Македон91
Благородник
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 2.134
- Поени од реакции
- 120
Се согласувам со тебе во врска за поставување на споменици низ целата Македонија како доказ за нашата врска со античките Македонци, чиишто потомци сме ние, денешните Македонци. Искрено не ми се допаѓа многу споменикот во Прилеп од причина што постаментот е поголем од самиот Александар и некако се губи големината на личноста, исто така и копјето е несразмерно големо споредено со неговото тело, но тоа не значи дека треба да се сруши, напротив прилепчани нека изградат уште еден Александар, но на коњ со поголеми димензии.Нека има , и јас сум за споменикот на Александар, оној во Прилеп на пример ми ја исполнува душата.Барем се гради и се прави нешто во државава. И Црквата што ја планираат да ја изградат на центар, а Трифун незнам зошто се противи, демек е градоначалник па си наби комплекси дека го поседува Скопје.
Туку секаде да има споменици не само во Скопје. Јас сум најмногу за во Гевгелија,, ако не на Александар на Филип , па и името на градот да се промени во Филипи. Таму има грци многу па да му се диват на споменикот и да им раскажуваат на земјаците нивни каде биле и што виделе.
Во врска со споменикот во Скопје, мислам дека треба да биде грандиозен и величествен, најголем во целата држава, со цел да се долови големината и значењето на Александар. Крајно време е и Скопје да добие еден коњаник, па сите европски метрополи имаат коњаници (луѓе кои Александар го сметале за свој идол и кои споредено со него не му се достојни ни нозете да му ги измијат :nenene
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Поддршка за Владата за овој проект, се надевам дека споменикот ќе биде барем 3 пати поголем и подобар од оној на Скендербег во Чаир (впрочем и самиот Скендербег е негов неизмерен почитувач).