Не знам за кои религии пишуваш, но бидејќи темава е посветена за христијанството, ќе пишувам за него.
Христијанството воопшто не си поставило цел да да ги измени состојбите во светот за кои што зборуваш. Христијанството не е државна религија, туку индивидуална вера. Христијанството не менува цели држави, цели народни маси, туку поединци кои потоа се организираат во христијански заедници кои пак секогаш биле и ќе бидат малцинство во општеството. Оттаму не може да се очекува дека христијанството ќе направи духовна преродба на едно цело општество и со тоа ќе ја постигне целта за која што пишуваш дека тоа "само си ја поставило", бидејќи христијанството не си поставило таква цел. Христос благовремено кажа дека широк е патот и широка е вратата на пропаста и дека мнозинството врви по нив, а дека тесен е патот и дека тесна е вратата која води кон живот и малкумина ја наоѓаат. (Исус во ев. Матеј 7:14). Потоа во Библијата исто така е проречено дека во последните денови луѓето ќе бидат...
"...саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто, предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; Отстранувај се и од нив!"
(2 писмо на Павле до Тимотеј 3:2-5)
Така што христијанството е непогрешливо во опишувањето на луѓето и случувањата кои тоа ги прорекло за овие 2000 години, така што тоа ја потврдува неговата веродостојност и секако дека го продолжува неговиот мандат и понатаму затоа што тоа и те како ја постигнува целта која си ја поставило на почетокот, а тоа не е промена на цели држави за кои што благовремено е кажано дека нема да се променат кон подобро, туку ќе тонат во се поголема морална деградација, туку неговата цел е просведочување (информирање) на луѓето со евангелската (спасителната) порака и спасување на, исто така однапред предвидените малкумината кои ќе ја прифатат оваа порака, ќе се покајат и нема да продолжат да тонат заедно со мнозинството во моралната деградација на општеството, туку ќе бидат променети од Христос и ќе бидат сведоци дека Божјата спасителна рака се објави во светот, и покрај тоа што мнозинството одлучи да не ја прифати.