American Beauty

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ми се отвара нова тема само за филмов. Едно од нај нај ремек делата што било кога сум ги гледал во животот, вечерва го прегледав повторно. Приказна за девијантното американско општество кое сите ние толку многу го посакуваме.
Which one is you? Is it...

Lester Burnham? Типот кој не може да си го контролира животот со потенцијален педофилски фетиш проблем?
Carolyn Burnham? Жената претворена од девојка со амбиции и жив дух во машина за пари која заборава да живее?
Jane Burnham? Девојката со потреба да биде андерграунд бидејќи светот не може да го разбере во неговото вистинско светло, или Angela Hayes? со еготрип кој нема граници, за реалноста да биде невина плашлива мала госпоѓица?
Ricky Fitts? Малиот дилер кој истрауматизиран од хировите на таткото израснал во возрасен човек на 17 години?
Col. Frank Fitts, USMC? Стариот полковник со принципи, кој всушност е геј?

Сите ние ќе се пронајдеме во повеќе ликови кои несомнено лошо ги доловив, но оние кои го гледале филмот, добро знаат за што зборувам. Ние сме сите до еден комбинација од тотално фрикнати особини кои се трудиме секој ден од животот да ги однесме во вистински правец, да се ослободиме од нив или да ги пронајдеме во себе и исфрлиме на површина. За тоа време, Нашите глупави мали животи... си замираат без поента.

Малата чирлидерка вели “најлошо е да се биде обичен“. И во сета таа обичност, бркајќи ја и умирајќи за неа, правејќи слика на совршена девојка врз која сите мастурбираат... нема излез освен да се најде себе си. И секој од нас, кој мечтае да се разликува, е само прашање на време кога ќе потоне во солзи, но онакви, кои ќе ги памти до крајот, знаејќи дека сиот свој егоцентризам се темелел од секогаш на лага. Кога ќе сфатиме дека убавината на животот е во нешто сосема обично и непосебно, веќе ќе бидеме соочени со локвата крв од која не можеме да избегаме. Ќе ја погледнеме таа мала слика од некогашното прекрасно семејство, и ќе се поклониме на Бога.

И за сето ова време, додека го бараме најдобриот начин за успех во иднината, додека бркаме нови истории, стари политики и си го местиме гнезденцето македонско на крошната на оваа планета, со задоволство го одобруваме американскиот начин на живот, размислување и однесување, со широко раширени раце ја чекаме американската убавина да влезе во нашите мали, глупави, патетични животи, очекувајќи дека тоа ќе не избави од мизеријата која длабоко во нас ја поседуваме сите... до ебано... еден.
 
D

Delux

Гостин
Искрено филмот го немам гледано,а си ветив многу одамна...на инсистирање мое одбив да ми ја раскажат содржината на филмот.
Ама Викторе,утре дефинитивно нема отстапки филмот ќе го гледам
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Бев пресреќна кога го фатив филмов од почеток на А2 (искрено ме изненадија) и едноставно морав да го гледам и покрај тоа што го имам гледано неколку пати и што имам за учење.

Не се пронаоѓам во ниеден од овие ликови, освен може во Carolyn Burnham во младоста - амбициозна девојка со жив дух. Само се надевам дека нема да станам како неа - машина за пари која заборава да живее. :icon_lol:

Филмов го обожавам. Стварно те тера да размислуваш, да научиш да ја гледаш убавината во секое нешто, а да бидеш слеп за грдите работи. Само ретко кој може да ја научи таа лекција.

Морам да го ставам тука цитатов, монологот кој го збори Лестер откога ќе го упукаат (монологот од твоето видео всушност :)):
Lester Burnham напиша:
I had always heard your entire life flashes in front of your eyes the second before you die. First of all, that one second isn't a second at all, it stretches on forever, like an ocean of time... For me, it was lying on my back at Boy Scout camp, watching falling stars... And yellow leaves, from the maple trees, that lined my street... Or my grandmother's hands, and the way her skin seemed like paper... And the first time I saw my cousin Tony's brand new Firebird... And Janie... And Janie... And... Carolyn. I guess I could be pretty pissed off about what happened to me... but it's hard to stay mad, when there's so much beauty in the world. Sometimes I feel like I'm seeing it all at once, and it's too much, my heart fills up like a balloon that's about to burst... And then I remember to relax, and stop trying to hold on to it, and then it flows through me like rain and I can't feel anything but gratitude for every single moment of my stupid little life... You have no idea what I'm talking about, I'm sure. But don't worry... you will someday.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.198
Американска убавина...
Филм кој го имам анализирано многу пати. На најдобар можен начин е прикажана иронијата на животот. Сите сакаме да се направиме нешто што не сме, тоа го потенцираше младата другарка на ќерката на Кевин Спејси. Ја прикажува реалната слика на секоја млада убава девојка денес. Набиена со комплекси уште од најмали нозе.
Генералот исто до некаде ја носи онаа точна порака "Тој што зборува најмногу против нешто, уствари и самиот тоа е."
Неговиот син, чудакот, побрзал да порасне. Философира и за најмалите работи и ги гледа од пет милиони аспекти и од што е преблокиран со информации спасот го бара во наркотиците. Интересен дел е репликата "Гледај, снимив мртва птица. Види колку е убава. Погледни дури и еден обичен најлон на ветровит ден може да те натера да го проанализираш малце и да го поврзиш со ситниците и најмалите нешта во животот кои не ги согледуваме."
Ќерката на Спејси ми беше воедно најантипатичен лик во целото дејствие. Не поради до некаде "интелигенцијата" којашто ја поседуваше, туку поради многу поразличните сфаќања за животот. Брза да постане зрела жена, а не сфаќа дека е уште 10 годишно дете заробено во нејзиното тело. Добро во неа е што сепак, дава до некаде љубов.
Жената на Спејси е слика на материјалниот свет. Кој се пронајде овде? 56% проценти од популацијата. Господин Смајли едноставно не умее да насмевме некои личности. Типична егоистка и жена што не се задоволува со ништо. Изветреана како другарката на ќерката на Спејси (до некаде можам да им дам исти особини на овие две, едната е помладата верзија, другата постарата). Како завршува и самата си согледа.
Најмаркантниот лик дефинитивно е ликот што го глумеше Кевин Спејси. Ја претставува разликата на општествениот слој и угледот. Премногу неправди доживеал (за кои во добар процент е тој виновникот) и поради тоа, од премногу грижа ќе го јаде најголемиот стап. Така одеше тоа, што повеќе добар си тоа повеќе те онадат.
Но карактер како карактер се состоеше од идејата - Кога знаеш дека ќе бидеш изебен, стапи прв на сцена и изеби ги ти и замини си.

Пример за уметнички филм. Она што ми остави впечаток особено е скоро завршетокот...дијалогот:
- Го извалка мебелот, зарем не гледаш колку е скап гомно едно?
- Тоа е само обичен мебел, тоа е само обичен двосед.

Философијата на животот, која е и каква е, дефинитивно изборот е Американска убавина. Заедно со Магнолија се единствените два филма кои ме натерале да подискутирам повеќе време за вреднувањето и карактерот на оние околу нас.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Баш сабајле само што го догледав Клокворк оринџ ми пишаа за филмов дека мроа да го гледам, ве читам дека давате доста позитивни критики за истиот, и ќе го симнам веднаш, се надевам дека ќе биде далеку подобар од документарецот што вчера го гледав.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Улаво филмче за суровата реалност на американската мидл апер клес.
Колку пати да го гледаш секогаш те остава без здив.

Вистинска американска убавина!
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
дијалогот:
- Го извалка мебелот, зарем не гледаш колку е скап гомно едно?
- Тоа е само обичен мебел, тоа е само обичен двосед.
Да не филозофирам многу, се си кажавте. Него... ова, ова беше момент. многу ја сакам таа сцена. Покажува колку и се побркани приоритетите, колкава материјалистка станала, колку и значат стварите. А баш е интересно зошто пред тоа Кевин Спејси и кажуваше каква била порано, колку била дива и слободна. Каква трансформација...
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Одлична квалитетна драма, но по малце забегува со содржината :nesvest: но тоа е оригиналност во филмот :pipi:
 
D

Delux

Гостин
Џејн всушност остави најдлабок впечаток(бар за мене).Интелигентна девојка...да,таа ги презира своите родители,ама длабоко во себе ги почитува и сака.Исто така таа се заљубува во “чудакот“на сосема јасен начин ја дефинира лубовта кон него,а нејзината најверна другарка пати од посесивност љубомора.

Другите личности не би сакал да ки коментирам по шо Џејн за мене е јунакот.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
И мораше нова тема да отвориш за филм стар 9 години? :nenene:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
И мораше нова тема да отвориш за филм стар 9 години? :nenene:

Што има врска колку е стар ако е неодмерно поквалитетен од повеќето филмови што се прават денес??? :raz: Не е обичен филм кој обично на крајот носи една порака...Тука имаш мал милион ситници кои треба да сам да ги откриеш и да видиш што е човекот, светот,животот...Филмот е класика...Живот во мало, а глумата е беспрекорна ...
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Иако е филмот стар 9 години, сеуште го задржува вниманието.Го имам гледано повеке од 10 пати.Единствен филм кој сум го гледала повеке од 2 пати. Прво (бидејки бев 9 години помлада и свеж пубертетлија) го гледав оти ми се допаѓаше актерот.А потоа почнав да го анализирам од разни лгедни точки.Ми беше интересна љубовта помегу двајцата млади, па цел фил го гледав со размислување, како тие се чувствувале во оваа ситуација?Потоа ме зачуди однносот помеѓу родителите, кои навистина ми беа поинакви. Потоа неможев да сфатам зошто возрасен маж е заљубен во другарката на ќерка му.И така секое ново гледање отвараше нови прашања, и затоа го гледав повторно и повторно.Са мо веќе ми е некако потрошен после толку гледања, и почна да ми станува проѕиреен, па мислам дека уште долги години нема да го гледам.Нормално.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.726
Поени од реакции
22.711
Еден од најдобрите филмови кој го имам гледано,едноставно го обожавам ..
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
И мораше нова тема да отвориш за филм стар 9 години? :nenene:
The point....

Што има врска колку е стар ако е неодмерно поквалитетен од повеќето филмови што се прават денес??? :raz: Не е обичен филм кој обично на крајот носи една порака...Тука имаш мал милион ситници кои треба да сам да ги откриеш и да видиш што е човекот, светот,животот...Филмот е класика...Живот во мало, а глумата е беспрекорна ...
...во кои 9 години нема излезено филм барем пола добар колку овој. Ама простено ти е, глобален модератеру.
You missed it.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom