Негде прочитав дека Библијата ( Стариот и Новиот Завет) има околу 40 000 грешки, па сакам мислење од компетентните дали е ова точно или тој број е помал, бидејќи јас според она што сум го читал и проучувал од Библијата имам најдено многу контрадикции, но сепак не сум ги броел.
Пред ено година-година и пол, еден исламски теолог на една скопска телевизија, изјави дека Библијата имал 50 000 грешки, значи, не биле 40 000 грешки. Ајдеееее...Значи, има грешка и во наоѓањето грешки во Писмото.
Грешка е само по себе да се каже дека Библијата има грешки. Грешки во Библијата наоѓаат само оние поединци, кои се НАДВОР од Црквата и кои Билијата сакаат да ја протолкуваат корситејќи го својот огревовен ум, кое во православниот Свет се нарекува „...мудрување по својот ум...„. Толкувачите на Писмото, кои се повикани да го толкуваат истото (Писмото) не наоѓаат ниту грешки ниту контрадикции во рамките од самата книга/Библија.
Се она кое на прво читање се чини погршено и противречно, има свое објаснување, кое не му противречи на самото Писмо.
Писмото се толкува на следниот начин:
- се чита напишаното .
- се објаснува што се се подразбира во напишаниот текст/стих/глава.
- толкувањето секогаш е контекстуално или во релација со останатиот дел од Писмото.
Библијата има многу контрадикции
еве некој пример
-Секоја власт е од Бога/ Целиот свет е во власта на злото...
-Не се противете на злото/ Противете се на ѓаволот...
-Сакајте ги своите непријатели/ моите следбеници ќе ги познаете по тоа што меѓу нив има љубов...
-Јас и отецот сме едно/ Зошто ме велиш добар кога добар е само единиот Бог...
-Ако ме сакате пазете ги моите заповеди/ на бог подраг му е фрешникот кој се покајал отколку праведникот...
потоа да наведам некои примери каде не се практикува она што е напишано во Библијата:
-на жена не и дозволувам да поучува/ насекаде жени наставнички, професорки,директорки, министерки, а ако се еднакви што не работат во рудници или градежништво?
-Жената да му биде покорна на мажот како на господ/ а уствари жената е како маж, и треба секс но не и маж
-Ќе се спаси преку раѓање деца во потполна покорност/ а насекаде абортуси, разводи...
-Секој оној кој ќе погледне со желба туѓа жена, направил прељуба во срцето свое/ а модата наречена уметност на заведување оди директно токму тоа да ја посакаш онаа жена која не е твоја, но може да биде за кратко...
Основачот на Црквата на Сатаната, Антон Шандор ла веј напишал
Христијанската религија е лицемерна, истите оние кои во недела идат во црква и бараат прошка, постојано идат во стриптиз барови, учествуваат во се она што вербално го негираат.Значи, и самиот сатанизам како официјална црква во САД настанала како одговор на лицемерното христијанство на западниот свет.
По редослед:
1. Навистина, секоја власт е од Бога-или е од Него дадена или е од Него допуштена. Злото навистина владее со речиси се во Светов.
2. Да, не се противете на злото, оти со неоправдано противење кон злото, се зголемува/се додава кон вкупното зло во Светов. Да, треба да се противиме пред се на малите „ѓаволчиња„ кои се во нас самите, а не да му се инаетиме на ѓаволот, кој е многу поспособен од нас.
3. Да, сакајте ги своите непријатели, но не заради нив самите, пошто се лоши, туку заради самите себе-за да не станеме исти како и нашите непријатели, а воедно да се помолиме и за милоста Божја кон нив, иако ни се непријатели.
4. Да, Исус е Неговиот Отец се Едно-единствени, единосуштни и неслиени Богови-Света Троица, заедно со Светиот Дух.
5. Да, Исус ни остави посреден начин како да ја изразиме својата љубов кон Него-со почитување на Неговите заповеди. Исус дојде да ги повика грешниците на покајание а не „праведниците„. НЕМА праведници. Затоа Он ги повикува СИТЕ грешници.
6. На жените не им е дозволено да поучуваат со свештеничка улога, но не им е збарането да бидат учителки. Затоа, православието не познава жени-свештеници.
7. Да, жената треба да му биде послушна на мажот, оти Бог така одреди уште во почетокот. Таму каде жените им се „мажи„ на мажите, таму нешто НЕ Е ВО РЕД.
8. Да, еден од начините за да се спауваат жените е преку раѓањето деца. А таму каде тоа го нема, значи-нема ни вера, нема ни дела. Оттаму и абортусите и све друго...
9. Да, секоја помисла кон прељуба е грев сторен со помисла, кој многи лесно преоѓа во дело. Популарните книги полни со методи за „заведување„, да не кажам некој потежок и понепристоен израз, не се христијански ни оддаелу ни од блиску.