Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 април 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
21
А кој е тој кој може „апсолутно„ да се придржува кон било кои правила? Апсолутен е само Бог, а Неговите созданија, на пр, човекот, склони се кон гревови и грешки.
Хармонијата што не опкружува е Бог,во кој би можел да верувам,а не Бог кој би се занимавал со судбините на човечките суштества.Ние сме толку безначајани и ограничени.
,,УНИВЕРЗУМОТ Е ТВОРБА ПРЕД КОЈА ТРЕБА ДА ЗАСТАНУВА ЗДИВОТ НА СЕКОЈ ПАМЕТЕН ЧОВЕК,,

]

Тоа дека Библијата е препишана од овде или од онде, тоа е само твој став или став на твоите истомисленици...и секако дека тој став е ПОГРЕШЕН.

А ја го вистинскио став:

„... Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување вои праведност...„
„..за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело....„ (Тимотеј, 3.16, 3.17).

И уште малку:

„...кон не љуби, тој не Го познал Бога, зашто Бог е љубов...„ (Јован, 4.8).

Но и ова:

„...Вашиот татко е ѓаволот: и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува, говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата...„ (Јован, 8.44).

Мики што може човек сам да направи - ништо,значи колективниот ум е единствената движечката сила.Потребно ни е интелектуално ткиво на голем број на луѓе за прогрес на човечанството.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Чекај малку, сеа Горан...
Па мене со “прогресот„ ме отекуваат од мали нозе но и секој Божји ден. За кој, за како и за ЧИЈ прогрес сега пишуваш постови? Некој „најнов„ прогрес? Па тоа го велат и модерните технотрони богови, кои ми продаавт компјутери под фирмата „прогрес„. Што ти ќе понудиш под истата таа фирма? Некој поинаков „прогрес?
 
Прочитај ги моите постови во темата Атлантида Македонија Александар,не можам повторно да пишувам,целата енергија ја потрошив.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Горане турлитава си направил....
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Негде прочитав дека Библијата ( Стариот и Новиот Завет) има околу 40 000 грешки, па сакам мислење од компетентните дали е ова точно или тој број е помал, бидејќи јас според она што сум го читал и проучувал од Библијата имам најдено многу контрадикции, но сепак не сум ги броел. :)
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Грешки има ама во духовното и во неговото учење нема никаква грешка.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Аха ок, иако христијанските теолози ќе се обесат за да потврдат дека и тие што ја пишувале Библијата биле Боговдахнати или водени од Бога и Светиот Дух, а со тоа и непогрешливи во бележењето на Библијата, затоа што ако го потврдат ова твоево ( што за мене е точно) автоматски паѓа Библијата како Божји Збор.

Ок, сепак ти благодарам за појаснувањата. :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Библијата има многу контрадикции
еве некој пример
-Секоја власт е од Бога/ Целиот свет е во власта на злото...
-Не се противете на злото/ Противете се на ѓаволот...
-Сакајте ги своите непријатели/ моите следбеници ќе ги познаете по тоа што меѓу нив има љубов...
-Јас и отецот сме едно/ Зошто ме велиш добар кога добар е само единиот Бог...
-Ако ме сакате пазете ги моите заповеди/ на бог подраг му е фрешникот кој се покајал отколку праведникот...
потоа да наведам некои примери каде не се практикува она што е напишано во Библијата:
-на жена не и дозволувам да поучува/ насекаде жени наставнички, професорки,директорки, министерки, а ако се еднакви што не работат во рудници или градежништво?
-Жената да му биде покорна на мажот како на господ/ а уствари жената е како маж, и треба секс но не и маж
-Ќе се спаси преку раѓање деца во потполна покорност/ а насекаде абортуси, разводи...
-Секој оној кој ќе погледне со желба туѓа жена, направил прељуба во срцето свое/ а модата наречена уметност на заведување оди директно токму тоа да ја посакаш онаа жена која не е твоја, но може да биде за кратко...
Основачот на Црквата на Сатаната, Антон Шандор ла веј напишал
Христијанската религија е лицемерна, истите оние кои во недела идат во црква и бараат прошка, постојано идат во стриптиз барови, учествуваат во се она што вербално го негираат.Значи, и самиот сатанизам како официјална црква во САД настанала како одговор на лицемерното христијанство на западниот свет.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Негде прочитав дека Библијата ( Стариот и Новиот Завет) има околу 40 000 грешки, па сакам мислење од компетентните дали е ова точно или тој број е помал, бидејќи јас според она што сум го читал и проучувал од Библијата имам најдено многу контрадикции, но сепак не сум ги броел. :)
Пред ено година-година и пол, еден исламски теолог на една скопска телевизија, изјави дека Библијата имал 50 000 грешки, значи, не биле 40 000 грешки. Ајдеееее...Значи, има грешка и во наоѓањето грешки во Писмото.

Грешка е само по себе да се каже дека Библијата има грешки. Грешки во Библијата наоѓаат само оние поединци, кои се НАДВОР од Црквата и кои Билијата сакаат да ја протолкуваат корситејќи го својот огревовен ум, кое во православниот Свет се нарекува „...мудрување по својот ум...„. Толкувачите на Писмото, кои се повикани да го толкуваат истото (Писмото) не наоѓаат ниту грешки ниту контрадикции во рамките од самата книга/Библија.

Се она кое на прво читање се чини погршено и противречно, има свое објаснување, кое не му противречи на самото Писмо.

Писмото се толкува на следниот начин:
- се чита напишаното .
- се објаснува што се се подразбира во напишаниот текст/стих/глава.
- толкувањето секогаш е контекстуално или во релација со останатиот дел од Писмото.

По редослед:

1. Навистина, секоја власт е од Бога-или е од Него дадена или е од Него допуштена. Злото навистина владее со речиси се во Светов.
2. Да, не се противете на злото, оти со неоправдано противење кон злото, се зголемува/се додава кон вкупното зло во Светов. Да, треба да се противиме пред се на малите „ѓаволчиња„ кои се во нас самите, а не да му се инаетиме на ѓаволот, кој е многу поспособен од нас.
3. Да, сакајте ги своите непријатели, но не заради нив самите, пошто се лоши, туку заради самите себе-за да не станеме исти како и нашите непријатели, а воедно да се помолиме и за милоста Божја кон нив, иако ни се непријатели.
4. Да, Исус е Неговиот Отец се Едно-единствени, единосуштни и неслиени Богови-Света Троица, заедно со Светиот Дух.
5. Да, Исус ни остави посреден начин како да ја изразиме својата љубов кон Него-со почитување на Неговите заповеди. Исус дојде да ги повика грешниците на покајание а не „праведниците„. НЕМА праведници. Затоа Он ги повикува СИТЕ грешници.
6. На жените не им е дозволено да поучуваат со свештеничка улога, но не им е збарането да бидат учителки. Затоа, православието не познава жени-свештеници.
7. Да, жената треба да му биде послушна на мажот, оти Бог така одреди уште во почетокот. Таму каде жените им се „мажи„ на мажите, таму нешто НЕ Е ВО РЕД.
8. Да, еден од начините за да се спауваат жените е преку раѓањето деца. А таму каде тоа го нема, значи-нема ни вера, нема ни дела. Оттаму и абортусите и све друго...
9. Да, секоја помисла кон прељуба е грев сторен со помисла, кој многи лесно преоѓа во дело. Популарните книги полни со методи за „заведување„, да не кажам некој потежок и понепристоен израз, не се христијански ни оддаелу ни од блиску.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Пред ено година-година и пол, еден исламски теолог на една скопска телевизија, изјави дека Библијата имал 50 000 грешки, значи, не биле 40 000 грешки. Ајдеееее...Значи, има грешка и во наоѓањето грешки во Писмото.

Па со оглед на големиот број на грешки можно е оној кој броел да погрешил, но сепак грешка е грешка. Инаку овој податок го изнел протестанскиот свештеник (пастор) др. Фондер, на една расправа во Индија со исламскиот шејх Рахметуллах ибн Халил Ел – Хинди.

Јас ти реков дека не сум ги броел, ама да има грешки, има.

Грешка е само по себе да се каже дека Библијата има грешки. Грешки во Библијата наоѓаат само оние поединци, кои се НАДВОР од Црквата и кои Билијата сакаат да ја протолкуваат корситејќи го својот огревовен ум, кое во православниот Свет се нарекува „...мудрување по својот ум...„. Толкувачите на Писмото, кои се повикани да го толкуваат истото (Писмото) не наоѓаат ниту грешки ниту контрадикции во рамките од самата книга/Библија.

Сигурен си во ова што кажуваш, или да ги прашаме толкувачите на Библијата?
Ај подоле ќе ги прашаме нив, дали е така или не. :)

Се она кое на прво читање се чини погршено и противречно, има свое објаснување, кое не му противречи на самото Писмо.
Баш ме интересира твоето толкување на неколкуте примери кои ќе ти ги посочам од Стариот и Новиот Завет.

Писмото се толкува на следниот начин:
- се чита напишаното .
- се објаснува што се се подразбира во напишаниот текст/стих/глава.
- толкувањето секогаш е контекстуално или во релација со останатиот дел од Писмото.

Епа ајде според овие три критериуми да тргнеме со расправата. Значи јас го земам првиот критериум, т.е. ќе ти го напишам прочитаното од Библијата, а ти ќе ми го објасниш истото според преостанатите два критериуми.

СТАР ЗАВЕТ

“Венијаминови синови: Вела, Вехер и Едијаил, тројца. “ ( Прва Книга Летописи, 7:6)

“На Венијамина му се роди првенецот Вела, вториот Асвил, третиот Ара, четвртиот Ное и петтиот Рафа.”
(Прва Книга Летописи, 8: 1-2)

“Венијаминови синови: Вела, Вехер, Асвил, Гира, Нааман, Ихиј, Рос, Мупим, Упим и Аред.”
(Битие, 46:21)

Значи МИКИ1, според првиот текст Вењамин имал само три сина, а според вториот пет сина. Така да овие два текста се исклучуваат еден со друг. Додека спрема третиот текст тој има десет сина.

Првите два текста се од истата Книга и претставуваат противречност во зборовите на еден ист автор,а тоа е Езра.

Потоа имаме противречност и меѓусебно исклучување помеѓу она што го напишал Езра во Првата Книга Летописи и она што е напишано во Книгата Битие.

-Баш ме интересира како ќе ми го протолкуваш ова.

“Јоав му го даде на царот пописот на народот: Израелците беа осум стотини илјади борци вешти со меч, а Јудејците пет стотини илјади луѓе.
( Втора Книга Самоил, 24:9)

“Јоав му го даде на Давида списокот на преброениот народ; а имаше во целиот Израел единаесет пати по сто илјади кои мавтаа со меч, а во Јуда четири стотини и седумдесет илјади мажи кои мавтаа со меч.” (Прва Книга Летописи, 21:5)

Овде е јасна контраверзноста во бројот на израелските и јудејските борци. Според првиот текст бројот на војниците во Израел изнесува 800. 000, а во Јудеа 500.000, а според вториот текст нивниот број во Израел изнесува : 1.100.000, а во Јудеа 470.000.

Помеѓу двата наведени текста постои огромна разлика во набројувањето на борците. Разликата во бројот на израелските борци е 300.000, а разликата во бројот на Јудејските борци достигнува 30.000.

-Баш ме интересира како ќе ми го протолкуваш ова.

НОВ ЗАВЕТ

"Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво нема да биде вистинско. " ( Јован, 5:31)

"Исус во одговор им рече: „Иако сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско..." (Јован, 8:14)

Спротивноста на двата текста е повеќе од очигледна.

-Баш ме интересира како ќе ми го протолкуваш ова.

"А на излегување сретнаа човек Киринеец, по име Симон, и го принудија да Му го носи крстот. " (Матеј, 27:32)

"И кога Го поведоа, го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, па врз него го ставија крстот, за да го носи по Исуса." (Лука, 23: 26)

"А Тој (Исус), носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Лобно, а на еврејски Голгота; " (Јован, 19:17)

Овде имаме три текста за истиот настан.Првиот и вториот (на Матеј и Лука) тврдат дека крстот го носел некој Симон Киринеец, а третиот ( на Јован) дека го носел самиот Исус/ Иса а.с.

-Баш ме интересира како ќе ми го протолкуваш ова.

"Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји! " ( Матеј, 5:9)

"зашто Човечкиот Син не дојде да погубува човечки души, но да ги спаси...” (Лука, 9:56)

”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч. " (Матеј, 10:34)

”Дојдов да фрлам оган на земјата, и колку би сакал веќе да е запален! " ( Лука, 12: 49) "Мислите ли дека дојдов да и донесам мир на земјата? Не, ви велам, туку раздор" ( Лука, 12:51)

Противречието овде е очигледно. Во првите два текста имаме пофалба за миротворците "Блажени се миротворците", потоа тврдењето дека "Човечкиот Син не дојде да погубува човечки души, но да ги спаси...” , за да на самиот себеси, во третиот и четвртиот текст ја оспори мирољубивоста и објасни дека " дошол со меч за да фрли отган и раздор на Земјата!".

И така, директно, се наметнува мислење дека Исус не дошол да спасува, туку да уништува и дека не е од оние за кои се вели: "Блажени се миротворците".

Имам уште многу многу контрадикции да изнесувам,но за да не те преоптоварувам ќе завршма тука и ќе го чекам твоето толкување на Библиските пасуси според критериумите кои ти самиот ги наведе.

Среќно! :)

A

ateist

Гостин
Од каде доаѓа Зборот ХРИСТИЈАСНТВО ?

и дали Исус (нека Божјиот мир и спас бидат врз него) рекол некогаш и некаде , да неговите следбеници се нарекуваат Христијани?

БИЛЕ ПОЗНАТИ КАКО СЛЕДБЕНИЦИ НА "ПАТОТ "

Куран
Сура 20 Та-ха ---- џус 16 ( што и да значи ??!!!! )
ред 47

Одете тогаш кај него и речете му Ние сме пејгамбери од Господарот т вој па испрати ги со нас синовите Израилови и не казнувај ги .Ние , секако , секако ти дојдовме со знамение од Господарот твој . И нека е селам врз оној кој го следи Патоказот .

Ова кога Господ го праќа Мојсеј кај фараонот .
еве и Куранот потврдува дека Мојсеј им го проповедал Новиот Завет - Патот на Евреите

Евангелие по Јован
14 - ред 6 Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.
..
Дела апостолски
19:9 Но бидејќи некои беа корави и непокорни, и зборуваа зло за Патот пред множеството,
19:23 Во тоа време се подигна не мал бунт заради Патот;

24:14 Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци, верувајќи во сè што е напишано во Законот и Пророците,.
.
.
.
Е ОТПОСЛЕ ВАЉДА РАДИ ЗАЕБАНЦИИ ( ОДИ СИ ПО ПАТОТ ) СЕ НАРЕКЛЕ ХРИСТИЈАНИ

Дела Ап.: 11:26 И така, цела година се собираа во црквата и поучија големо множество. И прво во Антиохија учениците ги нарекоа ХРИСТИЈАНИ .
 
проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Негде прочитав дека Библијата ( Стариот и Новиот Завет) има околу 40 000 грешки, па сакам мислење од компетентните дали е ова точно или тој број е помал, бидејќи јас според она што сум го читал и проучувал од Библијата имам најдено многу контрадикции, но сепак не сум ги броел. :)
Цитирај неколку:helou:

Библијата има многу контрадикции
еве некој пример
-Секоја власт е од Бога/ Целиот свет е во власта на злото...
-Не се противете на злото/ Противете се на ѓаволот...
-Сакајте ги своите непријатели/ моите следбеници ќе ги познаете по тоа што меѓу нив има љубов...
-Јас и отецот сме едно/ Зошто ме велиш добар кога добар е само единиот Бог...
-Ако ме сакате пазете ги моите заповеди/ на бог подраг му е фрешникот кој се покајал отколку праведникот...
потоа да наведам некои примери каде не се практикува она што е напишано во Библијата:
-на жена не и дозволувам да поучува/ насекаде жени наставнички, професорки,директорки, министерки, а ако се еднакви што не работат во рудници или градежништво?
-Жената да му биде покорна на мажот како на господ/ а уствари жената е како маж, и треба секс но не и маж
-Ќе се спаси преку раѓање деца во потполна покорност/ а насекаде абортуси, разводи...
-Секој оној кој ќе погледне со желба туѓа жена, направил прељуба во срцето свое/ а модата наречена уметност на заведување оди директно токму тоа да ја посакаш онаа жена која не е твоја, но може да биде за кратко...
Основачот на Црквата на Сатаната, Антон Шандор ла веј напишал
Христијанската религија е лицемерна, истите оние кои во недела идат во црква и бараат прошка, постојано идат во стриптиз барови, учествуваат во се она што вербално го негираат.Значи, и самиот сатанизам како официјална црква во САД настанала како одговор на лицемерното христијанство на западниот свет.

Право велиш
Секоја власт е од Бога/ Целиот свет е во власта на злото..
На секој човек од овој свет му е дадена власт да избира и кога ќе биде на власт (физичка) тој бира на кого ќе му служи, колкумина му служат на доброто во овој свет
Не се противете на злото/ Противете се на ѓаволот..
полно пати некој прави зло од незнаење ( не знае дека саботата е седми ден или ако човек со посебни потреби убие некого), тоа е зло но дали е вистинско во очите на Бога, а доколку си со разум и знаеш дека не треба да крадеш , а пак го правиш тоа...не му се спротиставиш на ѓаволот не можеш да се спасиш (станува збор за спасение)
Сакајте ги своите непријатели/ моите следбеници ќе ги познаете по тоа што меѓу нив има љубов...
Ако ги сакаме само пријателите (тие што не сакаат) што сме постигнале ништо не правиме но со нашата љубов треба и од најлутиот непријател да создадеме верен другар ( сето ова е во врска со спасението кое прво треба да го разбереме.)

Јас и отецот сме едно/ Зошто ме велиш добар кога добар е само единиот Бог...
Дали заборави дека Исус бил Богочовек( овде на земјата), роден од човек по промислата Божја, влегол во човечко тело а со самото тоа и по своја волја си одзел дел од Божјото. а создателот е Отецот, Тој е врв

Ако ме сакате пазете ги моите заповеди/ на бог подраг му е фрешникот кој се покајал отколку праведникот...
На здравите не им треба лекар но на болните.
Имаш две деца , едното те слуша ги исполнува твоите „заповеди„ а другото е целосна спротивност од првото и си заминува. Дали во моментот кога ќе се врати со каење и ќе те помоли за прошка нема да се израдуваш и нама да го сакаш „повеќе „ од првото.

За другите наводи за жената цитирај го целиот контекст за да ја добијат соодветната вистина.
за да го разбереме Бог мора да научиме што е тоа њубов, но онаа вонвременска која ништо не бара за возврат која само се дава
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Извини Мики1 би сакал да го прочитам и твојот коментар но си зедов за право да искоментирам и јас бидејќи ваквите работи ме засегаат како христијанин
СТАР ЗАВЕТ

“Венијаминови синови: Вела, Вехер и Едијаил, тројца. “ ( Прва Книга Летописи, 7:6)

“На Венијамина му се роди првенецот Вела, вториот Асвил, третиот Ара, четвртиот Ное и петтиот Рафа.”
(Прва Книга Летописи, 8: 1-2)

“Венијаминови синови: Вела, Вехер, Асвил, Гира, Нааман, Ихиј, Рос, Мупим, Упим и Аред.”
(Битие, 46:21)

Значи МИКИ1, според првиот текст Вењамин имал само три сина, а според вториот пет сина. Така да овие два текста се исклучуваат еден со друг. Додека спрема третиот текст тој има десет сина.
Венијамин имал 10 сина,причината што се спомуваат само 3 или 5 што се издвојуваат само оние кои биле важни и оние кои со нивнисте семејства преживеале...
НОВ ЗАВЕТ

"Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво нема да биде вистинско. " ( Јован, 5:31)

"Исус во одговор им рече: „Иако сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско..." (Јован, 8:14)

Спротивноста на двата текста е повеќе од очигледна.
Поглдни уште еднаш...Ако сведочам сам за себе и Иако сведочам сам за себе..
Се мисли на тоа дека ако само тој е сведоштво само за себе(затоа што е невозможно некој сам себе да си биде сведок)...тогаш сведоштвото не е валидно...Затоа во продолжението стои ова..Има Друг Кој сведочи за Мене.......Кога веќе Исус бил обвинет од фарисејите дека не може да сведочи сам за себе тој рекол дека неговото сведоштво е точно користејќи ги зборовите...Зашто знам од каде дојдов и каде одам,

Стиховите секогаш ќе бидат двосмислени и надвор од контекст ако ги вадиш како ти одговарат..ако пак го продолжиш цитатот кој си го поставил се си доаѓа на место..
на излегување сретнаа човек Киринеец, по име Симон, и го принудија да Му го носи крстот. " (Матеј, 27:32)

"И кога Го поведоа, го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, па врз него го ставија крстот, за да го носи по Исуса." (Лука, 23: 26)

"А Тој (Исус), носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Лобно, а на еврејски Голгота; " (Јован, 19:17)

Овде имаме три текста за истиот настан.Првиот и вториот (на Матеј и Лука) тврдат дека крстот го носел некој Симон Киринеец, а третиот ( на Јован) дека го носел самиот Исус/ Иса а.с.
Крстото бил огромен...не ни чудо ако веќе на еден таков распнувале човек...Симон кој го спомнуваш бил како испомош..занчи го носел(придржувал) дел од крстот кој Исус сам не можел да го носи бидејќи рацете му биле врзани..
"Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји! " ( Матеј, 5:9)

"зашто Човечкиот Син не дојде да погубува човечки души, но да ги спаси...” (Лука, 9:56)

”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч. " (Матеј, 10:34)

”Дојдов да фрлам оган на земјата, и колку би сакал веќе да е запален! " ( Лука, 12: 49) "Мислите ли дека дојдов да и донесам мир на земјата? Не, ви велам, туку раздор" ( Лука, 12:51)

Противречието овде е очигледно. Во првите два текста имаме пофалба за миротворците "Блажени се миротворците", потоа тврдењето дека "Човечкиот Син не дојде да погубува човечки души, но да ги спаси...” , за да на самиот себеси, во третиот и четвртиот текст ја оспори мирољубивоста и објасни дека " дошол со меч за да фрли отган и раздор на Земјата!".

И така, директно, се наметнува мислење дека Исус не дошол да спасува, туку да уништува и дека не е од оние за кои се вели: "Блажени се миротворците".
Да скокнам веднаш на проблемот..да не ја развлекувам..Мечот треба да ги раздели овците(спасените) од козите..ако ме разбираш што сакам да кажам..не да донесе некаква си војна..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom