MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.397
1. Реков дека Бог ќе ја пресоздаде целата Вселена а не дека ќе ја уништи па после уништувањето, ќе ја пресоздаде.1. Основната разлика меѓу западните и источните религии е во конечноста наспроти итерациите (повторувањата). Христијанството, колку што јас сум информиран, е од оние првите. Све овде е подготовка за вечниот живот после (во пеколот или во рајот - некој ќе мора да го пие малку у чистилиште, али добро).
Така, јас првпат од тебе слушам дека по страшниот суд, господ ќе ја уништи земјата и повторно ќе ја создаде... ... Мене, ова ми личи на концептот на инкарнации и прераѓања и бесконечност на овој живот тука, што христијанството некако како да не го вика... незнам... што мислат другите мајстори?
2. Викаш, значи, дека сите зли момци и девојки во човештвово досега сеуште се никаде? Ниту во рајот, ниту во пеколот... хмммм... као да сум читал дека овој или оној више се пржат.... исто така, пацер сум, не знам, би сакал некој ова да го објасни ако има време. Ја стварно мислев дека пекол веќе постои и дека ѓаолот си живее таму, љут на господ дека го избркал....
аха... „делуваат од центар во Хималаите“...супер!
3. Отсекогаш ме интересирало што тоа имаат ангелите да „прават“ во рајот?!? ... мислам, нели е таму све идеално, конечно и неменливо - најбоље! ...ако е така, тогаш за што воопшто му служат на господ?!?!
4. исто ко 3.
5. Интересно... ќе воскреснат... и после? што ќе прават после? што ќе се случува таму? Све ќе биде ОК? Мислиш? .... и викаш дека сега се.... каде?
Инаку, пеколот е живо опишан... се сеќавам... како е така живо опишан ако уште не постои?
Многу прашања... се надевам дека некој мајстор ќе успее да ги одговори. Нема да забележам на стилот (логички или духовен - парафрази или цитати - сеедно...)
2. Велам дека после поединечниот суд на душата човекова, Бог ќе и одреди привремено престојување или во Рајот или во пеколот, зависно од верата и од делата која таа душа ги имала или немала во овој живот. Конечниот Суд Христов, на Неговото второ пришествие, е крајниот Суд, на кој (Суд) Он ќе им суди и на душата и на телото, истовремено, па после тој Суд, ќе имаме трајна состојба на престој или во Рајот или во пеколот. Нема „трето„.
3. Ангелите го чинат она кое Бог им го одредува. А што ќе прават ангелите во Рајот, тоа ќе го видат оние кои ќе заработат Рај. Значи, прво влез во Рајот, а не предвремени прашања, во стилот „...што ли ќе правиме во Рајот?...„. А Творецот ги створи(л) ангелите, за да ја сподели својата добрина и со други битија и за да ја покаже целата своја слава и пред други, а не само пред Себе.
4. Види под „3“.
5. Велам дека прво треба да восркеснеме, па да ни се суди, па да ја добиеме или наградата или казната, привремено. А што ќе правиме „после„? Бог Си знае. Она кое е познато од вероучението, вели дека во Рајот, ќе следи живеење во бесконечноста, во бескрајната недела (денот Божји), без маки и страдања и смрт, туку во вечно престојување во Божјата близина и бесконечно доживување на Божјата благодатна енергија...САМО тоа! А пред тоа, треба да си заработиме Рајски билет.
Пеколот постои. А пеколни маки има уште овде, на Земјава.
П.С: Православието не познава чистилиште, оти тоа наводно чистилиште, нема своја библиска подлога, туку е новотарија од римската Црква.