Што се однесува до лажењето-почни од самиот себе. Секоја информација која ја пласираш на форумов, ако ја подложам на проверка преку 9-тата Божја заповед, ќе ти испадне тешка лага, кажана јавно од твоја страна.
Абе, Мики, ја не сум верник, па да ми е тоа проблем. Ти, од друга страна стоиш зад заповедите и овдека, на стотици и стотици страници тоа го трубиш.
Ти имаш проблем ако лажеш - не јас! А, еве, искача дека го правиш тоа.
Веќе реков: Ајштајн не е никаков авторитет во православната Црква, така да што и да кажал, нека му стои. Што се однесува до неговите истражувња, тие се само негови шпекулации и нека се јави јунак кој и експериментално ќе ја докаже целосната точност на неговите теории за релативитетот, а не саде некои парцијални „доказчиња„ до брзите авиони и то...
Ако не е авторитет, тогаш што го внесуваш (со лажги) во муабетов како обид да потврдиш нешто што ти одговара?!?!
За доказите на неговата теорија, очигледно имаш доста за дочитување. Само тоа ќе ти бара малку отворен ум и способност да сфатиш бројки
поголеми од 6000, архитекте
На крајот на краиштата, ниту Ајнштајн, ниту бико кој друг врвен ум, заглавен во својот начин на испитување, не може да пишува за Бога и за Неговото учење, освен да дојде до заклучокот дека Бог е Креаторот на Веселенатаи се во неа. И толку! Учењето Божјо го чува само Црквата а не некој поедининец или колектив од научниот свет.
Која црква, бе, Мики, 100000 различни цркви и секти постоја само во христијанството.
Која од нив го чува учењето Божјо?!? Како можеш да кажеш вакво нешто, кога луѓето направиле 100000 верзии од неговото учење? Или ќе се дрзнеш да кажеш дека токму
твоето христијанство е вистинското?
Што се однесува до агностицизмот, тоа е само уште еден беден човечки обод, по кој знае кој пат, да се озознае вистината, користејќи го не учењето од Црквата, туку својот отпаднат ум, полн со гревови. И како повеќепати низ историјата, и агностицизмот останува недефинирано учење, останато на сред кал, без јасни и конечни сознанија, каде агностиците барем признавват дека не можат да дојдат до ниедна конечна виситна.
Нема ништо бедно во обидите да се осознае вистината.
И што тоа го прави
твојот ум неотпаднат и без гревови?!? Тоа што не можеш да замислиш милијарда, а си архитект?!? Тоа што слепо веруваш на една единствена кннига составена од попови и политичари?!? Тоа што толку се плашиш од
прашањето зошто сум тука и што треба да направам, па веруваш и на приказна која не ти дава
никаков одговор на ова, ама барем ти кажува да ќутиш, да трпиш и да се надеваш дека кога све ќе заврши,
тогаш ќе ти се каже?!?
За мене, сосема е доволно сознанието дека Бог е Творецот на се, а не самозалажувањето дека животот, и оној еднокелијскиот, настанал туку-така, сам од себе, „онака„...
Гледам дека ти е доволно, иако не ти е јасно зошто све ова. Стравот од непознатото ти е поголем од жедта за знаење! Од кај мене така изгледа.
Хмммм... Значи, ти, како смрно битие. Му велиш на својот Творец „..заштО си бе, агресивен...?
Да, Мики, јас имам проблем со тоа. Ако некој ми дава совет... не наредба да не правам нешто, а тој самиот го прави токму тоа, за мене е тоа неприфатливо и лицемерно. Не знам за тебе како е. Можеби ти мислиш дека си недоволно вреден, дека си грешен, дека заслужуваш да те третираат така. Јас барам фер однос и взеаемна почит со оној од кој учам.
Прашањето е на место, Мики. Ако очите ти се прават 5-денарки ко ќе видиш Лексус, тешто да си близу бога, не?
Што си се загржил толку за аскетството, зашто не тргнеш од самиот себе, да извадиш некоја греда од своето око а не да вадиш раски од туѓите очи?
Мики, бре, па ја не сум загрижен за тоа. Јас нема зошто да бидам загрижен затоа што мене тоа не не интересира!!!
Ти, од друга страна, го дрвиш за религија и за принципи и за побожност и за православие, а ми викаш зошто еден владика да не вози Лексус?!?!
Кој дел не ти е јасен?