Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
За тоа црвеното -

Томов Закон
"Ништо не може да произведе нешто. Ако некогаш имало време кога имало ништо, тоа сеуште ќе биде ништо."

Па дури и Бог (кој е нешто) не може да биде произведен од ништо. Затоа, ако Бог дојде во битие, тој мора да излезе нешто. Единственото "нешто" што сега постои и отсекогаш постоело е енергија и / или материја.

Значи, секој Бог (или нешто друго) мора да биде, или мора да е било, производ на нешто. Сето она што е, мора да биде производ на енергија и / или материјата.

Бог не можел да создаде сè. Тој не можеше да се создаде себеси, треба да се развие од нешто што не е Бог.

Постојат оние христијани кои велат дека (и покрај Томовиот закон) дека Бог доаѓа од ништо. Имам некои прашања.Како би "НЕШТО " има мудрост да направи нешто повеќе важно и посложено отколку самиот или самото себе,а и уште поважно и покомплицирано од целиот универзум? Зошто не го направил "НЕШТО " прво универзумот, а потоа Бог?

Ова погоре е показател за почетничко неразбирање на работите.

Пошто Бог е Творец „..на се видливо и невидливо...„ тоа значи дека творенијата имаа свот Творец, но не значи дека и Творецот има свој Творец. Творецот им претходи на сите творенија, а самиот Творец за Себе вели дека „...Е....„, дека Он отсекогаш постои и дека Он нема свој почеток ниту во просторот ниту низ времето. Тоа значи дека Творецот е творец и на сите материјално-физичко-временски категории, кои важат само во/за материјалните-создадените категории и битија, но тие закони не важат и за самиот Творец, кој е создател на тие материјално-физички закони. Бидејќи Творецот обитува во небесниот-духовниот свет, а и Самот е Дух, Он не подлежи на правилата на овој, отпаднат и неповратно-иреверзибилно расиплив Свет.

Затоа, Бог е надлогичен и надприроден-не можеме да ја озознаеме Неговата неограниченост целосно, користејќи го нашиот ограничен ум, ниту можеме да Го подведеме на законите од овој, материјалниов Свет.
 
:vozbud:сам се ограничуваш...најмудар пост..и да според ајнштајн материја=енергија...ама творецот го нема таму:toe:
 
Славниот Ајнштајн (стана славен благодарение на паразитлакот кон неговите претходнци-физичари!) ниту е Свет Отец, ниту богослов, ниту по било кој основ е релевантен во православното рисјанство.

Типот кажал-и останал жив, разбираш...Воедно, Албер и не бил толку безбожен, ниту го негирал Божјото постоење. „Бог не се коцка„ е негова славна изјава.

Дали христијаните се раководат према ученијата и животот на Исуса Христа?

Пошто црковното учење е Христоцентрично, нормално дека се раководат по Неговото учење.
 
Славниот Ајнштајн (стана славен благодарение на паразитлакот кон неговите претходнци-физичари!) ниту е Свет Отец, ниту богослов, ниту по било кој основ е релевантен во православното рисјанство.

Типот кажал-и останал жив, разбираш...Воедно, Албер и не бил толку безбожен, ниту го негирал Божјото постоење. „Бог не се коцка„ е негова славна изјава.

Пошто црковното учење е Христоцентрично, нормално дека се раководат по Неговото учење.

нарочито кога оставаат пари во црква а има случаи и каде попови наместо дар(чорапи зејтин што ти знам) давале жиро сметка...

а нели исус реагирал бурно против таквите...абе ај прикаски за мали деца:pos2:
 
Навистина, нечиј неписменлак може да биде, напросто, неограничен....

Дај кажи на кое место новозаветно, Христос го критикувал оставањето прилог во храмовите, жив ти мајка ти?
 
Ова погоре е показател за почетничко неразбирање на работите.

Пошто Бог е Творец „..на се видливо и невидливо...„ тоа значи дека творенијата имаа свот Творец, но не значи дека и Творецот има свој Творец. Творецот им претходи на сите творенија, а самиот Творец за Себе вели дека „...Е....„, дека Он отсекогаш постои и дека Он нема свој почеток ниту во просторот ниту низ времето. Тоа значи дека Творецот е творец и на сите материјално-физичко-временски категории, кои важат само во/за материјалните-создадените категории и битија, но тие закони не важат и за самиот Творец, кој е создател на тие материјално-физички закони. Бидејќи Творецот обитува во небесниот-духовниот свет, а и Самот е Дух, Он не подлежи на правилата на овој, отпаднат и неповратно-иреверзибилно расиплив Свет.

Затоа, Бог е надлогичен и надприроден-не можеме да ја озознаеме Неговата неограниченост целосно, користејќи го нашиот ограничен ум, ниту можеме да Го подведеме на законите од овој, материјалниов Свет.

Оваа горе е показател на твојот ограничен ум...
 
нашиот ум не е ограничен по природа ...
една од работите кои го ограничува е религијата ...
кога ќе помислам што би било кога црквата не би палела луѓе кои одамна велеле дека земјата е топка а не плоча и за други работи кои не им одело у прилог на нивните ограничени мозоци...
 
Ова погоре, се нарекува ептен јак и содржаен пост, произлезен од ...... хмммм....ум.

Ајде сега, ти, џоа нерелигиозен, покажи ја неограниченоста на својот ум, и кажи ми/ни колку атоми има во целата Вселана?

Жолта дуња, зелен бор, чекам брз одговор...:tapp:
 
АХахах ова е само твое мислење за кој немаш никакви докази...а е произлезен како што и самот рече ограничен ум...

А тоа со атомите е беден пример...сите сме свесни за тоа дека никој неможе да го пресмета тоа(во овие времиња) како што и првичните луѓе не знаеле што е тоа гром, ветер, дожд, телевизија, телефони, авиони итн.(денес овие работи се знаат како се создаваат) Па можеби во иднина што јас знам за неколку илјади години(а можеби и во блиска иднина) кога јас и ти ќе сме под земја некој ќе го открие тоа...
 
Ха-ха! Вообичаеното „вадење„ со убавата иднина, во која џоа све ќе знаеме (а кој знае, можи и богој ќе станиме!....) е мојот омилен одговор!

И? Ти текна ли сега која е твојата ограниченост на умот?

Еве уште едно слично прашање, чисто да ја видам твојата неограниченост: колку келии има твојот организам?
 
Ова погоре, се нарекува ептен јак и содржаен пост, произлезен од ...... хмммм....ум.

Ајде сега, ти, џоа нерелигиозен, покажи ја неограниченоста на својот ум, и кажи ми/ни колку атоми има во целата Вселана?

Жолта дуња, зелен бор, чекам брз одговор...:tapp:

За таков одговор треба да консултираш некој астрофизичар.Како може да ти даде одговор на такво прашање? Исто колку што можеш да одговориш колку влакна имало во брадата на Св.Петар...
 
Ха-ха! Вообичаеното „вадење„ со убавата иднина, во која џоа све ќе знаеме (а кој знае, можи и богој ќе станиме!....) е мојот омилен одговор!

И? Ти текна ли сега која е твојата ограниченост на умот?

Еве уште едно слично прашање, чисто да ја видам твојата неограниченост: колку келии има твојот организам?
Околу 30.000.000.000.000. Само ти не можеш да сфатиш ништо над милион, како што самиот тврдиш, нели?
 
Ц...ти тврдиш дека јас не можам да сватам, иако такво нешто немам напишано.

Велиш, „околу„ ...Значи, не си сигурен дека се толку, така? А може да се и повеќе а и помалку од 30 бил. И, колку се де?
 
Pa citaj ubavo-tamu nikoj ne go udril Isus po edniot, pa da zavrti drug... I ne maval po pazar, tuku go isteral pazarot koj se naogal na mesto kade ne mu bilo mesto vo Bozjio hram.
A vie i zatoa se plasite od Bog i Isus, zasto Toj e krotok i ne nasilen, ako go povikas vo tvoeto srce ke vleze, nasilno ne vleguva... No, koga ke dojde vo tvoeto srce i koga ke najde se i sesto sto ne mu e mesto tamu, ke upotrebi stapce...
Tuka e stravot vas, da ne treba da se odelite od glupostite vo vaseto srce.

abe u biblia pisua ne se protivi na zloto nego ostaj bog da vrati a isus sam maal so stapo ne cepidlaci jasna e kontradikcijata baska bibliata cela e kontradikcia.
 
Супер е човек да има објаснување за потеклото и причината за се ова. Овие две работи го прогањаат човештвото уште од самиот почеток (на луѓето, не на светот - многу важно за нотирање).

Затоа луѓето и се обидуваат да најдат одговор за тоа од кај сме и зошто сме тука.

Во минатото имало многу обиди да се даде одговор на овие две прашања. Сите религии се обидуваат баш со овие две. Секоја од нив смета дека го дала вистинскиот одговор.

Тоа и е проблемот со религиите. Секоја од нив смета дека го има конечниот одговор.

За жал, ниту една од нив не го издржала тестот на времето, па оние религии кои останале крути, замреле и биле заменети со „подинамични“ религии. Такви се Христијанството и Исламот. Тие, како институционализирани движења се прилагодуваат кон промените во општеството во кое се практикуваат/наметнуваат.

Затоа и постојат толку подправци, секти и варијанти на овие две и затоа и се најбрзорастечки во поглед на број на верници.

Овие две се религии, ама не се баш религии. И за едната и за другата има бројни примери на дотерување, редактирање и прилагодување кон современите текови. Или, претолкување.

Од пред некое време, се појави експерименталниот метод, како основа на современата наука. Убавината на науката не е во тоа што е докажлива или конечна, туку фактот што е отворена!!!!

Тоа значи дека науката никогаш не тврди дека е нешто ВИСТИНА и КОНЕЧНО!!!

Така, науката дозволува да се оди напред, да се откриваат нови феномени и нови погледи на она што ние го викаме СВЕТ.

Јас не викам дека науката го дава конечниот одговор на оние две прашања на почетокот на постов, НО сигурен сум дека ниту една религија од постојниве го нема вистинскиот одговор на истите две прашања - од каде и зошто сме тука.

Проблемот со религиите е што се сопнуваат на самиот почеток - ТВОРЕЦ НЕ' НАПРАВИЛ - но немоќни се да го ОБЈАСНАТ тој творец, со што пра-причината и пранамерата остануваат непознати.

Затоа, дечки и девојки верници, живеете во заблуда дека ги имате одговорите, иако ОЧИГЛЕДНО е дека ниту ви е јасна намерата на „творецот“, ниту ви се јасни причините кои го натерале да ве создаде.

Јас не викам дека мене ми се јасни овие две работи, но јас не ни тврдам дека ги имам одговорите. Јас викам дека постојано ги барам, знаејќи дека најверојатно нема да ги добијам јас самиот, НО со она што јас ќе го откријам во текот на мојот живот, ќе помогнам на идните луѓе да дојдат поблиску до барем еден од овие два одговори.

Строгите (буквални) верници, според мене, се лишуваат себе и човештвото од можноста да придонесат кон пронаоѓањето одговор на овие две прашања, од проста причина што сметаат дека веќе им се одговорени.

Мое мислење.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom