Дибек, како веќе реков, секој поединец од православната Црква, кој е троа појќе упатен во својата вера (не саде слави, крштевки, венчавки и то...) може од шега да распознае дали некој или нешто стои во Вистниата, полувистината или во лагата.
За сето на кое го напишав во претходните 2-3 поста, веќе имам пишувано подетаљни објаснувања на форумов, така да ни оддалеку не се работи за некаков си произволен, паушален или површен став на Црквата кон другите религии, туку ставот Црковен е апологетски и детаљно елабориран.
Милоста е христијанска особина, оти и Христос е милостив.
Толеранцијата е христијанска особина, оти и Христос никого на ништо не го принуди.
Но, Црквата е нетолерантна кон злото, кон лагата, кон гордоста, страстите, похотите, гревот, своеглавите ставови и сл.