Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Кога господ woлшебно со своите бајко-магични раце го правел светот, што материјализирал прво, кокошката или јајцето?
И двете одеднаш..во првата кокошка внатре веќе имало јајце кое подоцна пак ќе се претвори во кокошка..
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Останувам на ставот дека Алберт не е/бил толку атеист и немој да вадиш цитати од негови дела, од периодот на неговиот атеистички живот. Па сите врвни умови, кои достигнале до фундаменталните прашања и закони на Вселената, самите признаваат дека „...ова некој го создал...„ Таквиот заклучок е својствен за безмалку сите славни физичари и математичари од раниот 20-ти век (да не ги набројувам).
Атеистички живот ? Ова звучеше ко не-живот :)
Сакаш да кажеш дека имало период од Ајнштајновата кариера како научник кога не се занимавал со фундаментални прашања... кога само си решавал равенки во тетратка.
поставувањето на такви незамислив временски периоди, броени во незамисливи цифри, е чист идиотизам: со тие големи цифри, незамисливи за човековиот ум, еволуционистите и сите слични поддржувачи (геолозите, на пр.)
Незамисливи големи цифри...Мики ти пишува на профил дека си архитект. Можеш ли да замислиш неколку милијарди штрафови, неколку милијарди тони железо.
Свесно се избегнуваат сите геолошки проценки за староста на Земјава кои не надминуваат неколку илјади години, но тие проценки не допираат до пошироката јавнот, за да не се створи сомнеж
Кои се тие геолошки проценки од неколку илјади години. Ниту еден сериозен научник со здрав разум нема да го каже ова. Има дебати да, ама таа дебата ни случајно не се води во опсегот на "неколку илјади години"
Исто како што се случива и со образовниот систем, кој ни нуди саде една вистина: еволуција, еволуција и ништо друго освен еволуција, па сто пати повторена лага, станува вистина.
На школо се учат предмети кои се науки. Нормално се учи биологија и географија и историја која учи за според тебе погрешните проценки. Каква наука имаш ти да понудиш наместо овие три.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Егзорцист, ај научи во што е разликата меѓу поимоите „еволуција„ и „револуција„ и не пишувај вакви срамотилаци на форумов.

Дибек, кога цитираш, цитирај целосно а не како погоре со мојот пост-делумно. Јасно напишав дека за православната Црква, Ајнштајн не е никаков авторитет, така да што и да кажал, останува само негов став, по кој (став) Црквата нема да пати и да жали.

Останувам на ставот дека Алберт не е/бил толку атеист и немој да вадиш цитати од негови дела, од периодот на неговиот атеистички живот. Па сите врвни умови, кои достигнале до фундаменталните прашања и закони на Вселената, самите признаваат дека „...ова некој го создал...„ Таквиот заклучок е својствен за безмалку сите славни физичари и математичари од раниот 20-ти век (да не ги набројувам).

П.С. И што е тоа што во Библијата го „..пишува на неколку места...„?
Пишува да не лажеш.

Ајнштајн во ниту еден период од животот не го промовирал постоењето на христијански или јудејски бог. (Иако во детството одел во синагога.) Единствениот злоупотребуван цитат е оној кој ти го злоупотреби повторно вадејќи го од контекст. Единствениот.

Таму ајнштајн зборува за феноменот на нестабилен универзум, велејќи дека господ не познава случајност - што значи дека не постои таков каков што ти и друГите јудејски и христијански верници го споменуваат. И ОВА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ЦИТАТ ЗА КОЈ ВЕРНИЦИТЕ СЛЕПО СЕ ДРЖАТ. Провери до крај.

Анјштајн, инаку, себе до својата смрт се сметал за агностик. Знаеш тоа што подразбира, не?

поставувањето на такви незамислив временски периоди, броени во незамисливи цифри, е чист идиотизам: со тие големи цифри, незамисливи за човековиот ум, еволуционистите и сите слични поддржувачи (геолозите, на пр.), самите на себе си оставаат временска фора од катаљони години, со која (фора) си ја затапуваат совеста и си остваат макар и теортска можност, во стилот „..па добро, во олкав временски периот од катаљони години, можело нешто и да се случи...„. На еволутивен план, нормално...Свесно се избегнуваат сите геолошки проценки за староста на Земјава кои не надминуваат неколку илјади години, но тие проценки не допираат до пошироката јавнот, за да не се створи сомнеж кон нашироко прифатените модели за катаљонски геолошки периоди, разбираш...Исто како што се случива и со образовниот систем, кој ни нуди саде една вистина: еволуција, еволуција и ништо друго освен еволуција, па сто пати повторена лага, станува вистина.
Па нели немаш проблем со замислување големи цифри... ете, си имал. Тоа и ти пречи во разбирањето на генезата на животот на земјата.

Исус не употребил насилство, туку едноставно ги истерал од синагогата оние кои храмот го претвориле во пазариште
Да, бе... сигурно со мед и млеко ги избркал и со длабок, понизен наклон ги замолил да не бидат педери и да си заминат со арно.
Не заебавај, Мики, истерување е чин на агресија. Тоа е многу едноставно. Само верниците, правејќи идол од него (иако токму од него е забрането тоа) го гледаат Исус како бзгрешен, иако во, а не меѓу редови, се запишани застранувањата негови.

А зашто тебе ( и на тебе сличните) толку Ви бодат очи скапите возила? Зашто не ти бодат очи скапите возила кои речиси сите маалски мангупи ги возат? ЗаштО не ти бодат очи скапите возила кои речиси сите бизнисмени во МК ги возат? за нив, скапите возила се нормална појава? Јас велам-не! Зашто едноставно не станеш владика па и ти да проживееш комфорно, возејќи се во луксузно возило?
Маалските мангупи не ме лажат дека парите кои ми ги бараат се за бога.

Ти за владика да не се спремаш, а Мики? За комфор и луксуз да не се спремаш?

Што стана со аскетството во православието? Нели православието презираше овоземски луксузи?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Пишува да не лажеш.

Ајнштајн во ниту еден период од животот не го промовирал постоењето на христијански или јудејски бог. (Иако во детството одел во синагога.) Единствениот злоупотребуван цитат е оној кој ти го злоупотреби повторно вадејќи го од контекст. Единствениот.

Таму ајнштајн зборува за феноменот на нестабилен универзум, велејќи дека господ не познава случајност - што значи дека не постои таков каков што ти и друГите јудејски и христијански верници го споменуваат. И ОВА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ЦИТАТ ЗА КОЈ ВЕРНИЦИТЕ СЛЕПО СЕ ДРЖАТ. Провери до крај.

Анјштајн, инаку, себе до својата смрт се сметал за агностик. Знаеш тоа што подразбира, не?
Што се однесува до лажењето-почни од самиот себе. Секоја информација која ја пласираш на форумов, ако ја подложам на проверка преку 9-тата Божја заповед, ќе ти испадне тешка лага, кажана јавно од твоја страна.

Понатаму.

Веќе реков: Ајштајн не е никаков авторитет во православната Црква, така да што и да кажал, нека му стои. Што се однесува до неговите истражувња, тие се само негови шпекулации и нека се јави јунак кој и експериментално ќе ја докаже целосната точност на неговите теории за релативитетот, а не саде некои парцијални „доказчиња„ до брзите авиони и то...

На крајот на краиштата, ниту Ајнштајн, ниту бико кој друг врвен ум, заглавен во својот начин на испитување, не може да пишува за Бога и за Неговото учење, освен да дојде до заклучокот дека Бог е Креаторот на Веселенатаи се во неа. И толку! Учењето Божјо го чува само Црквата а не некој поедининец или колектив од научниот свет.

Што се однесува до агностицизмот, тоа е само уште еден беден човечки обод, по кој знае кој пат, да се озознае вистината, користејќи го не учењето од Црквата, туку својот отпаднат ум, полн со гревови. И како повеќепати низ историјата, и агностицизмот останува недефинирано учење, останато на сред кал, без јасни и конечни сознанија, каде агностиците барем признавват дека не можат да дојдат до ниедна конечна виситна.

Па нели немаш проблем со замислување големи цифри... ете, си имал. Тоа и ти пречи во разбирањето на генезата на животот на земјата.
За мене, сосема е доволно сознанието дека Бог е Творецот на се, а не самозалажувањето дека животот, и оној еднокелијскиот, настанал туку-така, сам од себе, „онака„...

Да, бе... сигурно со мед и млеко ги избркал и со длабок, понизен наклон ги замолил да не бидат педери и да си заминат со арно.
Не заебавај, Мики, истерување е чин на агресија. Тоа е многу едноставно. Само верниците, правејќи идол од него (иако токму од него е забрането тоа) го гледаат Исус како бзгрешен, иако во, а не меѓу редови, се запишани застранувањата негови.
Хмммм... Значи, ти, како смрно битие. Му велиш на својот Творец „..заштО си бе, агресивен...?

Ти за владика да не се спремаш, а Мики? За комфор и луксуз да не се спремаш?

Погрешно прашање...

Маалските мангупи не ме лажат дека парите кои ми ги бараат се за бога.

Што стана со аскетството во православието? Нели православието презираше овоземски луксузи?
Маалские мангупи сами по себе се пример за нечесно заработени пари, со кои купуваат бесни коли, но тоа за тебе и сличните на тебе, нормално е, така?

Што си се загржил толку за аскетството, зашто не тргнеш од самиот себе, да извадиш некоја греда од своето око а не да вадиш раски од туѓите очи?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Што се однесува до лажењето-почни од самиот себе. Секоја информација која ја пласираш на форумов, ако ја подложам на проверка преку 9-тата Божја заповед, ќе ти испадне тешка лага, кажана јавно од твоја страна.
Абе, Мики, ја не сум верник, па да ми е тоа проблем. Ти, од друга страна стоиш зад заповедите и овдека, на стотици и стотици страници тоа го трубиш. Ти имаш проблем ако лажеш - не јас! А, еве, искача дека го правиш тоа.

Веќе реков: Ајштајн не е никаков авторитет во православната Црква, така да што и да кажал, нека му стои. Што се однесува до неговите истражувња, тие се само негови шпекулации и нека се јави јунак кој и експериментално ќе ја докаже целосната точност на неговите теории за релативитетот, а не саде некои парцијални „доказчиња„ до брзите авиони и то...
Ако не е авторитет, тогаш што го внесуваш (со лажги) во муабетов како обид да потврдиш нешто што ти одговара?!?!
За доказите на неговата теорија, очигледно имаш доста за дочитување. Само тоа ќе ти бара малку отворен ум и способност да сфатиш бројки поголеми од 6000, архитекте ;)

На крајот на краиштата, ниту Ајнштајн, ниту бико кој друг врвен ум, заглавен во својот начин на испитување, не може да пишува за Бога и за Неговото учење, освен да дојде до заклучокот дека Бог е Креаторот на Веселенатаи се во неа. И толку! Учењето Божјо го чува само Црквата а не некој поедининец или колектив од научниот свет.
Која црква, бе, Мики, 100000 различни цркви и секти постоја само во христијанството. Која од нив го чува учењето Божјо?!? Како можеш да кажеш вакво нешто, кога луѓето направиле 100000 верзии од неговото учење? Или ќе се дрзнеш да кажеш дека токму твоето христијанство е вистинското?

Што се однесува до агностицизмот, тоа е само уште еден беден човечки обод, по кој знае кој пат, да се озознае вистината, користејќи го не учењето од Црквата, туку својот отпаднат ум, полн со гревови. И како повеќепати низ историјата, и агностицизмот останува недефинирано учење, останато на сред кал, без јасни и конечни сознанија, каде агностиците барем признавват дека не можат да дојдат до ниедна конечна виситна.
Нема ништо бедно во обидите да се осознае вистината.

И што тоа го прави твојот ум неотпаднат и без гревови?!? Тоа што не можеш да замислиш милијарда, а си архитект?!? Тоа што слепо веруваш на една единствена кннига составена од попови и политичари?!? Тоа што толку се плашиш од прашањето зошто сум тука и што треба да направам, па веруваш и на приказна која не ти дава никаков одговор на ова, ама барем ти кажува да ќутиш, да трпиш и да се надеваш дека кога све ќе заврши, тогаш ќе ти се каже?!?

За мене, сосема е доволно сознанието дека Бог е Творецот на се, а не самозалажувањето дека животот, и оној еднокелијскиот, настанал туку-така, сам од себе, „онака„...
Гледам дека ти е доволно, иако не ти е јасно зошто све ова. Стравот од непознатото ти е поголем од жедта за знаење! Од кај мене така изгледа.

Хмммм... Значи, ти, како смрно битие. Му велиш на својот Творец „..заштО си бе, агресивен...?
Да, Мики, јас имам проблем со тоа. Ако некој ми дава совет... не наредба да не правам нешто, а тој самиот го прави токму тоа, за мене е тоа неприфатливо и лицемерно. Не знам за тебе како е. Можеби ти мислиш дека си недоволно вреден, дека си грешен, дека заслужуваш да те третираат така. Јас барам фер однос и взеаемна почит со оној од кој учам.

Погрешно прашање...
Прашањето е на место, Мики. Ако очите ти се прават 5-денарки ко ќе видиш Лексус, тешто да си близу бога, не?

Што си се загржил толку за аскетството, зашто не тргнеш од самиот себе, да извадиш некоја греда од своето око а не да вадиш раски од туѓите очи?
Мики, бре, па ја не сум загрижен за тоа. Јас нема зошто да бидам загрижен затоа што мене тоа не не интересира!!!

Ти, од друга страна, го дрвиш за религија и за принципи и за побожност и за православие, а ми викаш зошто еден владика да не вози Лексус?!?!
Кој дел не ти е јасен?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дибек, мене многу работи ми се јасни па затоа на форумов најчесто пишувам одговори на туѓи прашања, а многу ретко поставувам свои прашања. Ти текнува?

Е сега, кој сака нешто да научи-нека научи. Кој не, нека си живее „лагодно„ во неговите досегашни убедувања-просто кажано, нека живее во своето самозалажување, оти така е мноооооогу полесно, отколку да се признае својата заблуда, разбираш...

Што се однесува до лажењето, поарно не го споменувај, оти и ти подлежиш на таа Божја Заповед, иако го тврдиш спротивното.
 
Хехе... не е така. Самиот велиш дека треба д веруваш за да го доживееш.
Ти веруваш - па ако лажеш, ќе го попиеш по таа основа, по таа верба, нели.
Ако јас не верувам во тие закони, искрено, не гледам како може и за мене да важат.

Околу лагодноста на живеењето... Мислам дека религијата е она што дава огромна лагодност во живеењето на земскиот живот. Го решава, елегантно, најзбунивачкото прашање за човекот (зошто све ова) и му дозволува да се посвети мирно на тривијалните работи како што се: што, како, кога и кој.

Религијата, според мене, вика: Ич да не ти е гајле зошто постоиш или зошто си тука - глеј ти ден-за-ден да си бркаш работа и СВЕ ЌЕ БИДЕ ДОБРО! Не се прашувај, не љуљај и не менувај ништо! Све е одлучено, све е договорено и ништо не можеш да измениш бедниот ти. Трпи и терај. Само знај дека те сакам. :P
 
Просто е неверојатно, што се можат да изнакажат поединци, кои се надвор од Црквата а коментираат за Црквата...

Кој е надвор од Црквата, нека не се залажува дека за него ништо не важи, понајмалку Заповедите Божји.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Просто е неверојатно, што се можат да изнакажат поединци, кои се надвор од Црквата а коментираат за Црквата...

Кој е надвор од Црквата, нека не се залажува дека за него ништо не важи, понајмалку Заповедите Божји.
Објективниот поглед е секогаш повреднуван од субјективниот, нели? ;)

... чекај, чекај.... кој спомна Црква овде, Мики? Од каде улета сега црквата во муабетов - ја мислев дека зборам за религија. Ти не?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
da imase bog i da bese toj razumen i logicen ko sto svakate vie, ke nemase zlo stradanje i smrt, a nemoze toa da se pripise na coeckata slobodnas volja bidejki coekot ne e semoken nego Bog e semoken taka da on e kriv za sve ili go nema!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Кажи, кој од Апостолите бил вооружен со меч и така вооружен, проповедал? Исус споменува и Негово донесување „...меч..., „ но не како оружје, туку во метафоричко-преносна смисла. А тоа што Ап. Петар отсекол уво на римскиот стражар со нож, тоа е во времето пред Педестрница, т.е. во времето кога Апостолите сеуште имаат слаба вера! За среќа, Христос ја поправа грешката Петрова, со тоа што на војникот му го враќа увото во здрава состојба, со што на своите непријатели им подарува милост!

А тоа што римската војска носела оружје при апсењето Христово, па што друго и треба да носи војската, т.е. војниците!? Молитвеници во рацете или мечови и штитови?
“И им рече, Но сега, кој има ќесе нека си го земе, исто така и торба, а кој нема, нека си го продаде облеклото и нека си купи меч“ Лука 22:36
Исус како врховен командант му наредува на сите кои го следеле а кои немале меч, да си набават па макар и да си продадат облеката. Значи и гол да е али меч да има.
Римјаните не пратиле 10 сетина војници да приведат некој си таму еврејин кој проповедал “да му се даде на царот царевото“ или ширел пораки за мир, тие покренале цела операција, со голем број војници за да уапсат бунтовничка вооружена група предводена од престолонаследникот на Израел. Римјанитре ич не им било гајле верски или религиозни размимоидувања меѓу еврејските секти, и не се мешале во нивните религиски рашања, но кога некој кој се преставува како крал на Израел и кој со себе води вооружена група на луѓе меѓу кои има и воинствени зелоти.. е тогаш пуштаат одред римска војска потпомогната од еврејските стражари за да ја разбијат таа група, го фатат водачот и осудат како неприател на Рим. Распнувањето беше казна наменета за неприателите на Рим а не дека некој проповедник богохулел во јудаизмот кој Римјаните и така не го прифаќале а ниту разбирале.
 
проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
и случајно ова нигде го нема во учебниците по историја или географија...
Зборувам дека ова беше пред месец-два, нашите учебници по предметите се стари деценија - две

А дали на Исус му е помило ако црквата за свои потреби купи поскромно возило, на пример Опел или Фиат наместо скапите и екстравагантни Мерцедеси.
Дали Мерцедес, Лексус, Порше... му се одвратни на бога а Таврија, Југо, Сузуки свифт... му се подраги и тие што нив ги возат ги штити и му простува гревови?

На национална географија миаш секој ден и емисии за еволуција, настанокот на вселената и староста на земјата од 4 милијарди години...
Коинциденција - Можеби факт? - да?

На Господ му е најмило кога би ги почитувале Неговите заповеди и кога во нашиот живот би имало место и за Него, кога во нашите мисли си спомнеме барем за миг на Него.....
Не!!!!! - верувај луксузот и расипништвото не се мили на Господа!

За национална географија
Вселената настанала (тоа го има секој ден) но нема и никогаш со сигурност немало експеримент или научно поткрепени факти за тоа КАКО настанала.
Се обидуваат , фрлаат огромни богатства за да ја пронајдат ``честичката`` , а што добија?????
Всушност тие го бараат она што им е пред очи но не сакаат да го видат???
Коинциденција? - Можеби
Факт? - да!
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Кои се тие геолошки проценки од неколку илјади години. Ниту еден сериозен научник со здрав разум нема да го каже ова. Има дебати да, ама таа дебата ни случајно не се води во опсегот на "неколку илјади години"
Изгледа со копи-пејст ја створил земјата према креационистичките убедувања.:jaj:
Само имал доста време бидејќи има уште неколку стотини трилиони ѕвезди,планети и сателити во космосот.Или тоа се дупчиња во завесата на ноќта?
А месечината?
 
проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
“И им рече, Но сега, кој има ќесе нека си го земе, исто така и торба, а кој нема, нека си го продаде облеклото и нека си купи меч“ Лука 22:36
Исус како врховен командант му наредува на сите кои го следеле а кои немале меч, да си набават па макар и да си продадат облеката. Значи и гол да е али меч да има.
Римјаните не пратиле 10 сетина војници да приведат некој си таму еврејин кој проповедал “да му се даде на царот царевото“ или ширел пораки за мир, тие покренале цела операција, со голем број војници за да уапсат бунтовничка вооружена група предводена од престолонаследникот на Израел. Римјанитре ич не им било гајле верски или религиозни размимоидувања меѓу еврејските секти, и не се мешале во нивните религиски рашања, но кога некој кој се преставува како крал на Израел и кој со себе води вооружена група на луѓе меѓу кои има и воинствени зелоти.. е тогаш пуштаат одред римска војска потпомогната од еврејските стражари за да ја разбијат таа група, го фатат водачот и осудат како неприател на Рим. Распнувањето беше казна наменета за неприателите на Рим а не дека некој проповедник богохулел во јудаизмот кој Римјаните и така не го прифаќале а ниту разбирале.

????????????? Зборуваш за Исус?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom