Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па со оглед на големиот број на грешки можно е оној кој броел да погрешил, но сепак грешка е грешка. Инаку овој податок го изнел протестанскиот свештеник (пастор) др. Фондер, на една расправа во Индија со исламскиот шејх Рахметуллах ибн Халил Ел – Хинди.


Јас ти реков дека не сум ги броел, ама да има грешки, има.




Сигурен си во ова што кажуваш, или да ги прашаме толкувачите на Библијата?
Ај подоле ќе ги прашаме нив, дали е така или не. :)



Баш ме интересира твоето толкување на неколкуте примери кои ќе ти ги посочам од Стариот и Новиот Завет.




Епа ајде според овие три критериуми да тргнеме со расправата. Значи јас го земам првиот критериум, т.е. ќе ти го напишам прочитаното од Библијата, а ти ќе ми го објасниш истото според преостанатите два критериуми.

СТАР ЗАВЕТ


“Венијаминови синови: Вела, Вехер и Едијаил, тројца. “ ( Прва Книга Летописи, 7:6)

“На Венијамина му се роди првенецот Вела, вториот Асвил, третиот Ара, четвртиот Ное и петтиот Рафа.”
(Прва Книга Летописи, 8: 1-2)


“Венијаминови синови: Вела, Вехер, Асвил, Гира, Нааман, Ихиј, Рос, Мупим, Упим и Аред.”
(Битие, 46:21)

Значи МИКИ1, според првиот текст Вењамин имал само три сина, а според вториот пет сина. Така да овие два текста се исклучуваат еден со друг. Додека спрема третиот текст тој има десет сина.

Првите два текста се од истата Книга и претставуваат противречност во зборовите на еден ист автор,а тоа е Езра.

Потоа имаме противречност и меѓусебно исклучување помеѓу она што го напишал Езра во Првата Книга Летописи и она што е напишано во Книгата Битие.

-Баш ме интересира како ќе ми го протолкуваш ова.


“Јоав му го даде на царот пописот на народот: Израелците беа осум стотини илјади борци вешти со меч, а Јудејците пет стотини илјади луѓе.
( Втора Книга Самоил, 24:9)


“Јоав му го даде на Давида списокот на преброениот народ; а имаше во целиот Израел единаесет пати по сто илјади кои мавтаа со меч, а во Јуда четири стотини и седумдесет илјади мажи кои мавтаа со меч.” (Прва Книга Летописи, 21:5)

Овде е јасна контраверзноста во бројот на израелските и јудејските борци. Според првиот текст бројот на војниците во Израел изнесува 800. 000, а во Јудеа 500.000, а според вториот текст нивниот број во Израел изнесува : 1.100.000, а во Јудеа 470.000.

Помеѓу двата наведени текста постои огромна разлика во набројувањето на борците. Разликата во бројот на израелските борци е 300.000, а разликата во бројот на Јудејските борци достигнува 30.000.

-Баш ме интересира како ќе ми го протолкуваш ова.


НОВ ЗАВЕТ

"Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво нема да биде вистинско. " ( Јован, 5:31)

"Исус во одговор им рече: „Иако сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско..." (Јован, 8:14)

Спротивноста на двата текста е повеќе од очигледна.

-Баш ме интересира како ќе ми го протолкуваш ова.


"А на излегување сретнаа човек Киринеец, по име Симон, и го принудија да Му го носи крстот. " (Матеј, 27:32)

"И кога Го поведоа, го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, па врз него го ставија крстот, за да го носи по Исуса." (Лука, 23: 26)

"А Тој (Исус), носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Лобно, а на еврејски Голгота; " (Јован, 19:17)

Овде имаме три текста за истиот настан.Првиот и вториот (на Матеј и Лука) тврдат дека крстот го носел некој Симон Киринеец, а третиот ( на Јован) дека го носел самиот Исус/ Иса а.с.

-Баш ме интересира како ќе ми го протолкуваш ова.

"Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји! " ( Матеј, 5:9)

"зашто Човечкиот Син не дојде да погубува човечки души, но да ги спаси...” (Лука, 9:56)

”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч. " (Матеј, 10:34)

”Дојдов да фрлам оган на земјата, и колку би сакал веќе да е запален! " ( Лука, 12: 49) "Мислите ли дека дојдов да и донесам мир на земјата? Не, ви велам, туку раздор" ( Лука, 12:51)

Противречието овде е очигледно. Во првите два текста имаме пофалба за миротворците "Блажени се миротворците", потоа тврдењето дека "Човечкиот Син не дојде да погубува човечки души, но да ги спаси...” , за да на самиот себеси, во третиот и четвртиот текст ја оспори мирољубивоста и објасни дека " дошол со меч за да фрли отган и раздор на Земјата!".

И така, директно, се наметнува мислење дека Исус не дошол да спасува, туку да уништува и дека не е од оние за кои се вели: "Блажени се миротворците".

Имам уште многу многу контрадикции да изнесувам,но за да не те преоптоварувам ќе завршма тука и ќе го чекам твоето толкување на Библиските пасуси според критериумите кои ти самиот ги наведе.

Среќно! :)

Омер, ќе морам да те разочарам: јас НЕ СУМ толкувач на Писмото, како што повеќе пати имам напишано, оти таа способност и таа привилиегија ја имаат само Светие Оци од минатите времеиња, а денес тоа го чинат само врвните богослови.
Кога мене лично нешто не ми е јасно од Писмото, се обраќам за помош кај богословски писмени луѓе.
Но, и да ти најдам токлувања на тие привидни контрадикции, сигурен сум дека и тогаш нема да ги прифатиш (проверено!).
Што се однесува до цитатите од Новиот Завет, кои ми се поблиски и појасни, можам да ги објаснам, тоа ми е помал проблем.

Значи:

"Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво нема да биде вистинско. " ( Јован, 5:31)

"Исус во одговор им рече: „Иако сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско..." (Јован, 8:14)

Нема тука ништо контрадикторно, иако стиховите се извадени од контекст: во првиот стих, Исус се повикуива на Мојсеевиот Закон, според кој (Закон) нечија вистина може да се прифати како веродостојна ако таа вистина ја потврдат двајца сведоци, па затоа Исус се повикува на потребата од сведоштво/сведоци за вистината која Он ја говори; вториот стих НАМЕРНО го имаш скратено, оти остатокот од стихот објаснува се.

Понатаму:

"А на излегување сретнаа човек Киринеец, по име Симон, и го принудија да Му го носи крстот. " (Матеј, 27:32)

"И кога Го поведоа, го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, па врз него го ставија крстот, за да го носи по Исуса." (Лука, 23: 26)

"А Тој (Исус), носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Лобно, а на еврејски Голгота; " (Јован, 19:17)

Нема тука ништо контрадикторно: навистина Симон бил фатен од римската гарда и принуден да го носи крстот намене за Христа исвесно време, но крстот бил строго наменет за Исуса Христа и токму Он (Исус) го носел крстот до Голгота.

Појаснување: стиховите имаат и свое наравоучение: сите оние кои го следат Исусовото учење, треба да бидат подгвотвени на страдањата кои Исус си претрпе, исто како што Симеон го носеше крстот Христов иако крстот беше наменет само за Христовото распетие. Така, кој ќе биде следбеник Исусов, тој ќе страда исто како и Учителот, оти крстот е симбол и на страдањето. Страдаше Христос, а страдаше и Симеон Киринеецот.

Понатаму:

"Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји! " ( Матеј, 5:9)

"зашто Човечкиот Син не дојде да погубува човечки души, но да ги спаси...” (Лука, 9:56)

”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч. " (Матеј, 10:34)

”Дојдов да фрлам оган на земјата, и колку би сакал веќе да е запален! " ( Лука, 12: 49) "Мислите ли дека дојдов да и донесам мир на земјата? Не, ви велам, туку раздор" ( Лука, 12:51)

Нема тука ништо контрадикторно: првиот стих е дел од блаженствата, кои Он ги изнесува на поучувањето на Гората, пред насобраниот народ, а под поимот „миротворци„ се нарекуваат сите оние кои постигнале внатрешен, духовен мир, преку кој (мир), таквите поедицни постигнуваат и мир со целата своја околина и природа (наравоучение-прво се постигнува духовниот мир а преку него, се псотигнува мир и храмонија со својата околина, оти се што е поинаки псотавено е погрешно-сите оние кои по телевизиите ни зборуваат за мнир во Светот, НЕМААТ свој внатрешен, духовен мир); вториот стих, ја опишува улогата Исусова во Неговот прво доаѓање-Он дојде кај Израилот (кај евреите) оти старозаветните пророштва токму тоа го велат, дека кај Израилот ќе се роди Спасителот на Светот, па затоа Он и вели дека е дојден за да ги спаси луѓето (од гревовите и од смртта) а не да ги погуби луѓето заради нивните гревови; третиот стих, во кој е споменат мечот, се однесува на Исусовата улога во Светов-мечот е наведен во преносна а не во буквална смисла, така да под „меч„ се подразбира Исусово раздвојување на нештата-на добри и лоши, праведни и неправедни (исто како што со меч се пресекува еден предмет на два дела), а мечот не е споменат како „ладно„ оружје, со кое некој треба да биде убиен; за четвртиот стих, важи претходното објаснување; петтиот стих, за огнот, се однесува на огнон/на пламената вера која Исус дојде да ја посее помеѓу луѓето, па со таква пламена вера, луѓето да живеат, чинејќи праведност и добри дела, преку кои дела, и со пламена вера, луѓето би можеле да ги спасуваат своите души ( мала дигресија: во Откровението Јованово, Исус ја наведува и „млаката„, т.е. слабата вера, со која никој не може да ја спаси својата душа-така, или си пламен/жежок по вера, или си студен по вера, но никако млак! Нема „средна состојба„!); шеститот стих, за раздорот, ги покажува последиците од учењето Исусово-оние поединци, кои Го прифаќаат Христа, ќе бидат со Него, а оние поединци кои не Го прифаќаат Христа, ќе бидат против Него. Тоа што некои ќе Го прифатат Исуса а некои не, кај таквите луѓе се појавува раздорот-или си со Христа или не си! Ако си со Христа, тогаш ќе си навлечеш непријатели, заради својата определба да бидеш со Него!

Што се однесува до толкувањата на наведените старозаветни стихови, за нивно точно толкување, потребно се силно богословско образование, поткрепено со пошироки познавања од историјата од Ирзаилот (евреите) како и сите подробности околу тие историски настани, но и познавање на старозаветните права и правила за живеење, кое евреите ги применувале во тие времиња. Така на пример, „син„ може да биде и оној кој има биолошки татко, но и оној кој е усвоен од неговиот очув-небиолошки татко, кој се женел два или три пати, па така усвоените деца, законски му стануваат синови, иако не се од очувот родени/зачнати.
Настаните од војните кои ги водел Израилот, треба да се толкуваат во контекстот во кој се случиле: дали пребројуањето е вршено пред или после војните и кој ги вршел тоа пребројување на еврејските војници.
 
Некои луѓе денес уште го почитуваат стариот завет,но ИСУС кажа да одиме по правилата на новиот завет.Во стариот Завет имаше пренесување на жртва,а во новиот завет ИСУС умре за нас,заради нашите гревови и да не спаси од смртта.
 
Би сакал да навлезам уште малце во пасусите кои ги наведов од Стариот и Новиот Завет, но, со оглед на ограниченоста на времето, тоа ќе го напаравам во некоја друга прилика, бидејќи на неодреден период ќе бидам отсатен од форумот. Ова го кажувам како информација доколку некој ме цитира мене или побара од мене одговор на некое прашање.

МИКИ1 и Marcus, ви благодарам на трпението и на вашите одговори.

На сите членови на Кајгана форум им посакувам секое добро и транспарентна и мирна дискусија. :)
 
Молам.
Се придружувам кон желбата за коректна дискусија.
 
...православната...
 
Сакам на ова прашање да добијам одговор само од некој што ја прочитал библијата и што се разбира од христијанството, како на пример Мики1 и маркус. Затоа што ја немам прочитано цела, дали е забрането (поточно, не чинело) девојка да оди во црква додека и трае месечниот циклус или ова од рекла казала се пренесува низ народов? И зошто?
Благодарам однапред.
 
Сакам на ова прашање да добијам одговор само од некој што ја прочитал библијата и што се разбира од христијанството, како на пример Мики1 и маркус. Затоа што ја немам прочитано цела, дали е забрането (поточно, не чинело) девојка да оди во црква додека и трае месечниот циклус или ова од рекла казала се пренесува низ народов? И зошто?
Благодарам однапред.

Да забрането ти е. Тогаш црквата те смета за unclean. И ако одиш тоа ти е грев. Треба даровите за црквата да ги оставаш пред вратата.
Извор за ова овде.
 
Интересна работа.... Кога доага Божик, сегде се зборува НАЈГОЛЕМИОТ христијански празник..... Сега за Велигден, пак НАЈГОЛЕМИОТ.....

Кој е поголем????:toe:
 
Интересна работа.... Кога доага Божик, сегде се зборува НАЈГОЛЕМИОТ христијански празник..... Сега за Велигден, пак НАЈГОЛЕМИОТ.....

Кој е поголем????:toe:

Најголем ти е тој што носи најмногу неработни денови така да варира од година во година зависи како може да се спои.
 
Да забрането ти е. Тогаш црквата те смета за unclean. И ако одиш тоа ти е грев. Треба даровите за црквата да ги оставаш пред вратата.
Извор за ова овде.

Тоа повеќе ми го кажувале за она протнување за Велигден, а исто така каде што има бебе мало не се одело на посета ако жената има мензис зашто детето ќе се исфрлело.

Мене не ми е јасно, ако Исус дојде да го исполни Заветот, значи не дека Стариот Завет не важи но Исус го исполни-зошто тогаш сум unclean за таква работа, небаре лепрозна сум?:toe:
Молам фино лепо некој да ми го објасни тоа:pipi:.
 
Тоа повеќе ми го кажувале за она протнување за Велигден, а исто така каде што има бебе мало не се одело на посета ако жената има мензис зашто детето ќе се исфрлело.

Мене не ми е јасно, ако Исус дојде да го исполни Заветот, значи не дека Стариот Завет не важи но Исус го исполни-зошто тогаш сум unclean за таква работа, небаре лепрозна сум?:toe:
Молам фино лепо некој да ми го објасни тоа:pipi:.

Овие се застарени правила и самата црква веќе не се ни обидува да ги применува бидејќи знае каква реакција ќе добие.
Но сепак си постојат и некои луѓе си остануваат со тие верувања. Јас не се согласувам со ништо такво особено со делот за бремената жена што според мене е грев да не ја пуштиш во црква, а не обратно.
 
Библијата е дадена еднаш за век и века, и е многу конкретна во се. Штета што се внесени некои заблуди кои потоа растат како плевел и се мешаат со традицијата, после никој нема сила да ги искорне. Тоа се должи на погрешното тумачење на Библијата.

Овде би го прашала и следново:
Се видов вчера со другарка ми која се враќаше од црква. Се изгушкавме онака и она брзо ме предупреди:
-Несмеам да те бакнам зашто сега се причестив!!!!!:kesa:

Дали е тоа вистина?
Што ќе се случи ако ме бакнеше, дали ќе ја загуби благодатта на Господовата вечера? Зар Исус и своите ученици не се бакнувале во знак на поздрав (што било и е пракса при поздравување во тој свет)?
 
Edno prasanje ve molam.
Od kolku godini dozvoluva biblijata za da moze edna devojka da se omazi.
Dali e posle toa sto ona e dovolno zrela i svesna da se udae za maz???
Ili posle odredeni godini na pr posle 14. 15 ,16 ,17 ili 18.

Polse 18 god toa e segasno medjunarodni zakoni, koji nemat vrska mislam so niedna religija.
A posle 16 godini moze samo so dozvola ili potpisi na roditelite da se omazi edna mlada devojce.

By SiLBeR
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom