Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа прашање одамна лебди во воздухот. И јас го имав поставено. Ај да почекаме што ќе биде одговорот.

Патем, THE_CHOSEN_ONE, ти не веруваш во Тројството (троичната природа на Бог )нели?

Не, неверувам.

Чекам одговор од marcus.. чудно ми е како во цел стар завет Бог не успеал да му каже на својот народ за главната доктрина во христијанските меинстрим религии.
 
која религија си ти? за едно се повикуваш на библија, друго негираш...не ќе да си христијанин...?
 
За православните:

-Во православните гробишта не сум приметил закопани деца или бебиња ,да ли закопувате во црквените дворишта или каде не знам ако може објаснување ,вака можеби и погрешно сум приметил ако е така поправите ме.
-да ли на умрениот во ковчегот му ставате некој златник и саат и зошто? (ова само сум слушал не сум видел)
-исто така сум приметил а и при муабет дека после смрта ,роднините 40 дена (мислам) со ред се оди на гробишта носат храна и не се бричат ,ако е точно зошто и разлозите.

И ке ве замолам поопширно ако може одговорите
поздрав
 
Извини..ама ова ме потсети на канибализам..на која литургија лебот и виното се претвараат во крв и тело?!?!

На Светата литургија, во неделни и празнични денови.

И не се работи за канибализам, оти виното и лебот не се човечки делови, скраја да е!

Se prasuvam, dokolku se rodese kako musliman koja ke bese tvojata storija, deka site ostanati ne cinat i gi sozdal satanata?!

Фала и слава на Бога во Висините, роден сум во жалосна Македонија. А ако бев роден како муслиман (иако е тоа претпоставена ситуација), тогаш би се случило следното:

- во текот од животот, многу е веројатно дека би слушнал и за Христа и така, би дошол до сознание дека покрај мојата, има и друга веара, а со тоа, би имал и можност за избор,
- би можел да се раководам по својата совест,
- ако ништо од претходно наведеното не би се случило, тогаш-Бог нека ми е на помош!
 
На Светата литургија, во неделни и празнични денови.

И не се работи за канибализам, оти виното и лебот не се човечки делови, скраја да е!

таа финта со вино и лебот хритијаните ја наследија од култот на Митра (векови пред Исус).
“Оној кој нема да јади од моето тело ниту пие од мојата крв, да биди едно со мене и јас со него, нема да биди спасен“

Така со векови пред исуса се причествувале следбениците на Митра. Митраизмот беше популарен и раширен култ и христијаните од него го превзедоа овој обред.
 
Брееее....

А Митра им рече на рисјаните „..јадете од моето тело...„ и „...пијте од мојата крв...„ или тоа Исус го рече!!!!???

За православните:

-Во православните гробишта не сум приметил закопани деца или бебиња ,да ли закопувате во црквените дворишта или каде не знам ако може објаснување ,вака можеби и погрешно сум приметил ако е така поправите ме.
-да ли на умрениот во ковчегот му ставате некој златник и саат и зошто? (ова само сум слушал не сум видел)
-исто така сум приметил а и при муабет дека после смрта ,роднините 40 дена (мислам) со ред се оди на гробишта носат храна и не се бричат ,ако е точно зошто и разлозите.

И ке ве замолам поопширно ако може одговорите
поздрав

1. А каде се закопуваат бебиња? На ливада? Секако дека упокоените бебиња и деца се погребуваат на гробишта.
2. На упокоениот, не му требаат ни златници ни сребреници, туку му треба молитва. Тоа што на покојните, во гробот им се дотураат непотребни предмети, тоа е само чин на неверие и паганизам, оти на душата од покојникот не му треба ни злато ни сребро, ни саат ни бутур, дотолку повеќе ако покојникот живеел благочестив живот, па наградата за таквиот упокоен, не е саатот, туку близината Божја.
3. Тоа што 40 дена носат храна, тоа е погрешно однесување. Во тие денови, роднините од упокоениот треба да носат храма до оние на кои таа храна навистина им е потребна-на сиромашните и на бездомниците, и со тој чин на делење храма, роднините чинат добро дело во името од покојниот. Носењето брада е повеќе народен и нецрковен обичај, но Црквата го допушта, оти во носењето брада нема некое злодело.
 
Брееее....

А Митра им рече на рисјаните „..јадете од моето тело...„ и „...пијте од мојата крв...„ или тоа Исус го рече!!!!???

Ни исус тоа не му го кажа на “рисјаните“.

Во митраизмот богот митра имаше свои обреди.
Крштевање (обред на симболичко потопување во вода)
Причестување (обредно и симболичко со вино и леб кои преставуваа тело и крв на Митра) и се велеше ““Оној кој нема да јади од моето тело ниту пие од мојата крв, да биди едно со мене и јас со него, нема да биди спасен“

Тие обреди не ги донесе како нешто ново исус ниту христијанството. Тие сои постоеа векови пред. Значи земени се превземени и ископирани од други религии.
Веќе видено и доживеано.
Исто и воскреснувањето. И пред Исус воскреснувале. Тој само го повторил веќе виденото.
 
А дали тие познат изразот „опчи каос„? Тоа се случува во главите од фаци кои конзумираат литература од оваа и онаа и таа провиниенција, и од таа калакурница, самите, по својот ум, си компилираат вакви постови.
 
Дали ти е тебе познат изразот „Ограничен поради непоседување доволно информации“
 
Не. Еве и зашто:

1. Мојата вера не ја засновам на ифнормациите, како „...негативен логаритам од нивната веројатност...„, и патем кажано, информациите се НАЈМИНЛИВИТЕ категории кои можат да постојат.
2. Мојата вера е заснована на вер(б)ата во Христа, во Неговиот збор и во учењето од Црквата, кое е не збирка од информации, туку збирка од знаења на кои сеуште не им поминало времето.

Лично, имам познавања и од световните и од црковните категории, што за тебе, тешко дека е случај, особено со второво. Што мислиш, чиј ум ограничен?
 
Брееее....

А Митра им рече на рисјаните „..јадете од моето тело...„ и „...пијте од мојата крв...„ или тоа Исус го рече!!!!???

1. А каде се закопуваат бебиња? На ливада? Секако дека упокоените бебиња и деца се погребуваат на гробишта.
2. На упокоениот, не му требаат ни златници ни сребреници, туку му треба молитва. Тоа што на покојните, во гробот им се дотураат непотребни предмети, тоа е само чин на неверие и паганизам, оти на душата од покојникот не му треба ни злато ни сребро, ни саат ни бутур, дотолку повеќе ако покојникот живеел благочестив живот, па наградата за таквиот упокоен, не е саатот, туку близината Божја.
3. Тоа што 40 дена носат храна, тоа е погрешно однесување. Во тие денови, роднините од упокоениот треба да носат храма до оние на кои таа храна навистина им е потребна-на сиромашните и на бездомниците, и со тој чин на делење храма, роднините чинат добро дело во името од покојниот. Носењето брада е повеќе народен и нецрковен обичај, но Црквата го допушта, оти во носењето брада нема некое злодело.

1.не се нервирај, само прашав ,пошт оне сум приметил ,во главно те разбрав.
2. јас добро знам што му требаат на упокоениот (немаш потреба да ми објаснуваш) него прашањето е да ли ставаат злато ,сребро или саат ,овде одговор не добив
3.ок
 
1. Не се нервирам: се работи за проста логика-ако некој треба да се погребе, се погребува на гробишта. Бебињата и децата, кои се упокиле, нема причина да не се погребат на гробишта, освен ако се самоубијци, што досега не ми е познато дека се случило.
2. Па нели бараше детаљно објаснување, а сега оддеднаш се предомисли и велиш дека знаеш што му треба на упокоениот? Велам дека не му требаат ни злато, ни сребро, ни дијаманти...
 
А дали тие познат изразот „опчи каос„? Тоа се случува во главите од фаци кои конзумираат литература од оваа и онаа и таа провиниенција, и од таа калакурница, самите, по својот ум, си компилираат вакви постови.

Tи од страв од „опчи каос„ не конзумираш литература?

Ај вака да видиме, кој ти рекол дека конзумирање на “литература од оваа и онаа и таа провиниенција“ доведува до „опчи каос„ Си пробал па си влеол и ти во „опчи каос„ или така си слушнал муабети од некој кој исто слушнал дека некој влегол во „опчи каос„ од како конзумирал “литература од оваа и онаа и таа провиниенција“

Баш ме онтересира од каде го црпеш тоа сознание за „опчи каос„
 
2. Мојата вера е заснована на вер(б)ата во Христа, во Неговиот збор и во учењето од Црквата, кое е не збирка од информации, туку збирка од знаења на кои сеуште не им поминало времето.

Лично, имам познавања и од световните и од црковните категории, што за тебе, тешко дека е случај, особено со второво. Што мислиш, чиј ум ограничен?

Јас би исправил пар грешки, печатни и семантички, во болдираната изјава, па таа би гласела вака:

„...збрка од знаења на кои им поминало времето.

Лично, мислам дека е вистина дека имаш познавања од световните категории и јас, како даскал, би ти ги оценил со климава двојка (2-). За црковните, би ги оставил Маркус или некој православен да те оценува. ...за да не се љутиме...

Сепак, мислам дека би требало да го надминеш стравот од различни мислења и погледи на светот и да се позанимаваш малку и со корените на својата религија, како што се Митраизмот, Зороастеризмот, Хиндуизмот, египетската митологија и слични интересни четива. Ова треба да го направиш за да ти стане појасно зошто постојат разликите кај сите овие слични учења.

Тогаш, мислам дека ќе имаш поконструктивен пристап... ...а може и зеленко ќе ти дае некој, шо! ;)
 
Tи од страв од „опчи каос„ не конзумираш литература?

Ај вака да видиме, кој ти рекол дека конзумирање на “литература од оваа и онаа и таа провиниенција“ доведува до „опчи каос„ Си пробал па си влеол и ти во „опчи каос„ или така си слушнал муабети од некој кој исто слушнал дека некој влегол во „опчи каос„ од како конзумирал “литература од оваа и онаа и таа провиниенција“

Баш ме онтересира од каде го црпеш тоа сознание за „опчи каос„

Ги наоѓам во туѓите негативни искуства (на дел од нив сум и очевидец) кога припадници на православната Црква, користат и православна и протестантска литература, па на секоја дискусија со нив, забележувам чудни неправославни ставови, производ од личниот/нивниот еклеткицизам од она кое тие припадници го прочитале.

...и кое наликува на ова твоие компилации, кои ги пласираш на форумов.

Јас би исправил пар грешки, печатни и семантички, во болдираната изјава, па таа би гласела вака:

„...збрка од знаења на кои им поминало времето.

Лично, мислам дека е вистина дека имаш познавања од световните категории и јас, како даскал, би ти ги оценил со климава двојка (2-). За црковните, би ги оставил Маркус или некој православен да те оценува. ...за да не се љутиме...

Сепак, мислам дека би требало да го надминеш стравот од различни мислења и погледи на светот и да се позанимаваш малку и со корените на својата религија, како што се Митраизмот, Зороастеризмот, Хиндуизмот, египетската митологија и слични интересни четива. Ова треба да го направиш за да ти стане појасно зошто постојат разликите кај сите овие слични учења.

Тогаш, мислам дека ќе имаш поконструктивен пристап... ...а може и зеленко ќе ти дае некој, шо! ;)

Еми шо!

А ако јас треба да го оценувам твоето (не)познавање на мојата вера, ми се чини дека категоријата „минус бесконечно„ не би била доволно точна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom