Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
- Мајката Божја, со име Марија, навистина е удостоена и е наша застапничка пред Христа Бога. За оние кои веруваат и кои прифаќаат, тоа е вистнина.

Божја мајка се сите оние кои го слушаат Божјото слово и го исполнуваат.

"И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”"
(Господ Исус Христос во ев. Матеј 12:47-50)

Од горниот текст гледаме дека Исус ги нарекол Своите ученици "мајка", а од друга страна пак Исус во евангелијата НИКАДЕ не ја нарекол Марија Своја "мајка", туку секаде и се обраќал со "жено".

Патем, вие православните си давате за право да судите дека Марија е Царица на Небото и ја нарекувате "Небесна Царица", "Владичица", "Господарка на ангелите" и сл.
Со тоа вие го узурпирате местото и улогата на Бог Таткото бидејќи Исус јасно рече дека почесните титули на Небото ги дава само Бог Таткото, а не некои луѓе кои се нарекуваат "православни".

"да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил"
(Господ Исус Христос во ев. Матеј 10:23)

Ви завидувам на храброста да го заземате местото на Бог Таткото и да пресудувате кој каква позиција и место има на Небото како што тоа го правите за блажената Марија.

-rubyred е удостоена, како што веќе напишав.

Тоа веќе го рече, а јас овој пат не го повторив прашањето "ДАЛИ", туку те замолив да ни посочиш "КАДЕ" тоа ти си ја удостоил rubyred со одговор на нејзиното јасно поставено прашање.
 
Во Црквата, се благословуваат само добри намери и добри дела. Далеку е од умот дека некој некому треба да му благослови гранатирање, освен во одбранбени намери и цели.

За мене, непознаница е „ратување„ во името Божјо (крстоносците тоа веќе го сторија!), ако тоа име ми служи како оправдување или покритие за моето злонамерно однесување. Личната борба е борбата против гордоста, страстите, похотите или обранбената војна. Бог е повеќе од доволно моќен и Он нема потреба од нечие војување во Негово име.
.
- да , личната борба а важат ли истите божји критериуми и за колективната ? нели се гревови тие кои се прават во името на колективот или за нив има друг критериум , како што викаш па може да се благослови гранатирање ако е во одбрамбени цели.
- е да ми извиниш ама јас мислам дека верата ( не само христијанството на сите мислам) треба секогаш да е пацифистичка и секогаш да биде против војувањето како средство за постигнување на некои политички цели.
- тука пред се мислам на некои изроди од свештени лица кои ги оправдуваат насилствата на членовите од својата конфесија врз иноверците . та нели бог е еден за сите и христијани и муслимани и.... и сите сме негови чеда . тогаш во чие име ги благословуваат ?
 
- во православната Црква, битен е поединецот, а преку поединецот, битен е и колективот (не и обратно: колективот не е пред поединецот). Ако тргнам, а и треба да тргнам од поединецот, битна е неговата лична борба, а преку секој поединец од колектовот, борбата станува колективна. Кој чини грев, чини грев пред се, на свој грб и на своја одговорност. Кој чини грев и ради колективот, чини двоен грев: чини личен а воедно и чини грев кон колективот и така стекнува двојна одговорност: одговорност за својот личен грев и одговорност за колективно сторениот грев. Да, може да се благослови и гранатирање , но во одбранбена војна, каде убиството на слугите на злото се наметнува како единствено „чаре„ за борба со злото.
- пацифизмот не е верско-духовна, туку рационално-световно-конформистичка појава, која се сведува на тешка пасивност. А Христос не бара од нас пасивност, туку „ратување„ со злото.
- Изроди имало, има и ќе има-ништо ново. Да, Бог навистина е Еден и ист за сите, а разликата е во тоа, кој поединец или кој колектив кого и како го прифаќа за свој Бог, имајќи на ум, колку богови се изродија во „меѓувреме„. Оние кои благословуваат борба против злото, благословуваат во името од вистинскиот Бог, Кој и самиот војува(ше) против злото.

Тоа веќе го рече, а јас овој пат не го повторив прашањето "ДАЛИ", туку те замолив да ни посочиш "КАДЕ" тоа ти си ја удостоил rubyred со одговор на нејзиното јасно поставено прашање.

Цитатите нема да го променат црковниот став кон мајката Божја.
А rubyred е навистина удостоена, веројатно може и самата да потврди.
 
. А Христос не бара од нас пасивност, туку „ратување„ со злото.
Оние кои благословуваат борба против злото, благословуваат во името од вистинскиот Бог, Кој и самиот војува(ше) против злото.
.
- ќе ми дозволиш едно прашање : а што според христијанството може да се окарактеризира како зло и кој и врз основа на кои критериуми , може да одреди , дали некое дејствие во одреден случај претставува зло?
 
Волјата Божја е изразена преку Неговите Заповеди и тие Заповеди се референтен систем во однос на кој се одредува што е добро а што е лошо/зло. Ако Бог заповедан нешто да се чини/прави, тогаш тоа е добро. Ако Бог заповеда нешто да не се чини/прави, што значи ако Бог нешто забранува, тоа е лошо/зло.
Секое добро доаѓа од Бога и заради Бога а секое зло доаѓа од лукавиот и од оние поеднинци и колективи кои свесно или помалку свесно или несвесно му служат на лукавиот.
Личните искуства дури и од атеистите, укажуваат на постоењето добри и лоши дела.
 
Доброто јасно се разликува од злото
но каде е доброто??
Во никој конкретно или ептен ретко
секој е добар за себе
но за некого е добар за некого лош
се е релативно.
 
"...И Бог виде дека сето она што го создаде е многу добро...„ (Битие, 1.31).
Од стихот е јасно дека се што Бог твори, добро е, оти добар Творец твори само добри нешта.

Ако сакаш да видиш каде е доброто, стори го сам, не очекувај дека некој е должен нешто да стори а ти притоа да стоиш „од страна„, чекајќи нешто да се случи заради тебе.

Последично на кажаното, не е запишано дека злото е создадено. Злото постои само ако некој твори/чини зло. Злото, само по себе, нема битисување, нема суштина, нема постоење.
 
Цитатите нема да го променат црковниот став кон мајката Божја.

Цитатите се цитати од БОЖЈИОТ ЗБОР, а Бог ќе биде Тој пред Кого ќе се нацрташ на Судниот Ден, а не г.г. Стефан ;)
 
Цитатите се цитати од БОЖЈИОТ ЗБОР, а Бог ќе биде Тој пред Кого ќе се нацрташ на Судниот Ден, а не г.г. Стефан ;)

...Благодарам за Вашиот исцрпен одговор...
Ја, секако, немав поим за страшниот Суд. И не ми е јасно зашто го мешаш Г.Г. Стефан.
 
Па изгледа немаш поима за страшниот Суд штом си одлучил повеќе да слушаш луѓе отколку Бог.
 
Па изгледа немаш поима за страшниот Суд штом си одлучил повеќе да слушаш луѓе отколку Бог.

Крајно детален опис за второто Христово пришествие и Страшниот Суд, подетален да не може да биде, има дадено романскиот монах Клеопа, во неговата книга „Голем е Бог„. Таква деталност НЕМА во Новиот Завет. Ајде сега, посочи, од каде тебе ти е познат текот од Страшниот Христов Суд? Веќе реков дека Новиот Завет НЕМА такво детално објаснување...

И сега? На кои и на чии цитати ќе се повикаш?

Sto veli hristijanstvoto za dinosaurzite stari 150 000 000 godini

:toe:

Веќе е зборувано на таа тема: „саурусите„ во Писмото се опишани со изразите „змеј„ и „чудовиште„. Тие не се тема од интерес за богословите, оти од „саурусите„ не зависи спасението на човековата душа.
Некои тазе световни сознанија доѓаат на претпоставка дека е можно паралено постоење на „саурусите„ и човекот, според одредени скулпури кои се најдени во Средна Америка, на кои се изделкани сцени од човек кој управуа со „саурус„. Прептоставка е дека тие полутоплокрвни животни не ја преживелале промената на климата на Земјата после големиот Потоп.
Правславното христијанство не познава временски периоди кои се мерат со милиони и милијарди години.
 
Ne poznava ili ne priznava...neli tvrdi deka svetot e star 8000 godini....iako od toa ne zavisi spasenieto na covekovata dusa:toe:
 
Дали има некој да понуди пеења молитви ли нез како да кажам, на македонски јазик. во аудио, мп3 формат...
имам ја една во компјутер убава е за слушање, така некоја позитивна енергија ми влева кога ја слушам затоа барам и други!
Фала однапред
 
Ne poznava ili ne priznava...neli tvrdi deka svetot e star 8000 godini....iako od toa ne zavisi spasenieto na covekovata dusa:toe:

Кога велам „не познава„, значи не манипулира со астрономски цифри , кои се непознаница за нашето секојдневно искуство. Незамисливи се тие бројки од 10-20 милијарди години за староста од Вселената, како што не убедуваат Хокинг и компанија.
Православната проценка (не и догма) е дека Светот/Всленета е стар цца 8.000 г, според родословот Христов, плус 2 000 г. христијанство. Патем кажано, во Писмото никаде не е спомената ниедна година. Затоа, православната Црква не се занимава со времето како апстрактна категорија, исто како што не се занимава со „саурусите„.

Дали има некој да понуди пеења молитви ли нез како да кажам, на македонски јазик. во аудио, мп3 формат...
имам ја една во компјутер убава е за слушање, така некоја позитивна енергија ми влева кога ја слушам затоа барам и други!
Фала однапред

Барај ја Златоустовата литургија на оригинално ЦД или копија, изведена од сестринството од Велјуса, или службата од монасите од Бигорски манастир во „Југотон„(двојно ЦД). На порталот „Премин„ имаш МП3-јки од Дивна Љубоевиќ, можеш да ги симнеш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom