Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Во римокатоличката Црква, неженењето на поповите е една од нивните новотарии.

Во православната Црква, не можеш да бидеш поп, ако не си женет! Така, кој сака да стане поп, веќе треба да биде оженет.
Kaj citale ovie deka ne treba da se zenat, ima li nekade pisano deka ne treba, ako tolku mnogu go sakaat Bog, zosto togas Bog gi sozdaval i mazot i zenata, neka gi sozdal samo mazite i taka taka tie poveke se zadovoluvaat na nivnite deca ucenici...:toe:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не.

Со равенката се е во ред: „Една суштина-три лика„. Се е јасно.

Бог Отецот не Го создаде Својот Син, туку Го роди. А не Го роди како биолошко битие, туку како дух. А Светиот Дух, ниту Е роден ниту Е створен, туку излегува од Отецот. Така, и Синот и Духот не се од Отецот створени, туку Синот Е роден од Отецот, а Духот Е излезен од Отецот. Тоа значи дека Бог Отецот не е творец на Синот и Духот, оти Синот и Духот да беа створени, не би биле Богови и створители, туку Синот и Духот би биле творенија.

За Бог, Кој Е дух, не важат материјалните процеси и закони.
Колку едноставно објаснето :)

...а мене, сепак, ми се читаат поише од еден главен лик тука.... не знам, може ради глаголите и многуте субјекти и објекти во цитатов погоре... тие, нели, викаат дека у игра се поише ентитети. Семантички и граматички гледано, одговоров ти е каша-попара... ама ја не сум верник, ниту елоквентно свештено лице за да можам оваа комплексотија да ја примам на начин кој ќе ме убеди дека станува збор за еден, а не за три лика... шо знам...
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Не го избегнувам одговорот, но ти ги избегнуваш сите одговори на Мики1, во нив е даден твојот одговор. Но, со сета почит, лошо е кога одговорот не сакаш да го видиш, а се наоѓа пред твоите очи :)
Тројството постоело отсекогаш, значи и кога имал Исус 2 години, и кога имал 10, 20, 33.
Адам не знаев дека е веровесник, или пратеник, туку само прв човек, маж на Земјата кој Бог го створил вдахнувајќи му душа.
и грешка си за Исус, Тој го објавил тројството, треба да цитирам од Библијата сега? И за џабе ќе биди оти пак ќе речите дека тоа е допишано! :)

Стариот завет е, исто така, завет на Троичното Божество, но со оглед на пројавувањето и улогата на лицата од Света Троица, местата во кои за нив се зборува можат да се поделат во три групи.

Првата група ја сочинуваат оние места каде што Бог зборува за Себе во множина, истовремено задржувајќи го поимот за Себе како за еден. Тие зборуваат дека во Бога има повеќе лица, а нивниот број не го одредуваат точно. Тие места се: „Потоа рече Бог: Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние..., и го создаде Бог човекот според образот Свој” (1.Мој. 1,26-27). „Ете, Адам стана како еден од Нас” (1.Мој. 3,22). Второ место е: „Рече Господ: Ајде да слеземе и да им го збркаме јазикот нивни за да не се разбираат еден со друг што зборуваат! И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот и кулата. Затоа тој се нарече Вавилон, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја” (1.Мој. 11,7-9). Во овие цитирани места Бог се советува и беседи со други лица во множина, Кои се рамни на Него. Од текстовите се гледа дека во Неговата една суштина постојат повеќе лица, иако тука не е прецизирано дека тие се три. Некои тврдат дека тоа се ангелите. Тоа не е точно, бидејќи тие не се собеседници рамни на Бога, а собеседниците во цитираниот текст се рамни на Него. Исто така, ангелите немаат творечка моќ, туку и тие се слуги и творенија Божји, а овде, увидуваме дека Бог со Своите собеседници заедно го создава светот и човекот, па сите имаат творечка моќ. На Бога не му треба помош од Неговите несовршени созданија и слуги. Други, пак, велат дека Бог беседел сам со Себе, како што прават некои луѓе за да се поттикнат за некоја работа. Но тоа не е точно. Бог е семоќен и не Му треба никакво поттикнување. Трети, пак, велат дека Бог за Себе говори во множина со “Ние” како што прават силните властодршци овде на земјата. Меѓутоа, овој обичај е од подоцнежно потекло, бидејќи самиот Мојсеј никаде за себе не зборува во множина, а исто така Бог е далеку од секаква човечка суета, та за Себе да се изразува така. Еве мало објаснува

Во втората група спаѓаат оние места кои го одредуваат бројот на Божествените лица како три, но помеѓу нив не се прави разлика и не се употребуваат лични имиња. Во овие места спаѓа она, во кое се опишува Божјото јавување на Аврам кај Мамрискиот даб, во облик на тројца патници: „Потоа му се јави Господ (на Авраама) кај дабот Мамре кога седеше пред вратата од шаторот свој, на пладнина. Откако ги крена очите свои, виде Троица мажи како стојат спроти него. Откако ги виде, им притрча во пресрет пред вратата на шаторот свој, и им се поклони доземи. И рече: Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата Свој” (1.Мој. 18,1-3). Овде јасно се гледа дека Аврам гледа Троица, а разговара со Еден. Господ во три лица рамни на Себе води разговор со Авраама во име на еден, па затоа разговорот завршува со зборовите: „И Господ замина, откако престана да зборува со Авраам” (1.Мој. 18,33). Црковното предание во ова јавување гледа богојавление, јавување на Света Троица. Блажени Августин вели: „Авраам среќава Троица, а се поклонува на Еден. Здогледувајќи Троица, тој ја дознал тајната на Света Троица, а поклонувајќи се на Еден, тој исповедал еден Бог во три лица”.

Слична објава на Света Троица е и серафимската песна што ја слушал пророк Исаија за време на своето видение од Бога: „Свет, свет, свет е Господ Саваот” (Иса. 6,3). Ова укажува на троичноста на лицата на Бога. Трикратното повторување на зборот свет, покажува дека се однесува на едниот Бог во Троица. Свети Атанасиј Велики вака го толкува ова место од Светото писмо: „Кога серафимите Го славословат Бога, говорејќи трикратно, свет, свет, свет е Господ Саваот, тие Го славословат Отецот и Синот и Светиот Дух... Зашто Отецот и Синот и Светиот Дух е Господ Саваот, бидејќи едно е Божеството и еден е Бог во три ипостаси”. Пророкот Го видел Господа како седи на висок престол и го слушал Неговиот глас кој зборува: „Кого да испратам и кој ќе отиде заради нас?” (Иса 6,8). Значи, Бог се обраќа со прашање на Себе рамните. Тоа го потврдува и евангелистот Јован (Јован 12,41), како и во книгата Дела на светите апостоли (Дела 28,25-26).

Третата група ја сочинуваат оние места на Стариот завет кои поодредено ги опишуваат и ја подвлекуваат разликата помеѓу лицата на Света Троица, нарекувајќи ги со нивните имиња. Така, за личноста на Синот и Неговото Божество се зборува во месијанските пророштва: „Господ ми рече: Ти си Син Мој, Јас денес Те родив” (Псал. 2,7). „Му рече Господ на мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека ги ставам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои... Те родив уште пред да постои ѕвездата Деница” (Псал. 109,1 и 3). Самиот Бог Отец Го нарекува Месијата Бог: „Затоа, Боже, Твојот Бог, Те помаза со елеј на радоста повеќе од Твоите соучесници” (Псал. 44,7). Кај пророк Исаија, Месијата се нарекува “Емануил” (Иса. 7,14) и уште се нарекува: „Советник, Чудесен, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот” (Иса. 9,6). Сите овие места ја покажуваат самостојноста на Неговата личност и Неговото Божество.

На личноста и Божеството на Светиот Дух укажуваат следниве места: „Духот Божји лебдеше над водата” (1.Мој. 1,2). Бог преку пророкот Захариј вели дека: „Законот и зборовите ги испраќаше Господ Саваот преку Својот Дух до поранешните пророци” (Зах. 7,2). Најјасно сведоштво за Светиот Дух се наоѓа во месијанските пророштва: „Господ Бог ме испрати и Неговиот Дух” (Иса. 48,16) и „Духот на Господ Бог е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовестувам на бедните... “ (Иса. 61,1). Псалмопејачот Давид покајнички се моли: „Не отфрлувај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене” (Псал. 50,11).

Сепак, најјасно сведоштво во Стариот завет за Света Троица се наоѓа во книгата Мудрост Соломонова, каде богомудро се вели: „Волјата Твоја кој ќе ја познае, ако Ти мудроста не си ни ја дал и одозгора не ни го беше испратил Твојот Свет Дух?” (Мудр. Сол. 9,17).

Новиот завет е откровение на Света Троица за Света Троица. Во него Отецот го праќа Синот и дејствува преку Него, Синот Го открива Отецот и Го наговестува Светиот Дух, а Светиот Дух го продолжува делото на Синот. Се бива од Отецот преку Синот во Светиот Дух. Во Новиот завет се е од Света Троица и се е во Света Троица, зашто Спасителовата проповед на земјата е проповед за едниот Бог во три лица.


извор
pa zosto togas evreite uste od vremeto na mojsej pa se do den denes ne go priznavaat trojstvoto?

Авраам среќава Троица, а се поклонува на Еден
;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;

navistina ako postoi vistinsko trojstvo togas radica postoi i vistinsko mnostvo
a isto vremeno ke iscezne veruvanjeto vo eden bog, interesno e sto vo torata se objasnuva deka boga nikoj ne moze da go vidi pa kako moze isus da bide eden od trojcata;


Господ ви зборуваше вам од средината на огнот; вие го чувте гласот на зборовите, но не видовте образ, а само глас.

13 Ви го објави Својот завет и ви наложи да ги вршите - Десетте заповеди, што ги напиша на две камени плочи.
14 А мене Господ ми нареди да ве поучам на законите и уредбите што ќе ги вршите во земјата во која одите да ја владеете.” 15 „Внимавајте добро! Во оној ден кога Господ, вашиот Бог, ви зборуваше пред огнот на Хорив, не видовте никаков лик,
i vo mnogu drugi citati deka e nevozomozno da go vidime boga na ovoj svet i deka onoj koj vo sebe sodrzi covecka dimenzija nikakko ne moze da bide bog
i vo noviot zavet se potvrduva deka nevozmoznoe da se vidi gospod Бога никој никогаш не Го видел(jova 1-18)


ke citiram eden interesen citat spored marko 12-32- kade veli;А за оној ден и час, никој не знае: ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Таткото,


ova izjavaa go pobiva ucenjeto za trojstvoto i bogolokosta na isus zatoa sto isus go ogranicuva svoeto znaenje sudniot den so boga, ako isus e bog togas bi znael koga ke se sluci sudniot den i ne bi go demantiral svoeto znanje .
 
Член од
1 мај 2010
Мислења
128
Поени од реакции
4
Зарем и тоше бог ? е сега во земја ќе пропаднам:kesa:
 
O

Omer el Faruk

Гостин
ova izjavaa go pobiva ucenjeto za trojstvoto i bogolokosta na isus zatoa sto isus go ogranicuva svoeto znaenje sudniot den so boga, ako isus e bog togas bi znael koga ke se sluci sudniot den i ne bi go demantiral svoeto znanje .[/COLOR]
Во Библијата постои само еден стих во кој поконкретно е спомнато Тројството на едно место, и што е интересно тој стих е во НАВОДНИЦИ, затоа што низ историјата бил вметнуван па исфрлуван ,па вметнуван, па повторно исфрлуван......да не речам изменуван. Чист апокриф! Вештачки џокер на христијаните.

Ако не верувате прашајте ги "попеаниве". :)

Ех сирота Радица, не е ни свесна за тоа. А ќе биде кога со Чорбаџија ќе развиеме дискусија (која ќе се обиде да ја избегне) на соодветна тема. Бош видели! :vozbud:
 
Член од
1 мај 2010
Мислења
128
Поени од реакции
4
Павле на многу места во библијата им има оставано реченици како доказ кои никако да ги сфатат
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
ke citiram eden interesen citat spored marko 12-32- kade veli;А за оној ден и час, никој не знае: ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Таткото,


ova izjavaa go pobiva ucenjeto za trojstvoto i bogolokosta na isus zatoa sto isus go ogranicuva svoeto znaenje sudniot den so boga, ako isus e bog togas bi znael koga ke se sluci sudniot den i ne bi go demantiral svoeto znanje .
Да така е Ел кевсер.
Зошто “Богот Исус“ да не знае кога е Судниот Ден ?
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Во Библијата постои само еден стих во кој поконкретно е спомнато Тројството на едно место, и што е интересно тој стих е во НАВОДНИЦИ, затоа што низ историјата бил вметнуван па исфрлуван ,па вметнуван, па повторно исфрлуван......да не речам изменуван. Чист апокриф! Вештачки џокер на христијаните.

Ако не верувате прашајте ги "попеаниве". :)

Ех сирота Радица, не е ни свесна за тоа. А ќе биде кога со Чорбаџија ќе развиеме дискусија (која ќе се обиде да ја избегне) на соодветна тема. Бош видели! :vozbud:
Досега имаш многу работи докажувано, но некако слабо ти оди со доказиве...Зарем само еднаш е спомнато светото Тројство и тоа во наводници пак?
Докажи!:)

И одвај ја чекам новата тема:vozbud:
Матеј: 12:32 И ако некој рече збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако некој рече против Светиот Дух, нема да му се прости ниту во овој век, ниту во идниот.
28:19 Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!

Дела Ап.: 10:38 Го знаете Исуса од Назарет, како Бог Го помаза со Светиот Дух и со сила, Кој помина правејќи добрини и оздравувајќи ги сите, кои ѓаволот ги измачуваше, зашто Бог беше со Него.
 

The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Матеј: И ако некој рече збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако некој рече против Светиот Дух, нема да му се прости ниту во овој век, ниту во идниот.
28:19 Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!
El Xhinn

[FONT=&quot]20. Kazi: “ Samo Gospodarot moj go povikuvam, navistina! I nisto ne Mu zdruzuvam!”[/FONT]

Llukman

13. I koga Lukman mu rece na sin mu, sovetuvajki go: “O sinko, ne zdruzuvaj Mu na Allah zdruzenik. Zdruzuvaweto zdruzenik, navistina, e zulum golem!”

El En,am

88. Ete, ova e Allahoviot Patokaz so koj On, so posak Svoj, upatuva od robovite Svoi. A da Mu pripisea zdrusenik, sekako, ke im propadnese ona sto go rabotea.


El Maide

72. Sosem ne veruvaa onie koi zboruvaa: “Allah, navistina, e Mesih, sinot na Merjem.” A Mesih zboruvaze: “O sinovi Izrailovi, obozavajte go Allaha - Gospodarot moj i Gospodarot vas! Na onoj koj ke Mu pripise zdruzenik, Allah mu go zabrani Xennetot i prestojuvalisteto negovo e - ognot! Zulumkarite nemaat poddrznici nikakvi!
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Матеј: 12:32 И ако некој рече збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако некој рече против Светиот Дух, нема да му се прости ниту во овој век, ниту во идниот.
28:19 Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!

Дела Ап.: 10:38 Го знаете Исуса од Назарет, како Бог Го помаза со Светиот Дух и со сила, Кој помина правејќи добрини и оздравувајќи ги сите, кои ѓаволот ги измачуваше, зашто Бог беше со Него.
1.Зошто го делите Исус од Светиот Дух нели тие се едно ? Е сега, ако речам лошо за “Богот Исус“ ќе ми се прости, но ако речам за “Светиот Дух“ нема да ми се прости. Нели Светиот Дух е самиот Исус Богот ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Нели Светиот Дух е самиот Исус Богот ?
Десетина пати е објаснето и преобјаснето дека Светиот Дух не е Самиот Исус и дека Исус (Божјиот Син) не е самиот Татко (Јехова) и дека Таткото не е Самиот Исус. Но очигледно сосила се правите дека не читате или не разбирате.
Еве да ти поставам едно слично прашање: Дали во еден брак мажот и жената се едно исто? Дали мажот е самата жена?
 
Член од
19 мај 2010
Мислења
16
Поени од реакции
1
Десетина пати е објаснето и преобјаснето дека Светиот Дух не е Самиот Исус и дека Исус (Божјиот Син) не е самиот Татко (Јехова) и дека Таткото не е Самиот Исус. Но очигледно сосила се правите дека не читате или не разбирате.
Еве да ти поставам едно слично прашање: Дали во еден брак мажот и жената се едно исто? Дали мажот е самата жена?

Ти во некои претходни цитати тврдеше дека отецот и синот се едно со различни функции, земајќи ги за пример мажот и жената. А сега тврдиш спротивното. Мислам смешно е упорно да собираш 3 во 1 кои не можат да се соберат. Несомнено станува збор за многу богови со различна функција. А кој е посилниот не знаеме :)
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Десетина пати е објаснето и преобјаснето дека Светиот Дух не е Самиот Исус и дека Исус (Божјиот Син) не е самиот Татко (Јехова) и дека Таткото не е Самиот Исус. Но очигледно сосила се правите дека не читате или не разбирате.
Еве да ти поставам едно слично прашање: Дали во еден брак мажот и жената се едно исто? Дали мажот е самата жена?
Дали самиот Отец и Синот се исто ? Дали Отецот е самиот син ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Се исто.
2. Не се исто.
3. Највероватно се а може и да не се.
4. Ќој ќе знае дали се или не се.
5. Немам поим дали се или не се.

И така натаму...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom