Дудлологија-Кога дудларството станува наука

А постои ли света книга на дудлањето О, Поглавари на Дудларството?
Муабетот е дека не се учи ова од книга, или го знаеш или не го знаеш. 90% не го знаат, факат
 
А постои ли света книга на дудлањето О, Поглавари на Дудларството?

Не постои такво нешто. Тоа треба да е дел од тебе а потоа да се развие. Се случува да се развие и без никаква позадина, но тоа е ретко и тие Дудл-феномени се едни од најдобрите. Треба да бидеш дел од избраните, кои го немаат вродено во себе, па само со тренинг да стигнеш до Дудл-мастер.
 
Ама гледам никаде не се спомнати целите на дудларството.Дали тие воопшто се зацртани?И дали ако дудлачите го создале светот тоа значи дека Бога е првиот дудлач и апропо тоа Сатаната е првиот трол?
 
Ама гледам никаде не се спомнати целите на дудларството.Дали тие воопшто се зацртани?И дали ако дудлачите го создале светот тоа значи дека Бога е првиот дудлач и апропо тоа Сатаната е првиот трол?
Ти кога би дудлал на некоја за која причина би и дудлал? И какво тролување спомнуваш па сеа? Не мешај поими. :)
 
Ама гледам никаде не се спомнати целите на дудларството.Дали тие воопшто се зацртани?И дали ако дудлачите го создале светот тоа значи дека Бога е првиот дудлач и апропо тоа Сатаната е првиот трол?

Ете ти си еден од тие што не го сфаќаат Дудлаството. Не е никако поврзано со тролањето и религијата. Целите се познати а ако ти не ги знаеш - не си дел од тоа.
 
Абе немојте толку да сте уназадени бре, то сега све се прави преку фејсбук.

Уач енд лрн <3

aloneforever.jpg
 
Jerks.
Дудлањето не е наука, дудлањето е уметност.
А знаеме дека 3те клучни елемента во секоја уметност се креативноста, таленотот и вежбањето.
Дудларството како изразита урбана уметност наложува да сите 3 свети елементи се присутни како дудлањето би било успешно.
Талентот, односно народски познато како swaggah, или форумски популаризирано од Шмекерот како, наравно, шмек, е нешто без кое дудлањето како уметност е невозможно. Или имаш, или немаш swagger. Со тоа се раѓаш, бе брат.
Наравно, џабе си шмекер коа шмекот не го практикуваш. Значи, вежбањето е елемент кој исто така неможе да се испостави.
Креативноста... Креативноста е доста апстрактен поим за повеќето читатели на овој пост, па ќе оставам така и да остане, као би ја искористиле истата да го сфатат концептот и улогата на овој елемент во шмекот, односно дудл-от.

Секој што пробува да дудла, не е дудлач, исто како што секој што пробува да слика, не е сликар.
Како и секоја уметност, и оваа уметност си има свои правила односно параметри според кои се мери квалитетот на дудл-от односно умешноста на дудлачот. Нај проста и нај полуларизира на равенка e x - y = w, каде што елементот x ја претставува надворешната убавина на жртвата претставена на скала од нула (недај боже) до 20, елеметот y ја претставува надворешната убавина на ловецот, односно шмекерот, претставена на истата скала, и, конечно, елементот W односно Win ratio, ја преставува разликата помеѓу овие два елемента, и секако, колку разликата е по голема, умешноста на шмекерот е по изразита односно по квалитетна.
Наравно, ова равенка има примена само доколку пленот е веќе освоен.

Како што во сликарството постојат техники како уље на платно, графика и остали, така и во уметноста на дудлањето постојат повеќе техники кои дудлачот треба да настојува да ги усовршува како би можел различна техника да применува на различен тип на плен.
За техниките, подоцна, сега писателот е зафатен со пактицирање на оваа теорија со која делумно ве запозна.

<3
 
Барам дозвола од креаторот на темата или од старешините а.к.а ветерани дудлачи да ја насочам малце темава надвор од сајбер водите...
 
Благодарам колега.

Значи, сега кога установивме дека дудлањето е уметност и се запознавме со основната равенка за мерење на успешноста на дудл-от, малце по длабински да навлеземе во суштината на проблемот.
Да, проблемот, бројот на младичи кои не се запознаени со суштината на оваа уметност е во постојан пораст, па пленот станува се по изреволтиран и по скептичен, што, колку е лошо, толку е и добро за оние кои доброто добро можат да го извлечат (:
За еден дудл, како таков, да биде успешен, ловецот мора да го убеди пленот дека он е вечи фраер меѓу ловците него што пленот е меѓу жртвите, па затоа пленот треба да се чуствува поласкан што ловецот го удостоил и се одлучил да посвети барем малку внимание на истиот.
Е сега, мислам дека е повеќе од јасно дека ловецот го бира пленот, а не обратно. Но, доколку ловецот е лош, пленот лесно ќе избега.
Значи, за да ловецот успее ова мислење на "вечи фраер" да го презентира на пленот, треба да има добра опрема и добро умеење, односно гејмерски кажано skill.
Не секој ловец поседува добра опрема (читај: надворешен изглед) или скил (читај swagger) па затоа мора едното со другото да го компензира. Како овој inception би одел глатко, ловецот со недостаток на добра опрема, треба да се погрижи да барем онаа која ја има, е во добра состојба. Односно, да нема недоразбирања, добар skillful ловец може да улови добар плен кој во резултатот на равенката дадена во мојот предходен пост достигнува висока, позитивна цифра, и со лоша опрема. Добар ловец може да улови опасен плен и со лак и стрела! Всушност, ние ловците кои и неаме така добра опрема, не уживаме ништо помалку во ловењето од оние кои имаат. Мислам дека е повеќе од јасно дека ловењето со лак и стрела го доведува задоволството на ловење на ново ниво. Едно е да пецаш со јадица, друго е со динамит, нали?
Е сеа, да не забегуем, муабетот ми беше. Ловецот кој лови со лак и стерла (пошо друго нема) мора да се погрижи секогаш стрелата да биде остра, како пленот не би се извреѓал и би изреагирал "Шо се курчи овој бе? Мене со тупа стрела ќе ме лови? Шо сум ја бе, кокошка? Шетај ајде!" што е веома непожелно за дудлачот. Што би значело, во пракса преведено, макар и физичкиот надворешен изглед да не ви е нај сјаен, секад бидете бањати, намирисани и со мастика во уста!
Е сега, кога овој дел го разјаснивме, одиме понатаму...
Кај денешните wannabe дудлачи владее стереотипот дека една техника можат да применуваат на секаков плен. Концепот на уметноста тотално го утнале. Во сликарстовто неможете да резбате у платно, и со уље да правите икони, така? Епа така е и во дудлингот.
За различен плен, различна техника, за различна риба, различна јадица.
Кај нас цврсто во умот на ловецот корени пуштило мислењето дека секоја риба гризе на пара.
Факт е дека повеќето риби гризат на пара, али не и сите. Всушност, правиот дудлач се стреми да го ќари оној плен кој му претставува предизвик, односно, плен кој е раритет и со кој после ќе може да се курчи у маало. Наравно, оние риби кои гризаат на пара се предизвик само за оние кои ја немаат истата, па нивниот покушај ги прави само шупаци. Али за шупаци подоцна, сеа праиме муабет за дудлачи...
На правиот дудлач парата треба да му е само алтернатива.
Значи, некоја риба гризе на насмевка, некоја на гестови, некоја на badass badboy фаци, некоја можеш да ја освоиш со муабет за музика, некоја со романтика, некоја па и ќе ти се закачи а не си сакал да ја ловиш!
Затоа, the prime objective на дудлачот му е да го оцени пленот на што гризе во најкраток можен рок, па потоа истата техника успешно да ја примени.
Кога дудлачот ќе открие која техника да ја примени, пред него се појавува уште една пречка. Како да ја примени техниката?
Во суштина, постојат два типа на плен, едните сакаат да знаат дека се ловени и сакаат да ја играат играта, а другите кога ќе дознаат дека се ловени се плашат и шпринт фаќаат, па трудот ви паѓа во вода.
Кај првиот тип на плен, шмекот треба да биде изразит и флертот треба да биде по очигледен. Овој тип на плен е нешто по лесен за ловење од оној другиот.
Другиов тип на плен е малце по комплициран бидејќи, ако сте играле некад Hitman, неможете фино лепо да флезете со металска преку врата, туку ќе мора да се прикрадувате, да дојдете доволно блиску за да пленот можете успешно да го зграбите.

Наравно, кога јас би бил фраер би ви кажал како сето ова да го изведете во пракса, но бидејќи не сум фраер, ќе оставам овие совети да ги земете во предвид и техниките сами да ги испрофишате.
 
Како постовите би добиле на шмек, читајте ги со гласот на Тошо Малерот дур пегла на лизгалиште и ви го праи муабетов...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom