American Beauty

K

kaiser soze

Гостин
Брилијантен филм.Секој момент од филмот е едноставно магичен.Заслужува да се гледа и повеќе од десет пати.Ликовите во филмот се во исто време толку нереални и реални,што е тотално збунувачки.Актерската игра феномална,Сем Мендес неверојатен,а и саундтракот ми остави страшни впечатоци.Филм кој е вистинска филозофија за животот,со еден збор класика во жанрот.Филмска приказна која секогаш ќе биде актуелна.
 

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Пример за уметнички филм. Она што ми остави впечаток особено е скоро завршетокот...дијалогот:
- Го извалка мебелот, зарем не гледаш колку е скап гомно едно?
- Тоа е само обичен мебел, тоа е само обичен двосед.
Вчера случајно пуштив на А2, и токму оваа сцена ја фатив, и пошто онака безцелно си вртев низ програмите, не застанав да го гледам фимов. Но после вашите пофалби, веднаш го ставам на download.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
The point....
You missed it.
Критикава не ти е на место. Колку разно разни теми се отвараат секој ден без разлика дали е за нешто старо 9-10 години или излегло вчера. Поентата е за оние кои не го гледале филмов да читнат нешто за него и да го стават на спуштање, а оние кои го гледале да кажат како го сфатиле.
You missed it too.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Доволно ќе беше да се спомни филмот само во предлози. А тие разно разните теми колкав животен век имат на форумот?
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Доволно ќе беше да се спомни филмот само во предлози. А тие разно разните теми колкав животен век имат на форумот?
Не се гледа проценката на темата во зависност колку страни доживеала. Спореди ја темата Survivor Србија и темата за Педро Алмодовар.
Survivor ќе доживее 350 страници, а темата што ја отвори девојката за Алмодовар тешко да доживее и 2. Ама во тие две страници постирале членови чии мислења исклучиво ги ценам и препрочитувам.(дадов само пример за споредба на теми, ништо лично).
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Не се гледа проценката на темата во зависност колку страни доживеала. Спореди ја темата Survivor Србија и темата за Педро Алмодовар.
Survivor ќе доживее 350 страници, а темата што ја отвори девојката за Алмодовар тешко да доживее и 2. Ама во тие две страници постирале членови чии мислења исклучиво ги ценам и препрочитувам.(дадов само пример за споредба на теми, ништо лично).
Под животен век мислев пред да заврши в канта.
Ај нема врска, кажавме шо мислевме, нема потреба уште да забегваме офтопик мислам.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Под животен век мислев пред да заврши в канта.
Ај нема врска, кажавме шо мислевме, нема потреба уште да забегваме офтопик мислам.
Абе тебе под никот ти пише модератор, администратор или искусен форумџија? Не ме терај да мавам оф топици. Или на крај краева, отвори нова тема за нов филм, и ќе споредиме која од двете ќе доживее подолг век пред да иде у канта.

А се додека се наоѓаш на оваа тема, ќе збориш за овој филм. Еве ќе почнам: си го гледал ли, ти се бендиса?
 
Ј

јовица11

Гостин
Не бев не форумов неколку дена па не ја видов темава,сега ја забележав и не можев да ја отскокнам и да не искоментирам.Пред се преубава приказна во која се преплетуваат веќе видени теми (прикажани на на свој уникатен начин) како љубовните идеали,дезориентацијата на животот и пронаоѓањето на смислата во истите.На моменти комичен но сепак мрачен филм кој топло го препорачувам секому.Баш се приметив дека го немам во мојата ДВД колекција и сега го ставив за симнување.:tv:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
филмот е неверојатеннн...
на А2 го фатив ко се уби тој... се изнервирав шо не го фатив од почеток иако го имама гледано повеке патиии... :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Американска Убавина. Филм кој го гледав со сето внимание од почеток до крај. Можам слободно да кажам дека е најдобар филм во категоријата во која што спаѓа.
За ликовите, јас бев тотално воодушевен, но на моменти и тотално згрозен од секои од нив.

Лестер најпрвин. Го гледав како човек преморен од секојдневните маскирани фекалии на општеството, човек решен за негова внатрешна преродба, решен да го добие вистинското значење на зборот живот. Се дивам на тоа, но како и во секој човек неговите комплекси се нагласени преку скриениот негов педофилски нагон и сето тоа според мене е бидејќи кај него е развиен комплекс бидејќи во случајов не е доволно сексуално задоволен.

Исто така и ликот на осумнаесет годиншниот џанкер ме импресионираше со повеќе мудри мисли. Една од нив и го краси моето место за потпис.:) Момчево е слика на скршените детски сонови, трауми кои го натерале да порасне прерано.

И секој друг лик придонесе филмов да претставува мастерпис, но горе-долу џимеј и останатите ги имате доволно добро суштински спомнато.

А must see movie. 10/10.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.693
Поени од реакции
883
Одличен филм...прв пат го гледав пред 5-6 години а го гледав и пред неколку дена кога го даваа на А2...одлична приказна , одлична глума и одлично режиран...приказната само ја претставува реалноста на американското општество а како шо оди работава и кај нас не се ретки ваквите или слични на ова семејства...сепак херој на филмот е Лестер ( ликот шо го глумеше Кевин Спејси )...некој предходно рече дека мана му е шо бил педофил...јас воопшто не го доживеав како таков
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.896
Американска убавина...

Пример за уметнички филм.
Улаво филмче за суровата реалност на американската мидл апер клес.
Колку пати да го гледаш секогаш те остава без здив.

Вистинска американска убавина!
Пред се преубава приказна
Е што мразам да контрирам на вака убави теми како што е темата ФИЛМ. Однапред да го кажам (за да нема забуни) она за што сите се согласуваме, а тоа е дека секој си има свој вкус за филмови. И засега ќе бидам прв (а можеби и последен) на темава кој ќе каже дека ова е апсолутно најпреценетиот филм во Холивуд и на ИМДБ, каде што има оцена 8.6 и е на 39то место на сите времиња. Уф...!

Прво точно е дека се работи за уметнички филм. Нешто налик на европските филмови. Овој филм покрај тоа што нема прекрасна приказна во него како што многумина тврдат, е вистинска збрка од филм. Кај мене, а и според многу критики на други гледачи, не побуди никакви чувства кои би ме натерале да го засакам филмот барем малку. Нема ништо забавно во филмот и два часа стануваат предолги посебно кога го гледаш во кино со неудобни столчиња. Единствено што до некаде го вади овој филм е Кевин Спејси. Но и тоа не е доволно. Затоа овој филм после многуте критики со 10 ѕвездички има и многу со 1 ѕвездичка, веројатно затоа што на ИМДБ нема опција да се даде 0.

Но и покрај овој рејтинг од 8.6 и 39то место на вечната листа, работи кои се релативни... она што најмногу ме изнервира уште пред 9 години е што овој филм во трката за Оскар за најдобар филм ги победи The Green Mile (1999), The Sixth Sense (1999) и The Cider House Rules (1999). Филмови за кои никаде нема да прочитате катастрофални критики, како за овој.

Со респект кон сите обожаватели на овој филм, ова е само мое лично мислење. :smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
сепак херој на филмот е Лестер ( ликот шо го глумеше Кевин Спејси )...некој предходно рече дека мана му е шо бил педофил...јас воопшто не го доживеав како таков
Јас напишав потенцијален педофилски проблем, иако и тоа ми е лоша дефиниција. Само што, трчањето по другарка на ќерката не е баш некоја нормална ситуација и слика која се создава во глава на возрасен човек. Не е педофилија, но дефинитвно е девијација.

IOsonoINTERISTA напиша:
Прво точно е дека се работи за уметнички филм. Нешто налик на европските филмови. Не сум љубител на таквите. Овој филм покрај тоа што нема прекрасна приказна во него како што многумина тврдат, е вистинска збрка од филм. Кај мене, а и според многу критики на други гледачи, не побуди никакви чувства кои би ме натерале да го засакам филмот барем малку. Нема ништо забавно во филмот и два часа стануваат предолги посебно кога го гледаш во кино со неудобни столчиња. Единствено што до некаде го вади овој филм е Кевин Спејси. Но и тоа не е доволно. Затоа овој филм после многуте критики со 10 ѕвездички има и многу со 1 ѕвездичка, веројатно затоа што на ИМДБ нема опција да се даде 0.

Филмови за кои никаде нема да прочитате катастрофални критики, како за овој.
Секако го почитувам твоето мислење, и навистина би ме интересирало ако можеш да најдеш некоја од негативните критики... на што замеруваат оние на кои не им се допаѓа. :helou:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.896
Секако го почитувам твоето мислење, и навистина би ме интересирало ако можеш да најдеш некоја од негативните критики... на што замеруваат оние на кои не им се допаѓа. :helou:

Прегледај го приврзокот americanbeautycritics.zip

Се обидов малку copy/paste колку за пример, околу 10 страни стигнав и ми досади, ги има во недоглед. Дека е префорсиран филмот говори и тоа дека првите неколку коментари што се поставени на ИМДБ се стриктно 10-ки, briliant movie, masterpiece... а остануваат скриени лавина критики кои не верувам дека ќе ги најдете за било кој друг добитник на Оскар за најдобар филм.

Енивеј, не е првпат академијата да форсира филм што е далеку послаб од конкуренцијата само затоа што се обидува да одслика области или личности од Американската култура. Но за тоа другпат.

P.S. коментарите се од членови на ИМДБ, претпоставувам дека и на други филмски страни или форуми критиките за овој филм не се разликуваат: строго десетки или единици...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom