Едно прашане имам ком тебе-каде са досиетата на агентите на УДБА и КОС? Во Скопje са или во Белград?
Зошто прашуваш прашања на кое сите го знаат одговорот-Белград.
Крајот на текстот на проф. др. Јасна Котеска:
Пред речиси три години бев во Државниот архив на РМ и побарав да го видам интегралното досие на татко ми, значи без пречкртани делови, но притоа одбивајки да ја потпишам изјавата кај нотар. Од службеното лице што работи на овие досиеја ми беше речено дека таа заштита е потребна заради мојата безбедност и зарди фактот дека можат да настанат проблеми, или како што рече “ некој може да посака да убие
некого“. За мене тоа беше нелогично не само затоа што со таа изјава не се штити тој што бил директна или индиректна жртва на системот, туку повторно се штити тој што кодошел, и поважно-затоа што главниот аргумент за нетранспарентноста е сосем нелогичен. Жртвата може во осама на собата на Архивот да види кој бил неговиот кодош. Но со тоа сознание потоа треба да си оди дома и да молчи, односно да остане без можност за катарза. Токму во тој случај , во случај на катарза значи, можеби “ некој ке посака да убие некого“. А катарзата може да настане само кога јавноста морално ке го осуди лицето кое кодошело, бидејки во тој случај, јавноста на жртвата и го враќа она што еднаш и го одзела-правдината. Конечно, во земја со ова историја на ужасни подземни градови од кодоши, и ужасно блокирана идеја за макар и мала провокација на поредокот, сосема е невозможно да биде смртно ранета гордоста на кодошите на минатиот систем. Сепак, тие ќе мора нешто да проголтаат, па нека голтнат по ѓаволите! Што се на се наголтале другите во нивно име , подвлекува во својата “ комунистичка интима“ др. Јасна Котеска, констатирајки дека досието на нејзиниот татко, големиот македонски поет Јован Котески, изминативе неколку години ги читала и анализирала како “ биографија“ на тајните служби и нашата паланка.