Што ни дава религијата? Ете од тоа да почнеме... Религијата пред се на човекот му го дава Исус. Директното влијание од Исусовата приказна за милосрдниот самарјанин како и неговиот пример за милосрдие и сочуство, денес во ова време поттикнува сеуште доста луѓе да сочуствуваат меѓусебно и да бидат милосрдни. Исус ги подигнал луѓето и сеуште тоа го прави духовно и телесно.
Исус не напиша ниту една книга. Столарот од Назарет не направи никакви градежни планови, а сепак најголемите светски градби се изградени во Негова чест.
Тој не изработи ниту една уметничка слика, а сепак најголемите уметници во светот, Рафаел, Микеланџело, Леонардо да Винчи и многу други биле инспирирани од Него.
Тој не напиша ниту едно книжевно дело, а Данте, Милтон, Толстој и многу други писатели беа токму инспирирани од Него во пишувањето на своите најдобри дела.
Дури и нерелигиозните луѓе ја ценат јаснотијата и праведноста на Неговиот суд, Неговото чуство за праведност, Неговата племенитост и Неговата сила за мир.
Исус дојде на земјата токму во времето на римската алчност, фарисејската омраза и грчката итрина. Овој скромен човек од Назарет кој не командуваше со ниедна војска,немаше влијателна положба, немаше никакво почесно име, кој не напишал ниту една книга, а во младоста морал да умре помеѓу двајца разбојници. Му се восхитувам поради сето тоа и затоа што Неговото име стана најголемо и најславно на целиот свет, дури и меѓу атеистите и неверниците.
Тоа е она што го дава религијата барем според мене, единствен, совршен пример за Личноста и карактерот на Исус Христос, целосен мир во душата, вистински и искрен пријател а пред се Спасител. Тоа е еден вид поткрепа и духовно спокојство кое бодри полесно човек да се сноси со искушенијата.