- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Божја мајка се сите оние кои го слушаат Божјото слово и го исполнуваат.- Мајката Божја, со име Марија, навистина е удостоена и е наша застапничка пред Христа Бога. За оние кои веруваат и кои прифаќаат, тоа е вистнина.
"И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”"
(Господ Исус Христос во ев. Матеј 12:47-50)
Од горниот текст гледаме дека Исус ги нарекол Своите ученици "мајка", а од друга страна пак Исус во евангелијата НИКАДЕ не ја нарекол Марија Своја "мајка", туку секаде и се обраќал со "жено".
Патем, вие православните си давате за право да судите дека Марија е Царица на Небото и ја нарекувате "Небесна Царица", "Владичица", "Господарка на ангелите" и сл.
Со тоа вие го узурпирате местото и улогата на Бог Таткото бидејќи Исус јасно рече дека почесните титули на Небото ги дава само Бог Таткото, а не некои луѓе кои се нарекуваат "православни".
"да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил"
(Господ Исус Христос во ев. Матеј 10:23)
Ви завидувам на храброста да го заземате местото на Бог Таткото и да пресудувате кој каква позиција и место има на Небото како што тоа го правите за блажената Марија.
Тоа веќе го рече, а јас овој пат не го повторив прашањето "ДАЛИ", туку те замолив да ни посочиш "КАДЕ" тоа ти си ја удостоил rubyred со одговор на нејзиното јасно поставено прашање.-rubyred е удостоена, како што веќе напишав.