Дудлологија-Кога дудларството станува наука

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Возраст
36
Локација
skopYEAH
Веб-сајт
be.net
После едно годишното развивање на теоријата за дудларството, воедно припазувајќи да тоа не излезе на виделина решавам да ја споделам статијава со сите или со оние кои сакаат:)
Дудлологија настанува од поимите Дудлач што во превод од Кајганџиски јазик значи Личност која што сака да сексуално општи со друга личност, или во најмал размер размени усни течности, и од поимот Логос кој потекнува од една страна земја и јазик а означува Наука или реченица, збор, ораторство, или работа, акција.

Дудларството го добива својот почеток со појавата на форумот. Сите знаеме дека секој човек (битие) има одредени потреби на задоволување на своите страсти, па скриено преку одреден даден псевдоним или форумски кажано Јузер, пробува да исконтактира со друг човек(битие) исто така скриен позади псевдоним (јузер).
Се почнува спонтано со така наречено Цитирање т.е. одредено согласување или несогласување со другата личност. Откако ќе се случи тоа цитирање, по некое правило другата личност треба да ви возврати со така наречено Зеленко во кое ќе ви пише така наречен коментар. Одкако тоа ќе го приметите прејдувате машки на втората фаза т.е. праќањето приватна порака, или се продолжува со цитирањето. Кога ќе се испрати приватната порака, доколку сте апла маж директно ќе побарате меил адреса, преку која ќе можете да комуницирате, или постои и поблагата варијанта да одреден даден период да продолжите со континуирано праќање приватни пораки.

Видови на дудлачи
Како што има различни видови на луѓе нормално е да има и различни видови на дудлачи. Ќе се обидеме да дадеме неколку примери

Дудлач позитивец. Тоа е личност која зрачи со позитивна енергија и не се срами да ја сподели со другата/другите персони. Тешко го добива тоа што го сака(усна течност, или секс) затоа што другата персона го засакува ама на другарски начин т.е. се отвара за дечкото/девојката/фамилијарните проблеми......
Предноста кај овие дудлачи е што ќе немаат проблем во иднина да си најдат друга личност за задоволување на своите потреби преку првобитната личност на која што дудлале.

Дудлач негативец а.к.а. серко. Ова се личности кои едноставно се делумно определени и насочени кон бранењето на нивните ставови околу спротивниот пол, кои претежно се негативни и на прв поглед стануваат одбивни личности. Одликата на овие дудлачи е што кај нив нема трте-мрте туку само трте. Не сакаат јавно експонирање на форумот, макар било тоа и преку приватни пораки. Ама затоа во живо, кога се организираат собиранки се покер гледачи т.е. три партии седат и разгледуваат ситуација, а веќе во четвртата се пуштаат во игра. Еден вид лавови, го чекаат пленот и однапред смислуваат стратегија за почеток на дудлањето. Ама затоа кога ќе фатат фатено е.

Дудлач "Притаен тигар, скриен змеј". Одликите на овој тип на дудлачи се едноставни. Нема цитирање, може по некоја приватна порака случајно зеленко. Коментарите на сликите се ДЕМЕК без концепт и претежно се наменети за позадинските случувања на сликите. Навидум мистериозни на форум, ама активни на мсн/фејсбук/хајфајв/мајспејс. Народски кажано они се Ќутни бутни:)

Дудлач лажго. Иако не многу застапени, сепак вреди да се каже и за нив. Ова се дудлачи кои имаат одредена болест, или народски кажано Фалинка во умот. Форумски супериорни ликови, домаќини, со изграден стил и став. Кажувајќи бајки заведуваат одредени личности, ама претежно само виртуелно. Со нивните виртуелни коли, пари, долги часови секс и полови атрибути развиени до највисоко ниво успеваат да привлечат внимание кај личности со под просечна интелегенција. За жал кратко траат ваквите:pipi:

Квалитетен и не квалитетен дудлач.
Во овој дел ќе се задржиме на работите кои ги двојат дудлачите. Од горните примери е лесно да се открие кој е квалитетен дудлач а кој не квалитетен, но сепак постои и онаа шанса да некој некогаш се заебе.
Само со квалитетно комбинирање на одредени горенаведени категории може да се стане Дудл Гуру, а истовремено со неквалитетно комбинирање Дудл Шупак. Треба да се припазува на контрастите, перфектно одбрани контрасти се одлика на Дудл Гуру, а прејаки контрасти на Дудл Шупак.

Квалитетниот дудлач работи со мешавина на Дудлач Позитивец и Притаен тигар, или постои уште една комбинација која и те како е квалитетна само треба да се поработи малце повеќе на истата. Тоа е Дудлач Негативец и Притаен Змеј. Перфектна комбинација за гол разлика на теренот. При негативните размислувања на форумот, и притаените змејски атрибути во живо се добива толку ФАКИНГ добар углед кај спротивниот пол, што едноставно се станува накратко кажано НЕОДОЛИВ.

Ај доволно беше сега за сега
 
Точкест, глеам во првиот дел си измешал и Газолижарство, сигурно и таа тема ја разработуваш :)).

Него мора да не се сложам со делов:

Дудлач негативец а.к.а. серко. Ова се личности кои едноставно се делумно определени и насочени кон бранењето на нивните ставови околу спротивниот пол, кои претежно се негативни и на прв поглед стануваат одбивни личности. Одликата на овие дудлачи е што кај нив нема трте-мрте туку само трте. Не сакаат јавно експонирање на форумот, макар било тоа и преку приватни пораки. Ама затоа во живо, кога се организираат собиранки се покер гледачи т.е. три партии седат и разгледуваат ситуација, а веќе во четвртата се пуштаат во игра. Еден вид лавови, го чекаат пленот и однапред смислуваат стратегија за почеток на дудлањето. Ама затоа кога ќе фатат фатено е.

Според некои непишани правила на природата не може во ист пасус да се меша лав и серко, синонимот серко во никој случај не одговара на лавот. :)))
 
Серко беше спомнат како карактерна особина, а не како физиолошка активност :))
 
Јас спремам докторат по дудларство денојве :pipi:
 
Дјуд,најди си хоби!
 
пошто има многу Дудл Негатив,
па не е лошо да почнеме да ги пишуваме нивните Јузери,
можрби така ќе се повлечат до негде:toe:
 
Јас протестирам! И сега ќе викнам да се јават сите феминистички организации за да се жалат за оваа невидена неправда приредена на понежниот пол. Па псле ќе видите вие како е да ве грабнат група агресивни неиздепилирани жеишта со вишак тестастерон!
Што како? Само мажите можат да дудлаат?
 
Ма ние дудламе боље од нив, ама не можат да не класифицираат тоа е проблемот!:pipi:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom