Мислења
425
Поени од реакции
10

filmov e majstorski snake e naj hc persona ubiva se pred sebe
vo ovoj del toj e praten vo los angeles(grad zatvor)da go zeme diskot so koj moze da se isklucuva struja. koj sakaat jaka akcia mora da go gledaat filmot muzikata ja pravi samiot reziser jon carpenter i e odlicna. otcena 10/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom