Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Основната разлика меѓу западните и источните религии е во конечноста наспроти итерациите (повторувањата). Христијанството, колку што јас сум информиран, е од оние првите. Све овде е подготовка за вечниот живот после (во пеколот или во рајот - некој ќе мора да го пие малку у чистилиште, али добро).
Така, јас првпат од тебе слушам дека по страшниот суд, господ ќе ја уништи земјата и повторно ќе ја создаде... ... Мене, ова ми личи на концептот на инкарнации и прераѓања и бесконечност на овој живот тука, што христијанството некако како да не го вика... незнам... што мислат другите мајстори?

2. Викаш, значи, дека сите зли момци и девојки во човештвово досега сеуште се никаде? Ниту во рајот, ниту во пеколот... хмммм... као да сум читал дека овој или оној више се пржат.... исто така, пацер сум, не знам, би сакал некој ова да го објасни ако има време. Ја стварно мислев дека пекол веќе постои и дека ѓаолот си живее таму, љут на господ дека го избркал....
аха... „делуваат од центар во Хималаите“ :):):) ...супер!

3. Отсекогаш ме интересирало што тоа имаат ангелите да „прават“ во рајот?!? ... мислам, нели е таму све идеално, конечно и неменливо - најбоље! ...ако е така, тогаш за што воопшто му служат на господ?!?!

4. исто ко 3.

5. Интересно... ќе воскреснат... и после? што ќе прават после? што ќе се случува таму? Све ќе биде ОК? Мислиш? .... и викаш дека сега се.... каде?

Инаку, пеколот е живо опишан... се сеќавам... како е така живо опишан ако уште не постои?

Многу прашања... се надевам дека некој мајстор ќе успее да ги одговори. Нема да забележам на стилот (логички или духовен - парафрази или цитати - сеедно...)
1. Реков дека Бог ќе ја пресоздаде целата Вселена а не дека ќе ја уништи па после уништувањето, ќе ја пресоздаде.
2. Велам дека после поединечниот суд на душата човекова, Бог ќе и одреди привремено престојување или во Рајот или во пеколот, зависно од верата и од делата која таа душа ги имала или немала во овој живот. Конечниот Суд Христов, на Неговото второ пришествие, е крајниот Суд, на кој (Суд) Он ќе им суди и на душата и на телото, истовремено, па после тој Суд, ќе имаме трајна состојба на престој или во Рајот или во пеколот. Нема „трето„.
3. Ангелите го чинат она кое Бог им го одредува. А што ќе прават ангелите во Рајот, тоа ќе го видат оние кои ќе заработат Рај. Значи, прво влез во Рајот, а не предвремени прашања, во стилот „...што ли ќе правиме во Рајот?...„. А Творецот ги створи(л) ангелите, за да ја сподели својата добрина и со други битија и за да ја покаже целата своја слава и пред други, а не само пред Себе.
4. Види под „3“.
5. Велам дека прво треба да восркеснеме, па да ни се суди, па да ја добиеме или наградата или казната, привремено. А што ќе правиме „после„? Бог Си знае. Она кое е познато од вероучението, вели дека во Рајот, ќе следи живеење во бесконечноста, во бескрајната недела (денот Божји), без маки и страдања и смрт, туку во вечно престојување во Божјата близина и бесконечно доживување на Божјата благодатна енергија...САМО тоа! А пред тоа, треба да си заработиме Рајски билет.

Пеколот постои. А пеколни маки има уште овде, на Земјава.

П.С: Православието не познава чистилиште, оти тоа наводно чистилиште, нема своја библиска подлога, туку е новотарија од римската Црква.
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
6
1. Зошто Исус е казнет со распнување како што се казнуваат сите кои се против Императорот на Рим??
2. Дали библијата да се сфаќа буквално или симболички?
3. Зошто нема ниту точки ниту запирки во петте книги на мојсеј?
4. Каде е оригиналот на вашиот нов завет?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Извини што сум напорен, ама озбилно сакам да разберам.

1. Што значи „пресоздаде“? ...кога викаш дека „ќе ја пресоздаде вселената“, што тоа значи у ствари? Што ќе се случи со старата?
2. Нема чистилиште? Па нели таму одат душите што наппраиле некоја фрка, ама не толку голема да заглават у вечен пекол, него после некое време (долго) ќе се исчистат и ќе можат да одат во рајот.

Нели на луѓето кои умираат им викаат „сите твои сакани, што више умреле, те чекаат тебе сеа у рајот и ко ќе отидеш таму ќе им се придружиш и све ќе биде добро.“ Јас такви муабети сум чул.

Како тоа привремено ќе им одреди рај или пекол? Нели е засекогаш таа одлуката на господ. Зарем ќе се премисли? Зарем некој што добил рај ќе може да попие пекол после пар вечности?

3. Мене ми е јасно дека ги створил он ангелите... ама што ќе се случува кога господ еднаш ќе им пресуди на сите души? што ќе му се ангели? Нема ваљда да чистат по рајот? (извини за дрскоста) Ако е рајот све најбоље... а пеколот е страва и ужас нон-стоп, и ако никој не може од рајот да кидне, а никој нормален не би си отишол од рајот... каде би била збрката или проблемите кои сега ги хендлаат ангелите?

Ако пеколот постои, нели Луцифер треба да го владее? Ја така сум читал....

Види јас кога прашувам, за христијанството мислам во целина. Мислам, овде се збори за библијата, така? За која? На Крал Џејмс или грчки оригинал или старословенска верзија? Затоа бисакал да знам каков христијан си ти... мислам кој правец? Дефинитивно не си католик. Православен си или протестант?

Уште нешто... Дали православните христијани сметаат дека католицизмот е искривоколчена варијанта? Како Ортодоксните ги доживуваат варијантите на нивната религија?

уште ова (не само до Мики - до другите навистина посветени христијани):

Мислам дека барем во груби црти ми е јасна сликата за минатото, сегашноста и иминентниот крај на земјата според библијата (т.е. господ). Она што не ми е јасно е ова:

Што се случува после?
Каква е таа награда? Што ќе се прави таму? аха... и уште ова: Како ќе и биде на душата која стигнала во рајот ако душата на нејзиниот син, да речеме, заглави у пекол?

фала многу.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Зошто Исус е казнет со распнување како што се казнуваат сите кои се против Императорот на Рим??
2. Дали библијата да се сфаќа буквално или симболички?
3. Зошто нема ниту точки ниту запирки во петте книги на мојсеј?
4. Каде е оригиналот на вашиот нов завет?
1. Исус е казнет на начин, кој римјаните/римската власт го има практикувано за сите оние кои не се римајни. Иако Исус веќе бил римски граѓанин, за Него е сторен и овој исклучок. Старозаветните пророштва тоа ги навестуваат:дека Он ќе биде распнат меѓу разбојници.

2. Библијата е пишувана на едноставен јазик, кој за себе крие повеќеслојни значења и содржини. Затоа е потребно нејзино толкување. Библијата се толкува така, што се чита она кое е напишано, а се толуква повеќеслојноста од напишаното.

3. Начинот на кој е пишувано Петокнижието е својствен за тоа време. Не е разумно да очекуваме строго литературно пишување, со точни ситнаксички правила. Јудеите, на пример, практикувале пишување зборови со согласки, а самогласктие се „вметнувани„ при читањето на тие зборови.

4. Условно кажано, оригинал од Новиот Завет е најден пред некој месец, во некој од коптските манастири во Египет. Староста е проценета на некои 800 г., по мое сеќавање. Веројатно се работи за некој рачен препис.

Извини што сум напорен, ама озбилно сакам да разберам.

1. Што значи „пресоздаде“? ...кога викаш дека „ќе ја пресоздаде вселената“, што тоа значи у ствари? Што ќе се случи со старата?
2. Нема чистилиште? Па нели таму одат душите што наппраиле некоја фрка, ама не толку голема да заглават у вечен пекол, него после некое време (долго) ќе се исчистат и ќе можат да одат во рајот.

Нели на луѓето кои умираат им викаат „сите твои сакани, што више умреле, те чекаат тебе сеа у рајот и ко ќе отидеш таму ќе им се придружиш и све ќе биде добро.“ Јас такви муабети сум чул.

Како тоа привремено ќе им одреди рај или пекол? Нели е засекогаш таа одлуката на господ. Зарем ќе се премисли? Зарем некој што добил рај ќе може да попие пекол после пар вечности?

3. Мене ми е јасно дека ги створил он ангелите... ама што ќе се случува кога господ еднаш ќе им пресуди на сите души? што ќе му се ангели? Нема ваљда да чистат по рајот? (извини за дрскоста) Ако е рајот све најбоље... а пеколот е страва и ужас нон-стоп, и ако никој не може од рајот да кидне, а никој нормален не би си отишол од рајот... каде би била збрката или проблемите кои сега ги хендлаат ангелите?

Ако пеколот постои, нели Луцифер треба да го владее? Ја така сум читал....

Види јас кога прашувам, за христијанството мислам во целина. Мислам, овде се збори за библијата, така? За која? На Крал Џејмс или грчки оригинал или старословенска верзија? Затоа бисакал да знам каков христијан си ти... мислам кој правец? Дефинитивно не си католик. Православен си или протестант?

Уште нешто... Дали православните христијани сметаат дека католицизмот е искривоколчена варијанта? Како Ортодоксните ги доживуваат варијантите на нивната религија?

уште ова (не само до Мики - до другите навистина посветени христијани):

Мислам дека барем во груби црти ми е јасна сликата за минатото, сегашноста и иминентниот крај на земјата според библијата (т.е. господ). Она што не ми е јасно е ова:

Што се случува после?
Каква е таа награда? Што ќе се прави таму? аха... и уште ова: Како ќе и биде на душата која стигнала во рајот ако душата на нејзиниот син, да речеме, заглави у пекол?

фала многу.
1. „Пресоздаде„ значи дека дека пак ќе има, согласно Откровението, „...ново Небо и нова Земја...„, што значи дека пак ќе постои Земјава, но се, буквално се ќе биде пресоздадено од фина материја, нераспадлива и нерасиплива, а телата од луѓето ќе дидат продуховени и бесмртни, со необични способности (движење без физички пречки). Ќе нема потбера од ново Сонце, оти Он, Исус, ќе биде новото Сонце.
2. Не постои чистилиште. Тоа го измисли римската црква. Со тоа чистилиште, отсавена е можноста од луѓето да си грешат во овој живот колку што сакаат и ич да не му ја мислат, оти после смртта, ќе си „поминат„ некое време во чистилиштето, каде, наводно, чистилишниот оган ќе им ги „испере„ гревовите па после тоа ќе им следи неизбежен Рај. Така, испаѓа дека не е битно како живееш: како праваедник или како грешник, па вака или така, Рајот не ти гине...

Да, Бог одредува кој каде ќе оди привремено. Постои можност душата да прејде од пекол во Рај, но не може да прејде од Рај во пекол. Така, Бог не се премислува кога душата не може да прејде од Рај во пекол (а зашто би прешла?...), но Бог ја покажува својата милост кога, според молитвите и според трпењето на адските маки, некоја душа (не сите, нормално!) може да прејде од пекол во Рај. Душите кои живееле праведно, но недоволно се покајале, ги трпат адските маки и демоските стравотии и тоа им е казна за нивната недоволна покајаност. За нив, има можност да прејдат од пекол во Рај, по милоста Божја.

3. Веќе реков: прво да влеземе во Рајот, а што ќе правиме во Рајот, ќе видиме од после. Бог ќе се погрижи за се, Он е семоќен.

- Луци не владее со пеколот, туку владее со овој свет. А во пеколот ќе биде сместен и луци, после второто Христово доаѓање и Неговитот конечен Суд, каде ќе ни суди на сите, вклучувајќи ги и демоните.
- Новиот Завет е напишан на старогрчи јазик,оти и во тоа време, старогрчкиот го имал значењето како што денес се наметна англискиот, како меѓунариоден јазик. Апостолите Исусови, најголем дел од нив, веќе го знаеле старогрчкиот, па пишувале не само на јудјески, туку и на старогрчки. Сите словенски народи ја наследуваат словенската верзија од Новиот Завет, од времињата на поксртувањето на словените во рисјани.
- Повеќепати имам напишано дека се исповедам за православен христијанин. Тоа може лесно да се воочи од речникот кој го користам на форумов.
- Да, православната Црква смета дека римската/римокатоличката Црква ја искриви и ја напушти изворната вера.
- православната Црква смета дека го чува изворното учење во неискрвиена состојба, онака како Исус им го пресене на Апостолите и онака како Апостолите го пренесоа на првите генерации епископи, во новоформираните Цркви од апостолско време.
- оние поединци, кои се удостоиле да го видат Рајот, по враќањето во овој свет, само ги повторуваат новозаветните зборови: ...она кое окото не го видело, увото не го слушнало...„. Велат, таков е Рајот. Убавините од овој Свет се само предслика за рајските убавини.
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
1

- православната Црква смета дека го чува изворното учење во неискрвиена состојба, онака како Исус им го пресене на Апостолите и онака како Апостолите го пренесоа на првите генерации епископи, во новоформираните Цркви од апостолско време.
Исус им ја пренесе верата на апостолите така како што треба да биде.Апостолите ја проповедаа на начин кој го барал Господ од нив и тоа е запишано во Новиот Завет, ама после тоа вие кога му викнавте со амандмани надополнувања и новотарии со свеки, икони,бројаници,свети отци,житија,куќни слави раздавање по гробишта итн,итн.

Направивте една комешаница од сите локални верувања и убедувања на поединци.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
На постови со ваква критичка и неоснована содржина, веќе имам пишувано така да не би се повторувал самиот себе.

П.С. Ајде посочи ми, на кој начин Христос бараше од Апостолите да проповедаат?
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
6
Казна со рапнување на крст е извршувана само спрема оние кои сакале со бунт да го тргнат Рим од управување со нив. Ако не сте знаеле видете во Јудејски војни од Флавиј и Јудејски Древности. Исус сепак е Цар, потеклото му е од Давид, дури и пилат на евреите им вели: Што да правам со овој кој вие го нарекувате Цар јудејски... Значи народот го препознава за Цар, за ослободител ...и ...му опнаа ножот..упс, шајките.

И не е убаво да се слави орудието на кое страдал некој пророк, како вие крстот, Ѓаволот и тука ви ги смеша сметките...

Стариот завет (првите 5 книги на Мојсеј) нема интерпукциски знаци и е на еврејски, бидејќи се смета за директно диктирани од Бог. Новиот завет...веќе нема ништо од богот на стариот завет... Се појави Евреин за кој не се знае ништо до 30 година...дваесет и нешто години го нема..и почнува да покажува чуда и да црта симболи по земја, и да зорува на јазик како и египетските свестеници..Треба да се научи малце компаративна религија...И исламот вели дека Бог е спасител, и гностиците кои сепак успеаа да го задрзат значењето на сите тие фрази дури до денес.

Премногу ми е досадно да зборувам на ваква тема...се гледа дека имате едно 3000 различни христијански вери, што мене ми одговара бидејќи никогаш нема да се соедините.

Не сум јас повикана некој да освестам,

Прави како ти е волја и тоа нека ти биде целиот Закон!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.193
Поени од реакции
81.280
Казна со рапнување на крст е извршувана само спрема оние кои сакале со бунт да го тргнат Рим од управување со нив....
Исус бил распнат помеѓу обични разбојници. Тие сигурно не се обвинети за бунт против римската власт (што би рекле, со модерен речник - политички).
Веројатно е дека тавата казна била применувана и пошироко, а не само над бунтовниците против власта.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Кому од форумскиве христијани не му е проблем што приказната за животот и делото на Исус е во голема мера слична со оние на другите митски ликови кои живееле пред и по него, таму или многу подалеку од Ерусалим?
(Хорус, Зороастер, Митра, Кришна и сл.)
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Кому од форумскиве христијани не му е проблем што приказната за животот и делото на Исус е во голема мера слична со оние на другите митски ликови кои живееле пред и по него, таму или многу подалеку од Ерусалим?
(Хорус, Зороастер, Митра, Кришна и сл.)
Никому веројатно..
околу тоа порано доста пишував и ако те интересираат "сличностите" најди ги постовите и ќе видиш дека благе везе немаат..
 
проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Не сум јас повикана некој да освестам,

Прави како ти е волја и тоа нека ти биде целиот Закон![/quote]

Волја ми е да (подалеку било) да ``убивам``
Тоа ли да е мојот закон
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
6
Не сум јас повикана некој да освестам,

Прави како ти е волја и тоа нека ти биде целиот Закон!

Волја ми е да (подалеку било) да ``убивам``
Тоа ли да е мојот закон[/quote]

Доколку така мислиш.... ама некој друг па има Закон да те уапси ако те фати :) па сега ти види. Секој е слободен за се', а последиците се сосема друга ствар.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.735
Ако не се плашиш од затвор и ако можеш да живееш со тоа на совеста слободно убивај.

Убаво е се тоа што пишува во 10-те заповеди „Не убивај“, ама не ми е потребна религијата за да разликувам добро од лошо, и да знам што можам а што не можам да направам. Патем, кај убијците имаш и религиозни и атеисти и агностици и се живо и диво. Згора на тоа, религиозните убиваат во името на нивниот Бог, тргнувале од крстоносни походи до бомбашки напади...

Сега знам, вистинските верници бла, бла... ама и овие кои убиваат се сметаат за вистински, според нив нормално.

Така да, бидете слободни, правете што ви е волја, само малку ак'л во главите и се ќе биде во ред :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Исус бил распнат помеѓу обични разбојници. Тие сигурно не се обвинети за бунт против римската власт (што би рекле, со модерен речник - политички).
Веројатно е дека тавата казна била применувана и пошироко, а не само над бунтовниците против власта.
Читај ја библијата во оригинал а не превод.
Бил распнат помеѓу два бунтовници
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
П.С. Ајде посочи ми, на кој начин Христос бараше од Апостолите да проповедаат?

Марко 16 : 15 И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание!

Да го проповедаат евангелието.Јасно пишува така?

Не им рече да цртаат икони и да се молат на светци.

Не им рече да осветуваат вода и да ги прскаат лугето.

Не им рече да палат свеки во негова Чест.

Не им рече да слават кукни слави за да им оддадат слава на светците.

Не им рече да си го направат христијанството како нив им одговара.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom