Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Значи, според овој твој цитиран пост, твое тврдење е дека: Колективен став на православната христијанска Црква е дека Луцифер делува од Тибет и дека тоа го прави преку тамошните Будисти?
Шуќур!....

Не само будистите, туку и нивните соседи: хиндуистите.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Нели беше толерантна вера тоа христијанството?

...или сум се збунил нешто?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Луцифер делува од Ватикан и Цариград ....и нивната истурена експозитура Брисел....:baeh::helou:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Нели беше толерантна вера тоа христијанството?

...или сум се збунил нешто?
Гледано од позицијата од православието, тоа (православието) е толерантно за одредени категории, како на пример, кон човечката слободна волја за личен избор, човечките слабости и сл., но никако не е толерантно кога е во прашање вистината, полувистината или лагата.
 
S

smart ass

Гостин
Луцифер делува од Ватикан и Цариград ....и нивната истурена експозитура Брисел....:baeh::helou:
Потпишувам...ма иако имам грд ракопис.

Ангелите не се создадени за да бидат војска
Зошто тогаш ангелот михаил се борел солуцифер за мојсеевото тело???

и ангело победил..пази го победил сатаната,значи за господ сатаната е ситна риба..може да го згази како лебарка:toe:

Нема логика ихоооо:smir:
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Не се борел...се расправал..
А Архангелот Михаил, кога се расправаше и препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те искара!”
Има логика со точно инфо
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Гледано од позицијата од православието, тоа (православието) е толерантно за одредени категории, како на пример, кон човечката слободна волја за личен избор, човечките слабости и сл., но никако не е толерантно кога е во прашање вистината, полувистината или лагата.
Мики, ако секоја вера може да се сублимира во пар зборови (а секоја може) тогаш за христијанството тоа се зборовите милост и толеранција. Мислам дека би требало да се сложиш.

Каква толеранција ти објаснуваш тука?

Зарем генерализација како „будистите и хиндусите се пулени на ѓаволот“ тебе ти ја рефлектира толеранцијата и милоста на христијанството?!?!

Јас сум збунет.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики, ако секоја вера може да се сублимира во пар зборови (а секоја може) тогаш за христијанството тоа се зборовите милост и толеранција. Мислам дека би требало да се сложиш.

Каква толеранција ти објаснуваш тука?

Зарем генерализација како „будистите и хиндусите се пулени на ѓаволот“ тебе ти ја рефлектира толеранцијата и милоста на христијанството?!?!

Јас сум збунет.

Дибек, како веќе реков, секој поединец од православната Црква, кој е троа појќе упатен во својата вера (не саде слави, крштевки, венчавки и то...) може од шега да распознае дали некој или нешто стои во Вистниата, полувистината или во лагата.

За сето на кое го напишав во претходните 2-3 поста, веќе имам пишувано подетаљни објаснувања на форумов, така да ни оддалеку не се работи за некаков си произволен, паушален или површен став на Црквата кон другите религии, туку ставот Црковен е апологетски и детаљно елабориран.

Милоста е христијанска особина, оти и Христос е милостив.
Толеранцијата е христијанска особина, оти и Христос никого на ништо не го принуди.
Но, Црквата е нетолерантна кон злото, кон лагата, кон гордоста, страстите, похотите, гревот, своеглавите ставови и сл.
 
S

smart ass

Гостин
оти и Христос никого на ништо не го принуди.
А во Ерусалим кога исус употреби физичка сила расфрлајки ги тезгите на трговците...можел да им рече во мојот дом такви работи НЕ!!

Ова како се објаснува,нели е употреба на сила??

Полиција така прави кога некои тезгаџии изиграваат.:toe:
 
Абе викам ја Црквата нема многу врска со христијанството... ама еве, требаше Мики да потврди за да душата ми е мирна.

Благодарам.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А во Ерусалим кога исус употреби физичка сила расфрлајки ги тезгите на трговците...можел да им рече во мојот дом такви работи НЕ!!

Ова како се објаснува,нели е употреба на сила??

Полиција така прави кога некои тезгаџии изиграваат.:toe:
Точно. Христос во нервоза, предизвикана од беззаконието јудејско (претворање на синагогата во пазар!) ги истера сите пазарџии од место кое е „...дом за молитва...„ И да не ја заборавиме човечката страна од Исусовата природа, која повеќепати е спомената во евангелијата. Во случајот во истерувањето од синагогата, „проработила„ човековата страна Христова.

Абе викам ја Црквата нема многу врска со христијанството... ама еве, требаше Мики да потврди за да душата ми е мирна.

Благодарам.

А со што има врска Црквата? Со човековите права на Папуа Нова Гвинеја?

Црквата е од Христа оформена, на Педесетница, под влијанието од благодатана несоздаден енергија од Утешителот, Духот на Вистината.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Точно. Христос во нервоза, предизвикана од беззаконието јудејско (претворање на синагогата во пазар!) ги истера сите пазарџии од место кое е „...дом за молитва...„ И да не ја заборавиме човечката страна од Исусовата природа, која повеќепати е спомената во евангелијата. Во случајот во истерувањето од синагогата, „проработила„ човековата страна Христова.
Изгубил живци Исус?
Му паднал мрак на очи?
Бил во состојба на непресметливост?

Можеби да беше во денешни времиња з помош на апаурини или анзилани немаше да изреагира така... агресивно...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
А со што има врска Црквата? Со човековите права на Папуа Нова Гвинеја?

Црквата е од Христа оформена, на Педесетница, под влијанието од благодатана несоздаден енергија од Утешителот, Духот на Вистината.
Касно Марко на Косово стиже...

и... попаметно е да си преќутиш ко ќе се зае*еш, да знаеш... наместо со вакви празни зборови да попунуваш недостаток од содржина.

Можеш сллободно да допумпаш и со други напразно употребени зборови, како на пр. богоугодно, восприема, миропомзан, вознесен и сл. Но не е доволно да ставиш голема буква. Нема да те скрие. Ако не ти е јасно што се случи, прочитај ги последните две три реплики со мене.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom